|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Како да го намалите јадежот по убод од инсект?

Редакција Рингераја, 15.7.2023
Ве касна инсект. Најверојатно ве нападнал комарeц. Тоа можеби и не би било потребно да се спомнува доколку не се појавеше мал оток и оној здодевен јадеж (чешање)
Клучни зборови:

image
/11


Неколку едноставни совети

Ве касна инсект. Најверојатно "ве нападнал" комарeц. Тоа можеби и не би било потребно да се спомнува доколку не се појавеше мал оток и оној здодевен јадеж(чешање).

 

Што да направите за да го намалите чешањето? Погледнете неколку едноставни совети.

 

Нанесете мраз

Едноставен домашен лек против јадежот предизвикан од убод или каснување од инсект е поставување на мраз.

 

Мразот помага во намалување на отокот околу местото на убод. Воедно тој помага и во намалување на осетливоста во соодветната регија дополнително намалувајќи го непријатното чувство на чешање.

Не се чешајте!

И покрај тоа што чешањето дава моментално подобрување, на подолги патеки ќе ви направи поголема штета, отколку што ќе имате корист.

Со чешање ризикувате настанување на инфекција на местото на каснување. Исто така, чешањето го намалува времето на заздравување, правејќи јадежот да се провлекува подолго време. Во крајна мера може да си предизвикате повреди на кожата, па дури и крварење.

Крем или лосион

Нанесете лосион каламин(кој е мешавина од цинк оксид и железо оксид) и има антипруритично дејство. Овој лосион може да го нанесувате секогаш кога ќе почувствувате чешање.

Може да употребите и хидрокортизонски крем, кој има антиинфламаторно дејство. Овој крем го намалува црвенилото околу убодот, воедно намалувајќи го и јадежот. Сепак не се препорачува негова употреба ниту пречесто ниту предолго.

Антихистаминици

Овие лекови исто така може да помогнат. Некои од нив се достапни во аптеките без рецепт, во вид на таблети или креми. Прашајте во најблиската аптека или пак консултирајте се со матичниот лекар.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Кортикостероиди за дерматолошка примена
Кога ќе се спомне кортикостероид, кај родителите веднаш се појавува страв, недоумица и се поставуваат безброј прашања - ...
5
Прекин на доењето - I дел
Одбивањето е дел од природниот тек на доењето и една од многуте стапки во растењето на детето и одделувањето од Вас. Сла...
4
Најубави мисли за бебињата
Најубавите, некогаш кажани, мисли за бебињата. Ќе Ве разнежнат...
4
Најубави имиња за девојчиња по ваш избор
Ги повикавме мајките на Facebook да ни кажат кои им се омилени имиња за девојчиња. Еве го нивниот избор
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?