|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Интервју со Ребека Ле Мон

Редакција Рингераја, 23.3.2021
Ребека Ле Мон е македонка која живее во Америка. Активна е на инстаграм, каде преку својот профил го споделува своето секојдневие од животот како сопруга и мајка. Во време на пандемија, ја мина првата бременост и го роди синчето Макси

image
/11


За своето трудничко искуство, како ја мина бременоста, за здравството во Америка, породувањето во болница, педијатар за Макси... зборува во разговорот за нашиот сајт

Еве што ни раскажа : 

Ребека: Моето трудничко искуство е навистина преубаво. Секој момент од бременоста беше исполнет со среќа. Мојата бременост започна во јануари 2020 година, кога сеуште никој ништо не знаеше за Ковид, барем не во САД. Се се случуваше во Кина, ни во еден момент не помислив дека ќе се случи пандемија која ќе го опфати цел свет. Мислам дека никој не го очекуваше тоа. На 15 март кога затворија се, првично бев многу разочарана и депресивна. Си велев на себе дека ова може само на мене да ми се случи да забременам баш за време на светска пандемија. Како поминуваше време разбрав дека се зависи од мене како ќе си ја поминам бременоста. Дали во лежење и депресија или ќе пробам да си ја направам забавна и убава покрај целата ситуација. Знаев дека нема да може да одам на патувања до Германија и Македонија за семејството да ме види бремена, знаев дека ни тие нема да можат да дојдат откако Трамп ги затвори границите со Европа. Знаев дека уште многу лоши работи ме чекаат. Се што се случуваше како да почнав да го ставам во некоја фиока или фолдер. Го ставав и заборавав на тоа. Си ги организирав многу убаво деновите. Имаме тука базен во комплексот каде што живееме. Одев на базен, пешачење секој ден покрај океан за да дишам јод, средував по дома пополека за да не ми се насобере многу. Станав активна на инстаграм и постирав здрава храна. Едноставно мислам дека без разлика на пандемија, локдаун, од нас зависи како ќе си го направиме животот. Дали ќе го гледаме се ова лошо што се случува како предизвик или како причина за депресија. Јас го гледам сеуште како предизвик. Гледам секој ден да бидам подобра верзија од што сум била претходниот ден. 
Тестови како скреенинг што се прават пред да се влезе во второ тримесечје, ги направив сите можни. Немаше потреба да се прават, но јас настојував. Едноставно сакав да сум сигурна дека се е во ред. Цената на тестовите беше различна. Тестот со резултати од крвна слика беше 3500$, тестот од фирмата Инвитае за да се види родот на бебето уште во 13тата недела беше 1500$, НТ чинеше 2340$, за другите тестови со крв цените беа слични. Секоја посета кај мојата докторка чинеше околу 1500$. Во тоа беше вклучено: мерење телесна тежина, притисок, ехо, прашања од видот како се чувствуваш итн. 


Породувањето помина во најдобар ред. Се породив природно без епидурална. 12 часа траеше пораѓајот. Докторката ми го пукна водењакот и тогаш започнаа болките  што беа скоро неподносливи, но не сакав епидурална. Сакав да почувствувам БОЛКА. Сакав да почувствувам каква е болката да се стане МАЈКА. Пак да сум бремена, пак истото ќе го направам. Цената на пораѓајот беше околу 25.000$. За 48 часа н? пуштија дома.

rebeka

Макси се роди 3.900 килограми тежок и 55 центиментри долг. Јас за време на бременоста се здебелив 20кг. Лесно ги симнав поради тоа што сама се грижев за Макси. Немав време што се вика вода да се напијам. Сакав да е се средено во домаќинството, а и со него. Поради тоа што бев активна за време на бременоста кога се вратив дома после болница се ми беше “цакум пакум”, се знаев што каде е. Бев организирана до крај. Одма се фатив постелнина да пуштам за перење. Додека го чував Макси, додека менував постелнина, додека чистев солзи ми течеа. Знам дека имав постпартална депресија. Се беше во ред, но во мене имаше толку многу солзи.. 40 дена секој ден плачев, не кажував на никој. Знаев дека не смеам да потпаѓам во такви глупости. Морам да бидам силна. И силна останав. 
На педијатар го однесовме Макси после првата недела, па после четвртата, па на три месеци, па на шест сега пак ќе одиме. Вакцините не знам дали се задолжителни, мислам се. Јас сум за вакцини и затоа се немам информирано дали има родители што се против. Сигурно има, но таа тема не ми е разработена. Мислам дека тие вакцини се морални и дека треба да ги примат децата. За Ковид вакцината не сум баш за. Таа ми е некако несигурна. 


