|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

иванасара: Мојата породилна приказна

Редакција Рингераја, 23.7.2012
Моментот кога јас се претворив во “ние”

image
/11


 

 

Моментот кој го очекувате цели девет месеци, а едвај чекате да помине. Моментот за кој живеете и мечтаете цел живот, а кога ќе дојде - умирате од страв. Единствениот момент во кој сите болки, солзи, стравови и трепети ви ја носат најголемата среќа во животот.

ВАШИОТ момент на породување!

 

Детали

Ник: иванасара

Датум на породување: 09.05.2009 година

Тип на породување: природно

Болница: Штип

 

 

Мојот случај е еден од ретките. Терминот ми беше до 9. мај а мене на 8. мај ми пукна водењакот. Се ми беше подготвено и бидејки живеев во Радовиш од матичната имав земано упат за во Штип, бидејќи сакав таму да се породам. Кога пристигнав во Штип дежурен докотор беше оној кај кого одев цела бременост на контрола. Ме прегледа и ми кажа дека е рано уште но подобро би било да останам во болница. Маж ми остана во Штип кај моите...

Ноќта почнав да добивам болки кои стануваа се посилни. Утрото пред да си замине мојот доктор ме прегледа уште еднаш и кажа оти сум само два прста отворена, ми направи и ехо и цтг и кажа дека со бебето се е во ред. Подоцна околу 9:00 часот ме повикаа во сала. Докторката што беше на смена нареди да ми направат цтг а јас имав многу јаки болки во половината, но сепак не испуштав ниту глас. Не успеа на тоа цтг ништо да направи, се расипало нешто па донесоа друго. Во меѓувреме го видов маж ми со моите како пристигнува. Тогаш докторката ми кажа дека бебето било мртво....ме исплаши...Па како може така кога до пред два часа се беше во ред....тогаш и кажаа и на маж ми и на моите... Сите испаничија...Тогаш докторката нареди да ми зедат крв и кажаа дека крвта ми е премногу слаба, но како пред една недела кого ми правеа анализи се беше во ред..

Ми кажаа дека ме носат во Скопје, а јас искрварив од болки... Додека тие подготвуваа документи моите болки беа неиздржливи. Имавме еден пријател кој работеше на трансфузија во Штип и бидејќи не ни се веруваше за моите резултати од крвта, го повикавме. Додека ја чекавме сестрата што ќе доаѓаше со мене во комбето ми зедоа крв во комбето и кажаа дека резултатите се добри, ми ги помешале пред тоа. Маж ми инсистираше да продолжиме за Скопје, така било подобро. Моите тргнаа со кола пред нас, а маж ми се смести кај шоферот напред во комбето,а јас бев назад со сестра која ја повикаа од дома бидејќи беше сабота. Моите болки беа страшни. Кога тргнавме беше  околу 11:25 на пладне, ја слушав само сирената на комбето и кога бевме само на две минути одалечени од болницата  ја прашав сестрата каде се наоѓаме. Ми кажа дека сме кај трговскиот центар во Штип, а јас и кажав дека не можам повеќе. Таа му кажа на шоферот одма да заврти назад бидејќи бебето почнало да излегува.

Пристигнавме во болницата, дотрчаа и докторката и бабицата и уште две-три сестри. Комбето се наполни, јас само напнав два пати и мојата принцеза излезе жива и здрава. И ја пресекоа папочната врвца, ја замотаа во чаршав и ја качија горе. Набргу на носила ме качија и мене. Кога ме изнесоа од комбето маж ми беше покрај мене и имаше многу луѓе кој ми аплаудираа. Сето тоа се случи во 11:35 минути на пладне. Останавме уште 3 дена во болница и си заминавме дома.

Сега мојата принцеза има 3 год и едно многу палаво, здраво и убаво дете која е највредното нешто во мојот живот....

Ете тоа е мојата приказна малку чудна и необична но сосема вистинита...

 

 

 

Сакате да ни ја испратите вашата приказна од породувањето?

Прочитајте како во статијата Породилни приказни.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Трудници, внимавајте на температурата на в...
Колку долго може една бремена жена да плива во море? Дали водата во базенот е погодна за бремена жена? Што е со термални...
6
Медикаментозен абортус
Медикаментозниот абортус е понов метод за прекинување на несакана бременост со употреба на таблети, наместо со хируршка ...
5
Опасни лековити билки за трудници
Некои лековити билки е подобро да се избегнуваат во бременоста. Ви носиме список на тие билки и нивното дејство на орган...
3
Правилна исхрана во 1-то тромесечие од бре...
Здравите промени во исхраната на почетокот од бременоста ќе ви бидат од корист и вас и на бебето. Прочитајте ги нашите с...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?