|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Јас не растам само син, туку иден сопруг и татко

Редакција Рингераја, 1.6.2018
Отсекогаш знаев дека ќе родам син. Тој е мојот универзум, мојот свет, мојата љубов, мојата радост, мојот живот, мојата сила, моите крилја и мојот сон. Тој е бестрашен и умен
Клучни зборови:

image
/11


Тој е дете на природата, зелена трева, одрани колена, високи дрвја, брзина и сила. Тој е сè што никогаш не сум била.

Навидум недопирлив и независен, вистински мал волк, Вук е дете полно со љубов, големо срце и нежна душа. Душата нежна како свила, поранлива отколку што сакам, искрен поглед и топла прегратка.

Мислам дека понекогаш премногу се давам како мајка. Се прашувам дали го сакам премногу, дали го бакнувам премногу или обрнувам премногу внимание на него? Треба ли да му дозволам на да го посакува мојот допир и мирис, да почувствува осаменост и да сака блискост? Ми кажуваат како е момче и дека можам да го сакам толку многу. Тој мора да биде маж, за да стане цврст. Кога тој плаче за ситница, ги гледам погледите на другите мајки, кои ми кажуваат: „Викни на него, не може да плаче! Тој мора да биде силен маж!" Истите тие мајки, истите тие ставови, до себе имаат сопрузи, татковци и синови, кои не им даваат внимание, а можеби и не доволно љубов и почит. Сите тие сакаат да бидат прегрнати и бакнати. Сите од нив се повикуваат на два збора: „Те сакам! Те сакам мамо, те сакам жено, те сакам, ќерко!"

Како можат тие исти мажи да научат да сакаат и бакнуваат, ако не им даваме бакнежи и прегратки?

Како истите тие синови да ги почитуваат вашите потреби, ако вие нивните сте ги туркате под тепих за да ги направите „вистинските мажи" ?!

Како вашите ќерки ќе бидат среќни, задоволни и сакани, ако јас мојот син го восиптам дека љубовта не е важна и се дозира ... Дали ќе дојдете на мојата врата да ме честитате дека станал маж, кога вашата ќерка ќе плаче на вашето рамо, бидејќи не е сакана и не е ценета?

Дали воопшто размислувате за тоа?

Јас не растам само син, туку иден сопруг и татко, пред сè човек. Не сакам да стане празен и моќен, но храбар, уверен и исполнет. Љубовта што му ја давам, сакам да ја носи низ животот како штит од лоши луѓе, тешки облаци и матен дожд. Нежноста што му ја давам, сакам да научи да ја дава на оние кои вредат. Бакнежите кои несебично му ги делам, сакам да ги запамети, да ги притисне во себе, за деновите кога јас нема да бидам таму да му подадам рака, допир, дури ни збор. Сакам само едно - да научи да се цени себе си и животот што му е даден, за да не ја пушта празнината, осаменоста, гордоста. Сонувам дека утрата му почнуваат со насмевка, а вечерите завршуваат со чувство на мир, среќа и исполнување. Сакам неговиот пат да биде чист, покриен со камења од искрени соништа што водат зад виножитото и дека неговата рака и душа никогаш не се празни. Сакам неговото срце да расте, за да може да се сака себе си и другите. Сакам да научи дека близината на природата, е како воздухот, да не се плаши да се предаде и ако изгуби една битка, да знае дека сето тоа се случило, со цел да победи во следна.

На крајот, не ми е важно што ми кажуваат вашите очи. Не ми е важно што вашите усни ме опоменуваат. Не ми е важно што сите вие мислите поинаку. Нема книга, ни запис на овој свет, што може да ме убеди дека има премногу љубов во едно суштество. Впрочем, важно е што сакам тебе да ти кажам, драг мој ...

Сине, знам, ќе има пропуштена љубов, лоши денови, неправедни луѓе. Едно те молам, не престанувај да се сакаш себе си. Не престанувај да веруваш во љубов. Не согласувај се во својот живот на нешто помалку од она што ние ти го даваме како дете. Животот е еден, фразата е клише, но е навистина точна. Ти си еден. Ти си мој. Ти си наш. Сега и засекогаш. Летај високо, скокај, не дозволувај да паднеш без цел! Стани, продолжувај и пркоси! Пркоси му на ветерот, дождот, бурата. Живеј за да го почувствуваш својот живот, не дозволувај да одиш, не се свртувај кон туѓи патишта. Гази по својот пат и сонувај ги твоите соништа. Кога е тешко, прифати го она што го носиш во твојата душа, насмевни се, сврти се и оди. Биди шума, густа и непокорлива, биди вода, биди оган. Биди волк.


Автор: Кристина Митриќ

Зошто строгите мајки одгледуваат поуспешни...
Постојаните приговарања од вашата мајка од кои ве боли главата, всушност ќе ве направат подобра и поуспешна личност во ж...
23
Грицкање на ноктите
Грицкањето на ноктите е чест начин со кој децата се ослободуваат од интензивните, но минливи напнати ситуации кои им се ...
10
Што кога детето се плаши од фризер?
Викање, плачење и тргање се најчестите “несакани ефекти”, кога родителите ги носат своите деца за потстрижување во фризе...
4
Дали изложувањето на сонце е здраво?
На сите им е веќе добро познато дека ултравиолетовите зраци од сонцето се многу штетни за здравјето и за предвременото с...
4


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:



Анкета

Koe ime e poubavo?
Axel

Koe ime e poubavo?

Samoil (29%)

Aleksandar (71%)


Број на сите гласови: 214

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!