|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Јас сум најлошата мајка на свет?!

Редакција Рингераја, 11.12.2014
Мислите за "лошата мајка", која нема доволно време за своето дете, порано или подоцна ќе се вовлечат подмолно во мозокот на секоја жена...Дали и вие мислите дека сте "најлошата мајка на свет"?

image
/11


 

Чувството дека, заради динамиката во секојдневниот живот, децата се запоставени и нема време за дружење со нив, му е познато на секој родител. Сепак, не е важен квантитетот, туку квалитетот на комуникација со детето. Колку повеќе позитивни емоции доживува мајката, толку е подобро и за детето. Но,  мислите за "лошата мајка", која нема доволно време за своето дете, порано или подоцна ќе се вовлечат подмолно во мозокот на секоја жена. Кај некои тоа е во помал степен, кај други - во поголем и често мајките, давајќи се од себе, се прекоруваат дека се лоши мајки. Повторена или размислена неколку пати, оваа фраза се вгнездува во главите и предизвикува чувство на вина, а потоа и неувереност, депресија, лошо расположение и самодоверба, од кое страда не само мајката, туку и детето.


Сакам да бидам

Обично во психотерапевтски барања зборот "да бидам" смее да се користи во 2 значења - или "сакам да бидам со некого" или "сакам да бидам некој (било во моментов не сум)", што значи "сакам да одговарам на било какви одредени критериуми, стандарди ". И ако критериумите одговараат, тоа значи дека вие сте она што сакате да бидете. Но, тука е местото да се праша: Кои се овие критериуми? Кој ги наложил? До кој степен тие одговараат на вашата личност и вашиот живот? Дали се тие  усогласени со вашите сопствени цели и задачи? И конечно - како да го постигнете тоа што го сакате? Ако поставувате пред себе слични прашања, тогаш во повеќето случаи ќе се најде и одговор - што треба да се направи, каков пат да се изоди за да станете такви какви што би сакале.


Перфекционизам

Идеални луѓе нема. А и не е потребно да се биде добар само така или поради некого. Замислете - зошто и за кого вие сакате да бидете совршени? Зошто тоа е толку важно за вас? Што ќе се случи ако навистина станете идеалната жена и мајка? Кој и каков вид на систем ќе ве оценува како таква? А и воопшто поимите "добро" и "лошо" сами по себе се недоволно разјаснети. Често, она што е добро за некои е лошо за другите и обратно, според критериумот на оценување. Најлоша опција, која можете да ја изберете за себе е да си поставите цел да станете "добар", заради некој друг. Ова ќе биде тешка задача, која ќе ве натера да избегате од себе и барањето на тоа "добро", нема да ви донесе ништо добро. Како по правило, тоа им се случува на жени кои во текот на целиот свој живот се трудат да докажат дека тие се најдобри. И перфекционизмот ги тера да бараат совршенство насекаде, дури и таму каде воопшто го нема, а и не е потребно. А кога веќе се мајки, со уште поголема упорност се стремат кон него. Тешко и неостварливо е за секоја жена да биде најдобра мајка, кога толку многу проблеми паѓаат на главата нејзина, уште во првите моменти од животот на детето ... Покрај физичката малаксаност, по раѓањето, таа треба да ја прифати улогата на мајка, а многу често воопшто не е подготвена за тоа. И токму тука се појавува расипаната желба да биде одлична мајка. Тоа значи дека таа, не обрнувајќи внимание на огромниот товар од нови обврски, поврзани со појавата на малиот човек, брзо се зафаќа со сите можни домашни дела истовремено. Притоа таа се труди не само да се грижи идеално за детето, но и во домот да блеска од чистота - зашто дома има мало дете. Се труди  да приготви здрава храна - бидејќи така е правилно, да обрне внимание на бабите, тетките и сите кои доаѓаат на гости, за да ги видат бебето - зашто така е учтиво и воспитано, а и не на последно место, да обрне внимание и на нејзиниот сопруг - затоа што треба да биде и добра жена. Но човечкиот организам не е машина. Од постојаното неспиење, од силната концентрација на внимание, како и од сериозноста на домашна работа, настапува силен физички замор, како последица на што, во главата се вгнездува  мачната мисла "Јас сум лоша мајка, ништо не знам да направам како што треба, моите пријателки со деца на возраст како моето, се справуваат со сето тоа и изгледаат подобро ". И младата мајка останува со цел куп комплекси и неразрешени проблеми. Разумно е да се праша каде тука се сопругот, нејзините родители, односно луѓето од семејството, кои би требало да и помогнат кога и е најтешко. Но, ако прифати помош, би значело да го признае сопствениот пораз, односно својата неидеалност. И така ден по ден, преживувајќи го сето тоа, мајката без сама да забележи, почнува да станува нервозна, а понекогаш и да вика на детето. Таа веќе не се радува на мајчинството, туку нејзината "неидеалност" станува центар на нејзиниот свет. Неосетно настапува апатија и емоционален отпор. Се наоѓа во маѓепсан круг, каде постепено тоне и исчезнува како личност.


