|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Испoвед: кaкo се спрaвив сo aнксиoзнoстa?

Анонимен автор, 21.1.2016
Вистинска приказна на 30-годишна македонка, напишана за Рингераја.мк

image
/11


 

 

Се викам Лела. Всушност, не е важно како се викам. Се викам како и тебе, ти што го читаш ова во моментов и што ќе се пронајдеш во она што имам да го кажам.

Се викам како што се викаш ти, што ќе најдеш трошка утеха и надеж во моите зборови.

 

Да почнам од почеток. Читајте внимателно, сигурна сум дека многумина ќе се пронајдат во ова што ќе го прочитаат.

Имам само 30 години, мајка сум на прекрасно дете, имам прекрасен сопруг, семејство кое ме поддржува во секој мој чекор и што ми дава надеж за подобра и посветла иднина.

До пред 10 месеци немав ниедна грижа на светот, уживав во секој момент со семејството и пријателите, бев многу дружељубива и постојано насмеана и позитивна, цврста личност која исправено и силно се соочуваше со секој предизвик во животот.

Личност што секогаш, ама секогаш во работите ја гледаше исклучиво позитивната страна. Секогаш за мене чашата беше секогаш половина полна, никогаш половина празна.

Не можам да поверувам колку сето тоа се смени за буквално една секунда...

 

Беше многу убав топол пролетен ден. Како и секогаш, и таа среда седев на моето биро на работа и си ги извршував моите секојдневни задачи. Но она што се случи не го очекував ни во моите најстрашни соништа.

Станав да се напијам вода, во истата секунда ме облеа ладна пот, ми се вкочани левата рака и почувствував ужасно стегање во градите. Срцето ми чукаше илјада на час, нозете не ги чувствував и бев со сигурност убедена дека тоа е крајот за мене... дека моето дете ќе остане без мајка...

Сето ова траеше само неколку секунди, но мене ми се чинеа како да се цела вечност.

Колешката дојде до мене и ме фати за раце, ме седна на столчето и почна да ме прашува што ми е...

„Не можам да дишам, ќе се онесвестам. Многу ме стега во градите, ме боли главата, страв ми е...“, реков и почнав да плачам.

Веднаш ме однесоа на Ургентно. Докторката само мирно ме погледна и ми рече „Не грижи се, ништо нема да ти се случи“.

„Но како знаете без да ме прегледате! Јас не можам да дишам, не можам да стојам, ме стегаат градите, срцето ми чука многу забрзано“, реков јас и повторно почнав неконтролирано да плачам...

Медицинската сестра полека ми го намести апаратот за ЕКГ и утешно ми рече „Немаш срцев удар, душо. Смири се, немој да плачеш. Ќе помине“.

Но јас не и верував! Како може да помине нешто такво? Како може таква болка во градите, страшна главоболка и вкочанета лева рака да не значат ништо? Како може да биде се во ред, кога јас сум убедена дека во секој момент ќе се онесвестам и ќе умрам на лице место? Како?!

По примена инфузија се вратив во нормала. Поминаа нецели 20минути од моментот кога го почувствував тоа ужасно чувство.

Повторно бев старата јас. Повторно се чувствував нормално. Но следуваше уште еден шок.

„Ќе ви напишам препорака да посетите психијатар и не би било лошо да се консултирате со психолог. Ова што го доживеавте беше класичен паничен напад. Имавте ли стресен период?“, ме праша докторката.

„Не знам... не. Ништо посебно што би можело да ми предизвика толку голем стрес... Навистина не знам зошто ме испраќате на психијатар, кога нема потреба“, реков јас несигурно.

Но таа инсистираше. А јас си заминав дома и сосема го игнорирав нејзиниот совет.

Јас да одам на психијатар? Апсолутно нема шанси! Па јас луда ли сум? Дали сум ненормална?

Си продолжив со секојдневните обврски и заборавив на тоа што се случи.

Десетина дена подоцна, додека си играв со моето дете, мојата најголема среќа во животот, додека се смеевме и се скокоткавме, повторно она истото чувство!

„Овојпат е нешто сериозно. Овојпат со сигурност ќе доживеам срцев удар. Ме стегаат градите многу! Не можам да дишам, не можам да земам воздух... Левата рака ми трне и ми се здрвува, устата ми е целосно здрвена! Овојпат сигурно ќе умрам, нема шанси ова да е нешто минливо“, повторно прснав во плач, цели 15 минути плачев и очекував во секоја секунда да го испуштам последниот здив.

Поминаа 20 минути и низ плачот не ни забележав дека повеќе ништо не ме боли, дека срцето нормално ми чука и дека стегањето во градите поради кое пред само 15 минути мислев дека ќе умрам, веќе го нема...

Веднаш и се јавив на сестра ми и и го раскажав сето она што ми се случи.

Таа повторно ми рече да отидам на консултација на психолог, но јас не сакав ни да чујам за тоа...

