|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Јазикот - прозорец кон светот

Барбара Синадиноска, 7.10.2011
Втор чин

image
/11


 

ПРВ ЧИН

 

ВТОР ЧИН

 

(Се случува во автобус. На сцената има четири столчиња наредени во два реда по две. Тивко свири радио. Јана и Мила седат во првиот ред, а Филип и Давид назад. Јана спие.)

 

Филип:

(Пее, гласно)

Мајсторе, мајсторе

притисни на гас

претекни, претекни

се' што е пред нас.

 

Давид:

Чудно. Никогаш не сум патувал со автобус на толку голема релација. И иако Филип нон-стоп скока и ме ниша, воопшто не ми се слоши.

Мила:

Едвај чекам да стигнеме. London, voici que je viens (Гледа во Јана.) Како може да спие при толку џагор? Од спиење нема спомени, Јанаааа. Ќе ја разбудам. (Ја ниша.) Јана, Јана, стани, наместо во Велика Британија Советот на првата училишна екскурзија едногласно одлучи да одиме во Италија. Само што не сме стигнале во Рим, а ти спиеш.

Јана:

(Рипнува од седиштето. Со дигнати раце.) Roma, sto arrivando Ах, ова мора да е сон. Мила, лажеш нели?

Мила:

Што да правам, морав. Ми недостасуваше и морав да те разбудам. Извини другарке моја, знам колку ја сакаш Италија, колку го сакаш Рим. (Молчи извесно време.) Ми текна! Јана, ајде да играме туристички водичи. (Се врти накај момчињата.) Што велите?  Јана, те молам, раскажи ни се' што знаеш за Рим, толку убаво раскажуваш. Ајде Јана, те молаааам!

 

Давид и Филип:

(Возбудени, во еден глас.) И ние те молиме.

Јана:

Добро, но потоа секој од вас ќе раскаже за земјата на јазикот кој го изучува. Важи? (Останатите климаат со главата.)

Се наоѓаме во вечниот град Рим, кој уште го нарекуваат и Градот на седумте рида. Ниту еден град во светот не може да се мери со историјата на Вечниот Град. Основан е пред повеќе од 2700 години и се нарекува Главен град на светот. Најголеми Римски атракции се Колосеумот, Базиликата Свети Петар, Фонтаната Ди Треви која е најпрекрасната бела фонтана на светот. Ако во неа фрлиш паричка, кога – тогаш повторно ќе се вратиш во Рим. Не за џабе се рекло: сите патишта водат кон Рим! Бидете подготвени за гулабите на плоштадот, за серенадите и за најубавите пици и лазањи. Имајте на ум и дека ќе се заљубите. Тоа накратко беше Рим, i miei amici (Почнува песната која е предвидена за италијански јазик. Јана пее, а потоа и се придружуваат и другите деца. Сите аплаудираат откако ќе заврши песната. Јана седнува и го поканува Давид на местото на кое стоеше таа.)

Давид:

(Ја гледа вљубено.) Ти благодарам Јана.

Das ist Berlin (Се чита исто-пр.Ова е Берлин) Берлин е светски град на културата, политиката, медиумите и науката. Оваа метропола е дом на светски реномирани универзитети, спортски настани, музеи, а во него живеат многу познати личности. Телевизиската кула Фурнзетурм на плоштадот Александарплац е втора највисока градба во Европа и од нејзините платформи може да се набљудува целиот град. Оттука ќе ја видите и Бранденбуршката порта, која е исконско обележје на Берлин. Градот има повеќе од 50 театри и три оперски куќи. УНЕСКО го одликува со титулата “Град на дизајнот”. Во Берлин ќе јадеме колбаси во кари сос и Берлинер, а Јана (по пауза) и Мила ќе ги водиме на љубовната парада. Тоа накратко беше Берлин meine Freunde. (Почнува песната предвидена за германски јазик. Давид пее, а потоа се придружуваат и останатите. Откако ќе заврши сите аплаудираат. Давод ја поканува Мила на своето место.)

 

Мила:

Merci mon ami. Париз, градот на светлината. Верувајте, овој великан во Европа оправдано е наречен град на светлината, бидејќи разнобојните светилки засекогаш ќе ви останат во сеќавање. Париз е поделен на повеќе квартови кои се развиле околу островот Сите на реката Сена. Ридот Монмартр е место каде се создадени голем број уметнички дела, бидејќи таму живееле најпознатите светски сликари Салвадор Дали, Клод Моне, Пабло Пикасо и Винсент Ван Гог. При кратка пловидба по Сена може да ја видите катедралата “Нотр дам д' Пари” на која се забележува долгата и бурна историја. Ако на секоја слика, која е изложена во Музејот “Лувр” и посветите три минути, ќе ви бидат потребни 6 месеци за да ги видите сите. Заштитниот знак на Париз, Ајфеловата кула е изградена во чест на 100 годишнината од Француската револуција. Јас и Јана ќе одиме на шопинг во “Зара” , “Манго” и “Коко Шанел”, додека Филип и Давид ќе го јадат францускиот специјалитет - мувлосано сирење. (Мила и Јана се смеат, а Давид и Филип ја гаѓаат со топчиња направени од лист хартија. Почнува песната предвидена за француски јазик. Мила пее, а потоа и сите со неа. Откако ќе заврши аплаудираат. Мила се поклонува.)

Мила:

(Покажува со прст накај Филип и почнува да пее и  игра.)

Анушка, Анушка, моја дјевушка

викаат голема била Русија

Анушка, па нека е, нек е голема

а, не е толку колку љубовта.

 

Филип:

Мошне интересно, браво.

(Додека раскажува Филип, во позадина тивко свири песната Анушка)

Дорогие друзья, мы в Москве. Москва е еден од најголемите градски економии во Европа. Нејзината архитектура е позната во целиот свет. Најпознати се црквата Свети Василиј со своите разнобојни куполи, катедралата на Исус Спасителот, Сталиновите облакодери и Московскиот Кремљ. Главна атракција на Москва е Црвениот плоштад каде што се лоцирани Кремљ, црквата Свети Василиј, Мавзолејот на Ленин и многу други мали манастири. Оттука може да се види и најголемиот хотел на светот – хотелот Русија како и седиштето на Вселенскиот партијарх – црквата на Исус Христос. Покрај Црвен плоштад се нарекува и  ''Краснаја плошчад''. Таму ќе јадеме руска салата со топли лиснати кифлички, а кога ќе пораснеме ќе се напиеме по една Бољшои вотка.

(Сите аплаудираат.)

Мила:

Ова го научи од професорката по руски, или Анушка ти го раскажа?

(Се смеат)

Давид:

Колку убаво. Научивме по нешто од сите култури и по некој збор од сите јазици. Ова патување нема никогаш да го заборавам.

Јана:

Другари, видете, на онаа табла пишува Лондон! (Сите божем застануваат крај прозорецот.)

Филип:

Мајсторе, ооо мајсторе. Стигнавме ли во Лондон?

Мила:

(Го вади огледалцето и си ја поправа косата. За себе.) Од другиот автобус ќе излезе Александар. Мора да бидам убава.

Јана:

Te amo Londra.

(Сите скокаат од радост. Ги земаат ранците и трчајќи излегуваат од автобусот.)

 

 

Продолжува...

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Детето и пеперутката
Детски песнички
5
Здивот на пролетта
Детски песнички
4
Легенда за Велигденското зајаче
Велигденското зајаче е едно од најраспространетите и најпознати симболи на Велигден. Како се родила идејата за зајачето ...
4
Орел и чавка
Детско катче
3




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?