Улогата "мама"

Чувството за неувереност во сопствената сила и стравот дали ќе се справите, исто така, може да биде причина за појава на мисли дека сте лоша мајка.
Што може да се направи, кога веќе ништо не може да се направи, а и не останале многу сили за тоа?


1.  Прво треба да се смирите

Сите жени кои имаат деца, некогаш исто така почнале да се учат од нула. Вие не сте лоша мајка, едноставно учите нешто ново - да бидете мајка на своето дете. Ова исто така е предмет на учење, како и секоја друга дејност или професија. Ако се соочувате со тешкотии, побарајте помош од вашата мајка, од пријателка која има поголеми деца од вашите, од книгите, форумите, од курсеви или училишта за родители или од специјалист, ако е потребно. Така ќе се здобиете со повеќе самодоверба, а како што сите знаеме, таа никогаш не е излишна. Често комплексот на лошата мајка се јавува по нетактично мешање на други луѓе или постојаните забелешки на најблиските. На пример мајката и го остава детето  малку на бабата, за да се истушира или да заврши набрзина некоја своја работа, а во пресрет наместо разбирање се соочува со мрморење. И кога неколку пати ќе се соочи со таков однос, уште повеќе во момент кога и хормоните се уште се измешани по раѓањето, почнуваат да се појавуваат нападни мисли како "јас сум лоша мајка, јас не сум 24 часа постојано со своето дете, како што е кај другите мајки, другите се подобри од мене "... Тоа се мисли, кои ја напаѓаат душата и не даваат спокој. А вреди ли воопшто да им посветуваме внимание? Ако за вас е невозможно да ги прифатите мирно ваквите изјави и да не ги чувствувате како напади, тогаш можете да ја ограничите комуникацијата со овие луѓе до времето, кога ќе бидете подготвени мирно, без скандали и расправии да кажете дека таквите искази се ви непријатни и не сакате да ги слушате повеќе. Улогата на мајка, која ја имате во моментот, не ве осудува да бидете идеална домаќинка, ниту пак да експериментирате и да ги применувате најсовремените методи за одгледување и развој, базирани врз последните достигнувања на педагогијата или педијатријата. Никој не го бара тоа од вас. Сакајте се себе и не се предизвикувајте! За такви постигнувања достојни награди нема, па што е поентата? Улогата мајка, сепак, подразбира многу, многу љубов, безусловна и безгранична љубов и вреди, заради таа љубов да се принесат жртви на сите можни нивоа, како идеално чистење на домот, кулинарски деликатеси во кујната, подвизи и достигнувања над пеглата? Со текот на времето ќе научите да правите грешки, без да страдате од тоа. Нема ништо лошо, ако се стави детето да спие половина час подоцна отколку обично или ако го исчистите подот не два пати, туку само еднаш. Кога детето ќе ви порасне, тоа едвај ќе запамети колку темелно биле испеглани блузите и  по каква методологија го учеле да чита и пишува, но секогаш ќе се сеќаваат на песничката која му ја пеела  мама, на приказната која му ја раскажала, на прегратката во топлите нејзини раце, на насмевката присутна во нејнините очи. И поради тоа светло чувство вреди да се исфрли од животот сè што ни пречи и едноставно да живееме, за да може главниот наш судија, кога ќе порасне, да ни каже "те сакам мамо и ти благодарам за твојата љубов"!

