|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

ЈЈанушка: Мојата породилна приказна

Редакција Рингераја, 13.10.2010
Моментот кога јас се претворив во “ние”

image
/11


Моментот кој го очекувате цели девет месеци, а едвај чекате да помине. Моментот за кој живеете и мечтаете цел живот, а кога ќе дојде - умирате од страв. Единствениот момент во кој сите болки, солзи, стравови и трепети ви ја носат најголемата среќа во животот.

ВАШИОТ момент на породување!

 


Детали

Ник: ЈЈанушка

Датум на породување: 03.09.2009 година

Тип на породување: природно

Болница: Државна болница

 

 

...........Не бевме долго време во брак но читајки по некои страници на интернет за неможноста некои парови да добијат дете самите себеси си носевме во срцата доза загриженост. Секако тоа го криевме еден од друг-голема грешка во бракот кога треба да споделуваш се. Со трошка надеж станував рано науро да направам тест па легнував криејки ги солзите од сопругот и како растеше болката во мене и  загриженоста во очите на мојата прва и единствена љубов така растеа и проблемите. Секоја ситница можеше да не налути и доведе во ситуација да се караме....и патевме, двајцата патевме носејки ја најголемата желба на секој кој стапил во брак од љубов. И во еден миг заборавивме на се баш кога си реков нека биде како е пишано тестот покажа две цртички. Таа вечер бев најсреќна, во мене се родија милион нови прекрасни чувства .

И јас ке бидам мајка си велев себеси и постојано го гушкав сопствениот стомак, застанував пред огледало да видам колку сум се поправила, сонував за денот кога тоа мало сонце ке го држам во својата прегратка, дури имаше и мигови кога ке останевме ние сами па му шепотев. Кон крајот на 4 месец добив болки кои толку многу  ме исплашија што се плашев да се движам како претходно.

....Терминот ми беше поминат веке една недела па докторката реши да ме остави во болница под постојан надзор ,нешто што многу го израдува маж ми кој постојано мрмореше кога тој ке можел да го гушка бебето. Тоа утро кога докторот рече денес ке те породиме почуствував страв кој за миг исчезна кога започнаа болките затоа што си помислив па можам да издржам, но тоа беа само почетни болки....одев колку можев наваму-натаму по скалите но не можев да издржам па побарав епидурална анестезија.

Кога сестрата ја крена високо пред мене како да ме посипа со најголемата срека во животот а кога ја стави на мојот стомак солзите веке не беа од болка или страв туку радосници. Имам керкичка ,ја сакам, ја сакам, повторуваше некој глас во мене. Кога ќе рече мама исчезнуваат сите проблеми, сите таги и болки во животот останува сама таа мала принцеза со нејзините потреби и желби, а јас сум најсреќната мајка на светот  која е покрај неа. На децата им даваме љубов дом и крилја а јас ке бидам секогаш тука со својата безусловна љубов да ја научам да чекори храбро во животот......Таа ме исполнува, ме радува, таа е моето сонце, мојата мала прицеза која не престанувам да ја бакнувам, со неа секој ден учиме по нешто ново и јас сум толку благодарна на Господ што и во моите прегратки испрати толку скапоцен подарок

 И посакувам на секоја жена да ја почувствува оваа љубов во своето срце и овој благослов во своите раце.

 

 

Рингераја и посакува среќно детство на ќеркичката на ЈЈанушка !

 

 

Сакате да ни ја испратите вашата приказна од породувањето?

Прочитајте како во статијата Породилни приказни.

Меган Маркл е бремена
Принцот Хари и Војвотката од Сасекс, поранешната актерка Меган Маркл, објавија дека го очекуваат нивното прво дете
11
Хормон на бременоста – hCG
Клетките на растечкиот ембрион започнуваат да лачат хормон наречен хуман хорионски гонадотропин или hCG, супстанција кој...
7
Детето развива јазични навики пред да се роди
Гласот на трудницата развива јазични навики кај нејзиното неродено дете, открија научниците од медицинскиот институт во ...
5
Крварење во првото тромесечје од бременоста
Крварењето во првото тромесечје од бременоста е знак дека постои некаков проблем.
5


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:



Анкета

Имиња
Максо

Најпопуларните имиња за 2016

Максимилијан (17%)

Лукијан (9%)

Симон (12%)

Калин (16%)

Филип (34%)

Кристијан (12%)


Број на сите гласови: 179

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!