|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Како да ги сочувате децата од болести?

Редакција Рингераја, 27.3.2015
Да се сочуваат децата здрави во тек на есенскиот и зимскиот период, не е лесна задача за родителите, особено ако децата посетуваат градинка или одат на училиште, каде се изложени на широк спектар на бактерии и вируси

image
/11


 

 

Иако можноста дека детето ќе се разболи е голема, се уште постојат начини како да се намали таа можност и Вашите деца да се спротивстават на некои болести.

 

Добра хигиена

Многу мајки можат да посведочат дека добрите хигенски навики се императив за зачувување на здравјето кај децата. Многу е важно да го научите детето да ги мие рацете секој пат по враќањето дома од градинка, училиште, или од детското игралиште. Некои мајки практикуваат користење на влажни марамчиња додека се со детето на места во кои престојуваат повеќе луѓе.

Еден корисен совет и исто така да го пресоблечете детето по враќањето од градинка или училиште во домашни алишта. Секако, треба да го научите детето да  ги мие рацете пред секој оброк, да го брише носето со марамче за еднократна употреба кое потоа ќе го фрли и кога ќе кашла тоа да го прави во марамче или барем во ракавот од блузата, а не во своите дланки.

 

Свеж воздух

Обидете се да си играте на отворено со децата секогаш кога е тоа можно. Свежиот воздух му користи на здравјето, а тоа се однесува на прошетките во природа, или на редовно проветрување на домот.

 

Храна за јакнење на имунитетот

Хранењето на Вашето дете со храна богата со витамини и минерали, исто така може да помогне во јакнењето на имунитетот и во спречување на болести. Бирајте продукти кои имаат висок степен на антиоксиданси и во исхраната вклучете многу овошје и зеленчук, особено богато со витамин Ц, житарици збогатени со цинк, масло од лен (одличен извор на омега 3 масни киселини) и лук.

 

Додатоци во исхраната за јакнење на имунитетот

Некои педијатри препорачуваат мултивитамини за јакнење на детскиот имунолошки систем. Обично таквите препарати почнуваат да се даваат на почетокот на есента, а можат да се најдат во вид на таблети, сируп и прашок. Но секако, треба да бидат препорачани и правилно дозирани од педијатар. За јакнење на имунитетот исто така постојат и природни препарати, како на пример прополис, кој може да се дава по првата година од животот. Секако, најпрво треба да проверите дали детето е алергично на мед.

 

Пробиотици

Пробиотиците исто така може да го поттикнат јакнењето на имунолошкиот систем, а се користат за здрава микрофлора. Децата се многу подложни на промени во цревната микрофлора, па затоа можат да ја изгубат рамнотежата на цревата, што резултира со промени во столицата. Пробиотиците се наоѓаат во цревата на детето. Ако се додадат во исхраната  потпомагаат во одржување на пореметеното функционирање на цревата. Најчесто се користат по терапија со антибиотици, пречки во варењето на храната и во случај на стрес.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Не ги притискајте мајките да дојат. Опасно е!
Јас сум советник за доење. И додека некои можеби ќе имаат срце - трогателна приказна за тоа колку се успешни во доењето,...
4
Каков треба да биде првиот разговор со пед...
Тргнувајќи уште за првиот прием кај педијатар, секоја мајка би сакала да знае каков лекар ќе има нејзиното дете
3
Готвач за бебе
Кашички од зеленчук од 6 – 8 месеци
3
Како да знаеме дали бебето е гладно?
Ви носиме листа на едноставни сигнали кои можат да ни помогнат да дознаеме дали бебето е премалку односно премногу нахра...
3




Анкета

Кога прооде вашето малечко?
Jana9

Кога прооде вашето малечко?

0-12 месеци (36%)

12-24 месеци (64%)

24-36 месеци (0%)


Број на сите гласови: 22

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!