|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Како да ги отстраните брчките со еден потег?

Philips, 6.3.2018
Како жени, поминуваме многу време во грижа за нашиот изглед. Брчките станаа универзален непријател со кој се бориме преку разни типови на продукти и третмани на лицето. Како и да е, денеска сакам да зборуваме за поинаков тип на брчки

image
/11


Брчките на нашата гардероба и како се бориме против нив.

Верувајте ми, борбата е вистинска и тешка!

Во овој текст ќе го споделам моето искуство со пеглањето.


Секоја од нас има свој стил на пеглање: некои ја земаат гардеробата собрана после неколку пуштени машини за перење и пеглаат сè одеднаш (чаша вино или чај со пеглањето? Зошто да не?)  другите пак ги пеглаат само алиштата што им се потребни во моментот. Некои преферираат да пеглаат пред телевизор за да се релаксираат, а други пак сакаат да испеглаат сè набрзина и да завршат со оваа рутина. Јас никогаш не сум била голем фан на пеглањето, но моја опсесија секогаш била гардеробата да ми изгледа совршено.

Сите вие кои го имате изгорено вашето омилено парче гардероба и материјалот од блузата се истопил кога сте биле во брзање поради високата температура на пеглата, читајте внимателно:

Заборавете сè што знаете за пеглањето!

Пред некое време решив да инвестирам во добар парен генератор по препорака од пријателка и го напишав овој текст како помош за сите вас кои се мачите како мене со пеглањето:

Што е парен генератор? Сличен е на пегла, но, водата е во посебна база на страна од пеглата и основното правило на работа е тоа што испушта моќна пареа која навлегува во гардеробата и на тој начин ја пегла. Водата се претвора во пареа и се движи кон пеглата. Со обичните пегли пеглањето се одвива најмногу благодарејќи на топлата плотна. Доколку имаат опции за пареа, најчесто треба да ја надополнувате пеглата неколку пати пред да успеете да завршите со пеглањето и плус, секако остава траги на гардеробата. Со новиот парен генератор, поради тоа што има голем резервоар за вода од 1.8 литри, не го прекинувам пеглањето и немам потреба од дополнување со вода што навистина ми значи. Зафаќа повеќе простор и целиот парен генератор е потежок, но, самата пегла е многу полесна од стандардните пегли и лесно се движи преку гардеробата.

1

 

2

 

Со Philips парниот генератор не постои можност да ја изгорите вашата гардероба додека пеглате! Како е тоа возможно? Дозволете да ви објаснам.
Се случува да направите изгореници на гардеробата. Ќе ве побараат на телефон, некоја друга ситуација ќе ви го одземе вниманието и ќе ја заборавите пеглата врз облеката предолго. Или пак, ќе сетирате погрешна температура за гардеробата која ја пеглате. Ова ми беше најголем проблем со пеглањето! Премногу голема температура прави изгореници, а доколку не е доволно голема температурата, пеглањето не е завршено како што треба...

Купив парен генератор од Philips затоа што пишуваше дека гарантираат пеглање без изгореници, поради специјалната технологија која ја развиле. OptimalTemp ја држи плотната на пеглата со константна температура која не може да создаде изгореници ниту кај деликатните парчиња гардероба, а ја контролирате само количината на пареа како помош при пеглањето! Генијално!

 

Вистински помошник на мојот гардеробер. Оваа технологија постои само кај Philips парните генератори, токму поради тоа го спомнувам брендот во овој текст.

 

3

 

4

Опис на фотографии: Полиестер, памучно здолниште, волна..

5

 

6

 

7

 

Зборувајќи за пареата, како што реков, можете да користите малку пареа за обично пеглање или постои можност за појачување на пареата при што парниот генератор исфрла моќна пареа (се мери во грамажа и колку повеќе грама, толку е помоќна пареата). Мојот парен генератор има 490 грама количина на пареа, што беше најмоќната опција кога бирав кој парен генератор да го купам. Благодарение на пареата го користам парниот генератор и за вертикално пеглање: навистина корисно за пеглање блузи со украси кои не можете да ги пеглате на даска, за освежување на палта и костуми, дури и за отстранување на мирисот од цигари и храна!

 

6

 

7

 

8

 

Девојки, да бидам искрена никогаш не верував дека пеглањето ќе биде тема за која зборувам со волку возбуда, но парниот генератор со моќната пареа и технологијата која не дозволува изгореници на гардеробата навистина помага да не се грижите како ќе ја поставите пеглата на вашиот омилен фустан или кога сакате да се „исклучите” и поминете еден час во непречено пеглање и одмор на мозокот.

Инвестирав и го купив најдобриот парен генератор од Philips серијата, но имаат различни модели со OptimalTemp технологијата, па доколку сте заинтересирани погледнете ја нивната веб страна  или веб страниците на Нептун и Сетек.

 

Александра Јовановска

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Највисоко ниво на хигиена за вашето семејс...
Пролетта редовно ја дочекуваме со планови, меѓу другото, за генерално чистење на домот со кое дефинитивно ќе и кажеме зб...
6
Создадете подобар живот
Својот живот го заробувате во негативни мисли и енергија ако го трошите на она лошо што може или би можело да се ...
2
Во шопинг по совршена венчаница
Што треба да имате на ум…( 6 совети за купување венчаница)
2
Може ли да ослабам, ако дојам?
Запомнете: за време на бременоста вишокот килограми не сте ги добиле преку ноќ, затоа и сега не очекувајте дека можете ...
2




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?