Рингераја: Во Америка, присуството на таткото за време на породувањето е задолжително. Како се покажа Марк во родила сала? Како тој се снаоѓа во улогата татко? 
Да, задолжително е. Марк беше прекрасна подршка. Кога докторката ми  го пукна водењакот и тоа беше посебен момент за нас. Плачевме, се држевме силно за раце, бевме прегрнати. Иако беа моменти на болка, мене ми се едни од најубавите моменти. Мислам дека треба и во Македонија таткото да е задолжително присутен во салата за пораѓај и да биде подршка за жената. Немам зборови за него како татко. Јас го видов каков татко е уште со неговото дете од првиот брак. Прекрасен. Грижлив. Добар. Секогаш тука за неговото дете, иако работи навистина многу. Секогаш се јавува да праша како е Макси, што правиме...

Рингераја: Како и колку тебе те промени улогата на мајка? 

Ребека: Ме промени навистина многу. Сега сум посилна. Сигурна сум во себе. Се чувствувам како да можам се да направам. Горда сум на себе што имам ваква улога. Горда сум што се снаоѓам комплетно сама. Горда сум што умеам да се грижам за него без помош. Убаво ми е што е тој задоволен, насмеан. Тоа ми е како награда за трудот и силата што ги вложувам секој ден. 

 

rebekalemon

Рингераја: Експресно брзо си ја врати линијата после породувањето. Како успеа? :) Имаш ли некој режим на исхрана? Вежбаш? 

Ребека: Не вежбам, но секој ден го шетам Макси во количка. Гледам да потрошам дневно околу 700 калории, јадам здраво, правев диета со детокс супа. Пршачење навистина помага. Првите 40 дена носев фолии и хеланки за да се потам повеќе. Сега веќе не, но сеуште јадам здраво и мислам дека сега телото ми е уште поубаво од пред да родам. 

Рингераја: На твојот инста профил имаше објавено дека не доиш. Дали тоа помина со лесно? Имаше ли потешкотии? Што користеше? Твои препораки за полесно минување низ оваа фаза на идни мајки читателки кои нема да дојат? 

Ребека: Да, не дојам. Навистина помина се во најдобар ред. Ја користиме формулата Енфамил, полна со витамини за Макси. Пробиотици што ѓи нема во мајчиното млеко. Убаво е да доиш, но тоа не беше за мене. Не е дека имам импланти, едноставно не е нешто што сакам да го правам. Имаме машина што сама го прави млекото. Едноставно мислам дека жената после порагај е толку изнемоштена, доењето знае да биде плус напор и страдање и болка. Јас сум сама тука и не сакав да одам на тој ризик да мислам дали ќе имам млеко дали не. Дали сум ја наместила пумпата добро, дали сум ги замрзнала кесичките со млеко, дали не. Едноставно мислам дека и без да дојам Макси ќе си биде убаво најаден од Емфамил и ете така и излезе. Посветена сум му 100%. Тоа што не доев, не ме прави лоша мајка. 

rebekale

Рингераја: Какво бебе е Макси? Имаш ли помош околу него? 

Ребека: Макси е honeymoon бебе. Од една страна е напорен зошто има многу работи да се направат со него. Сака да е чист, бањат, да го пресоблекувам 3 пати на ден, да е намачкан, измасиран, да го држам во рака додека пуштам машини, мијам садови, стерилизирам шишиња, да го шетам надвор, да си играм со него, но од друга страна никогаш не плаче, само гуга, се смее, но си бара внимание и посветување до крај. Можеби и поради сите работи што ги набројав не успева да заплаче. Секоја минута од денот му е организирана

Рингераја: Како пандемијата влијае врз вас, приватно и професионално? Како Америка се справува со ситуацијата? 

Ребека: Па, најмногу ми е тешко поради тоа што моето семејство не може да го запознае Макси, ниту пак знаеме кога ќе може да се случи тоа. Финансиски не почувствувавме промена поради тоа што мојот сопруг се занимава со Real estate. Мислам дека тој бизнис оди што се вика “и да врне и да вее и бура да коси”. Животниот стандард во Сан Франциско е навистина различен од Флорида, Тексас или Аризона. Калифорнија и посебно Сан Франциско се во листата на најскапи места за живеење после Shanghai. Тоа се чувствува во супер маркет, ресторан, кафуле. Кирии, хотели.. Во СЕ! 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Што треба да знае дете на 2-годишна возраст?
Секое дете се развива индивудуално, но постојат некои граници и нешта кои може да ни укажат на тоа дека детето има потен...
4
Комбуха – „Чај на Бесмртноста“
Комбухата е здрав напиток кој се прави од јапонска чајна габа – комбуха. Комбухата се користела во Источна Европа, Русиј...
4
Направете сами: Креативни бебешки креветчиња
Во целата еуфорија околу исчекувањето на новиот член, важно е трезвено и совесно да пристапите кон уредување на неговото...
4
Необични, светлечки Велигденски јајца
Ефектот се постигнува со перфорирани провидни лепенки за јајца и силиконски бои.
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?