|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Јајцата во фрижидер или на собна температура?

Редакција Рингераја, 17.9.2013
Прашањето како да се чуваат јајцата циркулира низ главите на луѓето од цел свет. Со цел да се реши старата дебата – јајцата во фрижидер или на собна температура, од Daily mail е покрената студија која има за цел за открие што е точно...

image
/11


 

 

Постојат несогласувања во врска со прашањето дали јајцата да се чуваат во фрижидер или на собна температура. Америкаците обично имаат тенденција да ги чуваат јајцата во фриждер со цел да им го зголемат рокот на траење и да спречат бактериска контаминација. За разлика од нив британците најчесто ги чуваат јајцата на собна температура. Разликата помеѓу начинот на кој американците и британците ги чуваат јајцата може да се припише на неколку фактори, како што се различните маркетинг прописи во секоја земја. Со цел да се реши старата дебата – јајцата во фрижидер или на собна температура, од Daily mail е покрената студија која има за цел за открие што е точно.

 

Зошто американците ги чуваат јајцата во фрижидер?

За американците чувањето јајца во фрижидер не е едноставно прашање на вкус – тоа се прави со цел да се спречи ширењето на салмонела. Според американската прехранбена и лекарска администрација, во САД се регистрираат околу 142,000 болни секоја година, кои јаделе јајца заразени со салмонела. Во САД не е задолжително вакцинирање на кокошките против салмонела, но 1/3 од фармерите ги имунизираат самоиницијативно.

Заради ваквата политика и практика, чувањето на јајцата во фрижидер е императив. На тој начин се минимизира ризикот од загадување и се зголемува рокот на траење.

За разлика од американците британските закони наложуваат кокошките да бидат вакцинирани против салмонела. Велика Британија има преземено мерки во 1988 година, со цел да ја спречи појавата на салмонела.  Националната програма за заштита од салмонела го спречува маркетингот на јајца со непознат здравствен статус.  Сепак кај британците владее поделено мислење за тоа дали јајцата да се чуваат во фрижидер.

 

Зошто во Британија јајцата се чуваат на собна температура?

Поборниците за оваа практика укажуваат на тоа дека ладењето на јацата е бескорисно за безбедноста и го уништува нивниот вкус.

Свежо и здраво јајце може да стои на собна температура 7 дена, изјавува Тим Хејворд водител на програма на BBC радио и колумнист во Financial Times.

Исто така, супермаркетите во Европа ги чуваат јајцата на собна температура, а не во фрижидер. “Јајцата воопшто не треба да бидат во фрижидер пред продажба на крајниот потрошувач. Студените јајца оставени на собна температура кондензираат, што го олеснува растот на бактерии на лушпата, а веројатно и во јајцето”, се вели во регулативите на ЕУ.

За решавање на оваа дебата екипа на Daily mail отиде во западен Јоркшир, во опремени тест лаборатории со цел да се направи споредба меѓу американскиот и британскиот начин на чување на јајцата.

Едно пакување јајца беше чувано на собна температура меѓу 20-25 C, а друго пакување беше ставено во фрижидер на температура од 6 C. Овие примероци беа постојано тестирани за бактерии како што се E. coli, Salmonella, и Listeria.

Резултатите од студијата покажаа дека и на двете пакувања со јајца имаше подеднакви бактерии – во текот на 14 дена, колку што траеше студијата. Не постои предност во одржувањето на јајцата во фрижидер, за разлика од нивното складирање на собна температура.

Во крајна линија: заради разликите во одгледувањето на кокошките (нивното вакцинирање против салмонела), се препорачува американците да ги чуваат јајцата во фрижидер, а британците можат да бидат сигурни без разлика кој метод ќе го изберат дека е сосема безбеден.

 

Извор: Medical daily

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Прв пат во МК: Ѕвезда на бебе календар за ...
Драги родители, не ги пропуштајте моментите на среќа и чиста радост со вашите малечки, зачувајте ги тие спомени како неш...
3
Целосно повивање на бебиња - да или не?
Традиционалното целосно повивање на бебињата повторно се враќа како тренд меѓу младите мајки, но експертите нагласуваат ...
3
Доењето и предвреме роденото бебе?
За повеќето нови мајки доењето е нешто што очекуваат да се случи како последична врска на раѓањето, но како е во случајо...
3
Месо во исхраната на доенчето
Колку пати сте се запрашале дали Вашето доенче е подготвено да прифати производи од животинско потекло? Постои ли најдоб...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?