2. Никој не е совршен

Не се споредувајте и не се натпреварувајте со другите мајки - тоа е второ нешто што треба да го направите за да ги оддалечите лошите мисли. Ние сакаме да се споредуваме со другите, а своето дете - со другите деца. Кога споредбата е во наша полза, нашето самољубието е мирно. Но ако видиме дека другата мајка е во подобра позиција од нас, одлично се разбира со своите деца и одлично (според нас) се справува со своите обврски, се јавува сомнежот "дали навистина сум добра мајка?". Секој човек е уникатен и не личи на ниту еден од другите луѓе. Повеќето мајки ги имаат истите проблеми како вашите, само не секогаш тие се видливи за целото нивно опкружување. Нормално, секој човек сака да се претстави надвор во најдобра форма. Но, тоа воопшто не значи дека навистина некој друг е подобар од вас. Постојат илјадници мајки кои поминуваат повеќе време со децата, отколку вие, но исто така има и илјадници мајки кои се многу полоши од вас. Вие можеби не сте најдобра, но не сте и најлоша мајка. Секогаш ќе се најде некоја мајка, за која мајчинството е вокација на нејзиниот живот, а нејзиното дете е уредно и повоспитано од вашето. Но вие не знаете каков всушност е нејзиниот живот и дали навистина сè е толку идеално како што изгледа. Вие сте сосема индивидуална, различна, единствена личност и да правите проценки на различноста и уникатноста е едноставно невозможно.


3. Времето

Еден од главните проблеми, кој го имаат сите мајки, е времето кое никогаш не стигнува, како за работата која чека да биде завршена, така и за одмор, а уште повеќе за семејството. Затоа, научете се да го планирате вашето време и никогаш не штедете време за дружење со децата. При добра организација, секогаш може да се одвои толку време за комуникација со детето, колку што е потребно. Некои деца кои сакаат едноставно да бидат блиску до мама, можат да молчат долго време, пред да одлучат да споделат нешто со неа. И ако таа реагира со "ајде, кажувај брзо зошто немам  време, имам работа", тогаш детето наскоро ќе нема желба повторно нешто да се довери. Обезбедете си доволно време за комуникација со детето. Детето треба да сфати дека време за него секогаш имало и ќе има. За сите останати луѓе мама може да биде секаква, дури дистанцирана, чудна и понекогаш неразбирлива во своите постапки, но за детето секогаш треба да биде достапна, топла и стабилна.


4. Контролирањето на гневот

За да можат вашите односи со детето да бидат полни со хармонија, љубов и топлина, мора да се научите да управувате со гневот и да се справувате со вашата раздразливост. Обично изтормозената и нервозна жена постојано реагира со извици и солзи на секој каприц на детето. Наместо да ги истурате негативните емоции на детето, можете да отидете во другата соба, да искинете лист хартија, да удрите по ѕидот, перницата или нешто друго, додека се смирите. Ако има можност, одете под туш, или барем измијте го лицето со вода. Водата го мие заморот и негативните емоции и го враќа спокојството, колку што е можно. Не треба да им дозволите на негативните емоции да го заземат својот врв.