„Јас не сум луда! Не ми треба психијатар, престани така да ми зборуваш!“

Само што го изговорив тоа, погодете што! Повторно истото проклето чувство, истото стегање во гради и истото срцебиење. Но овојпат имав и нов симптом! Видот ми се замати и почна неконтролирано да ми се врти...

„Готово е, дефинитивно нешто сериозно не е во ред со мене. Боже мили, да излезам од собава за детето да не ме види како ќе умрам пред негови очи!“, излетав од собата и се заклучив во тоалетот.

„Ама, ајде да отклучам. Ако ми се случи нешто нема да може да отворат за да ми помогнат“, си помислив и отклучив.

Во тој момент бев сигурна дека тука ми е крајот, дека нема да дочекам да го испратам моето дете во прво одделение, дека нема да го гледам како расте... Сите оние работи на кои се радува една мајка. Не, јас нема тоа да го доживеам...

Тука решив дека нема да дозволам ова грозно чувство да ми го уништи животот. Решив. Ќе одам на консултација со психолог. Психијатар нема шанси! НЕ СУМ ЛУДА! Не измислувам, нешто навистина сериозно не е во ред со мене. Ќе одам на психолог, кој ќе увиди дека сум сосема психички здрава и ќе ги потврди моите стравови дека сум смртно болна. Сигурно имам рак. Ако не тоа, дефинитивно кај и да е ќе добијам срцев удар. Сто посто сум сигурна.

Таа вечер заспав и сонував како моето дете расте без мајка... Беше рано наутро, околу 3 часот по полноќ. Скокнав од кревет и го молев маж ми да ме однесе во болница. Стегање во гради, тешко дишење, целата лева рака ми се здрви! Ама буквално. Ни прстите не можев да ги мрдам! Згора на тоа, неконтролирано се потев  и мислев дека во секој момент ќе се онесвестам.

Веднаш тргнавме, едвај чекав да стигнеме во болница за да можат да ме спасат. Ова е срцев удар, нема што друго да е!

Кардиологија. 3:30 часот по полноќ. Седам на столче во собата за преглед. Дишам најнормално, срцето не ме стега, раката најнормално ми функционира.

„Девојче, зошто си толку под стрес?“, ме праша докторката.

„Ама јас не сум девојче, имам 30години, имам 5 годишен син!“, реков и се насмеав.

„Гледаш ли? Се насмевна. Пациентите со срцев удар и срцеви проблеми не можат да седат вака како ти до мене на столче. Смири се, ти ветувам дека ништо нема да ти се случи“, ме утеши докторката.

„Па, тогаш, што е со мене? Сигурно имам рак, штом не е срцев проблем. Сигурно имам некој тумор, леукемија... нешто смртоносно“, се расплакав.

„Не, ти имаш нешто што е многу сериозна болест, но излечива. Ќе те упатам на психијатар“, рече таа и почна да пишува извештај.

Пациентот се испраќа на преглед поради генерализирана анксиозност и панични напади.

Анксиозност? Панични напади? Добро, докториве си играат мајтап со мене? Каква анксиозност, какви панични напади! Џабе ми го губите времето, додека да дојде терминот за преглед кај психијатар јас ќе умрам! Сигурна сум во тоа, никој не може да ми го докаже спротивното!

Но дојде и денот кога отидов на психијатар. Потврдено. Генерализирана анксиозност и панични напади поради пост трауматски стрес.

Мојата „смртоносна“ болест конечно имаше име.

Јас имам анксиозност! Имам панични напади! Како ќе се справам со ова? Како?

 

Мојата битка со анксиозноста трае веќе 10 месеци. Десет доооолги и тешки месеци. Но секој ден станувам се посилна. Секој ден. Мојата приказна за битката со анксиозноста ќе ви ја раскажам низ низа текстови, во надеж дека некому ќе помогнат. Анксиозноста не е чума. Анксиозноста не е нешто од кое јас се срамам. Анксиозноста не е табу тема, а и не треба да биде! Верувајте ми. Помислете на 10 луѓе кои ги познавате. Барем тројца од нив се борат со анксиозност. А дали некој од нив ви се доверил? Не? Јас ќе ви се доверам и ќе ви покажам дека ИМА начин за борба со оваа болест. Јас ќе ви го раскажам моето искуство. Ако барем на еден што го чита ова успеам да му помогнам, ќе бидам пресреќна.

Очекувајте го и остатокот од мојата приказна, мојата борба со анксиозноста.

И.Ц.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Во овие моменти потребно ви е екстремно тр...
Постојат моменти кога, како родител, потребно ви е големо трпение. Всушност, тоа е секој ден. А потоа, постојат моменти ...
4
6 работи кои не ве прават лоша мајка
Постојат општо прифатени норми кои општеството сака да става и еден од нив секогаш е тоа да си лоша мајка - да го остава...
4
Крвна слика кај децата и нејзино значење
Од наодите на крвната слика можеме да видиме присуство на анемија, инфекција (бактериска или вирусна), алергија, паразит...
4
Колку треба да јаде дете на возраст од 1-3...
Како да знам дали моето дете јадело колку што е потребно - е едно од најчестите прашања што ги поставуваат родителите. С...
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?