 

5. Помошта на другите

Не грижете се ако побарате помош. Замолете и дозволете им на блиските ви да ви помагаат со детето, а ако немаат можност или не сакаат, договорете се со бебиситерка која барем еднаш неделно ќе седи со детето неколку часа и ќе ви обезбеди "здив ". Во тоа време вие можете да се бањате, да одите по продавниците, нешто да потрошите, да излезете со другарките или едноставно да испиете едно кафе сама и на спокојство, ослободена од печатот на одговорноста. Не плашете се да изнајмите бебиситерка, макар и на неколку часа, во тоа нема ништо лошо и страшно, вие исто така сте човек и имате потреба од ваш личен простор и тоа во никој случај не ве прави лоша мајка. Користете го секое време за одмор. Обидете се да преспиете барем еден час заедно со бебето. Спиењето е неопходен услов за да може да се зачува мирот, кој толку многу ни е потребен на сите.
На секој човек му треба барем малку време во кое треба да остане сам или да го користи за нешто лично. Дури и мајките на новороденчиња треба да имаат малку време за себе, за да бидат во добро расположение на духот. Потрудете се да си обезбедите такво, па макар и да се само 30 минути на ден, во кои никој не ве загрижува за ништо.


6. Комуникација

Комуникацијата со блиските е од корист и за детето. Така тоа ги добива првите часови по комуникација и разбирање со членовите на фамилијата. Комуникацијата со таткото е не помалку важна за детето, од коминикацијата со мајката. Детето има потреба да гледа како женски, така и машки модел на однесување во семејството. Не го ослободувајте таткото од грижата околу детето и од комуникацијата со него. Обично тој е зафатен со обезбедувањето на финансиската благосостојба на семејството, но детето ви е заедничко и тоа има потреба и од двајцата родители. И ако кај мајките мајчинството е инстинкт, тогаш кај татковците татковството треба да се воспоставува. А тоа се постигнува најдобро преку дружење. Најраспространетите случаи во кои настанува комплексот на лошата мајка, се кога детето поминува повеќе време со баба и дедо, а во тоа време мајката е зафатена со други работи. Ако вие поминувате премногу време на работа, вие не сте лоша мајка, лоша е ситуацијата во која се наоѓате. Понекогаш мајката е единствениот носител во семејството и пред да почнете да се јадете од чувство на вина, погледнете за што станува збор - ако на доходот на мајката се потпира целото семејство и е потребно таа да се врати на работа многу наскоро по раѓањето, чувството на вина и самообвинување нема да доведат до ништо добро. Најдете сили после работа да посветите поголемо внимание на своето дете и радувајте се на моментите во кои сте заедно. Не ги претворајте вашите средби во нешто исклучително, бидејќи премногу ретко се гледате преку целиот ден. Поминувајте ги заедно викендите, занимавајте се со интересни работи и едноставно бидете среќни.


• Не го затрупувајте  детето со премногу подароци. Скапите подароци не можат да бидат компензација за недостатокот на внимание и недостатокот на време за дружење. Крајниот резултат може да биде тоа да стане рамнодушно, очекувајќи се повеќе и повеќе подароци, на кои сеедно, нема да се радува, а во подоцнежна перспектива, имајте на ум дека очекувањата ќе растат, заедно со возраста. Дали тогаш ќе можете да одговорите на нив?


• Ослободете се од чувството на вина! Лоши мајки нема. Тука не ги земаме во предвид наркоманките, алкохоличарките и оние кои ги напуштиле своите деца. Станува збор за нормалните мајки, оние кои ги сакаат своите деца и се грижат за нив. Комуникацијата со детето е многу ефикасен начин за борба со синдромот на лоша мајка. Уште од првите моменти на животот, на малото човече му е потребно да ги чувствува рацете на мама, нејзината прегратка, да го слуша нејзиниот глас. Разговарајте со вашето дете кога го облекувате, кога го храните. Охрабрувајте го со зборови, кога плаче, смирувајте го кога се плаши или е нервозно. Не е толку важно што детето уште не го разбира значењето на кажаното, за него е важно да го слуша топлиот глас на мајката, да го чувствува нејзиното присуство и љубовта. Сето ова ќе и помогне на мајката да се чувствува како "добра мајка", а детето да ја почувствува љубовта и грижата, кои се толку потребни во првите години од животот. И кога детето ќе порасне, ќе знае дека љубовта не значи да владееш, не значи целосно да ги потчинеш своите интереси на него, заборавајќи за себе.


7. Работа

Не се затворајте дома ако имате можност да работите нешто, па иако е на на половина ден. Во нашето општество се смета дека вработената мајка е во подобра позиција од мајката-домаќинка. Ако жената избере да биде само домаќинка, таа го ограничува кругот на комуникација со други луѓе. Нејзините интереси се во втор план, сè се врти околу домаќинството и децата. Не треба да се потценува и финансиската зависност во која таа обично се наоѓа. Во нашата балканска култура на неа често се гледа како на бесплатна куќна помошничка, која секогаш е на располагање, а тоа не е добро ниту за неа самата, ниту за децата. Таквата жена има сè помалку барања, се почесто и е сеедно како изгледа, како е облечена и каква фризура има. А од тука до депресијата има само еден чекор.


8. Професионалната помош

Побарајте помош кај специјалист - ако ништо друго не помага. Не секогаш со блиските  луѓе може да се зборува за личните проблеми и помошта од  психолог може да биде добредојдена. Негативни мисли за мајчинството, од време на време, има кај секоја жена. Тие може да се јавуваат кога семејството е во криза, распаѓање или има напнати односи со роднините и попрецизно со родителите - вашите или оние на сопругот. Ако нивните посети, поради една или друга причина, ви се непријатни, поразговарајте со партнерот и објаснете му сè. Но ако семејството е во криза, ако има постојани кавги и тешкотии во односите, побарајте психолог, со чија помош ќе го надминете тоа искушение. И колку спокојно се однесувате кон сето тоа, толку подобро ќе биде за вас и за вашето дете. Проблеми имаат сите луѓе и тоа дека и вие ги имате, не ве прави лоша мајка. Посетата кај психологот може многу да ви помогне да ја вратите повторно душевната рамнотежа, кога тоа е потребно.


9. Имајте позитивен однос кон животот

Направете колку што може повеќе работи заедно со вашето дете и научете се да бидете среќни заедно. Мама не може да поигра со детето во моментов, но може да го земе со себе таму, на тоа место, каде што таа самата се чувствува среќна. Ако мама сака да вози - една заедничка прошетка со автомобил би била одлично поминување на времето поминато заедно. Ако мама сака (или треба) да готви - на малиот помошник исто би му се допаднало да моделира фигури од тесто на пример, кои потоа ќе бидат испечени, а како ќе се случи тоа - мама сето тоа го знае најдобро.


10. Воспитувајте го детето со позитивен став кон животот

Научете го детето и на она што не може да се купи со пари. Гледајте го заедно зајдисонцето од балконот, нахранете ги птиците надвор, направете снешко во зима и замок од песок во текот на летото, набљудувајте заедно како се одмотуваат гранчињата на дрвјата и како расцутуваат цвеќињата на прозорецот. Правете многу работи заедно со своето дете - освен што ќе научи многу корисни работи, така се формира вкусот кон животот. Научете го детето на добрина и љубов кон животот, бидејќи тоа е токму тоа - да го консумираш со целата негова разновидност, да се радуваш на малите нешта и едноставно да бидеш среќен. И не на последно место, вашето дете има потреба од среќна мајка и ако таа навистина се научи да биде среќна, може да се смета дека е најдобрата мајка, која му дала на детето сè што му е потребно за да биде среќно и тоа.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Итар Пејо и селаните риболовци
Македонски народни приказни
5
Раст и развој на детето
Сложеноста на развојот на секое дете се состои во развојот на обликот и видот на способностите, како што се: моторни, ем...
3
Како да знаеме дали детето е левучар ?
Како да го учиме да пишува, црта, сече…ако сме десничари?
3
Тест: Како да препознаете мал генијалец?
Ако Вашето дете има вонсериски потенцијали, овој тест ќе Ви помогне да ги препознаете. Секое дете има посебни, само нему...
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?