|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Интервју со Miss Mama Mk: Мајка со многу улоги

Редакција Рингераја, 25.5.2020
Зорица Николовска, @miss.mama.mk или попознато како Мајка му на Мартин, веќе една година постои, креира содржина и споделува искуство на Instagram и Facebook профилите

image
/11


 

Ова е профилот кои го следат голем број мајки, но и оние кој размислуваат
на таа тема, профилот на кој ќе погледнете смешни секојдневни ситуации со кои се
соочува секоја нова мама, неколку совети, многу препораки и видеа во кои се
споменуваат актелни прашања и теми поврзани со растот и развојот на секое дете.
Како се одлучивте да отворите профил наменет да ги прикаже предизвиците кои ги
носи животот на една мајка?
Зорица: Во бременоста имав желба да читам и осознавам за животот како мајка. За жал,
кај нас на оваа тема иако многу се зборува и пишува по порталите, ретко кој се осмелува
да го раскаже својот живот искрено и реално, за една идна мајка да дознае со кои
предизвици во иднина би се соочила. За среќа во тоа време (пред 2 ипол години) постоеа
многу мајки, од сосетството кој веќе креираа ваква содржина. Бев воодушевена од
креативноста и искреноста, па дури и нивниот начин на пренесување на секојдневието, на
нас, како публика.
Поминувајќи премногу време во кревет, во бременоста (за жал се соочив со тешка
бременост) ми остави доволно време да размислам како јас би сакала да го пренесам
своето искуство, каков профил би сакала да водам и каков белег би сакала да оставам на
интернет просторот. Се чини сум донела правилни одлуки.
Кои се главните теми на профилот на @miss.mamamk?
Зорица: Мајката, како столб и најважна личност во семејството. Зошто за едно дете да
биде среќно, потребно е да има среќна мајка, мајка која е задоволна, мајка која знае како
треба! Па затоа и сите производи, финти, идеи и совети се во поглед како мајката да си
помогне сама на себе, да изигра умно и итро во ситуацијата, за да има повеќе време за
себе и нештата кој ги сака, за детето, за сопругот... Да најде храброст и начин да се избори
со предизвиците што и ги наметнува секојдневието, исправено и со горда глава!
Која е темата за која беше најтешко да се зборува отворено?
Зорица: Има многу! Секогаш е тешко да си го ставиш животот на тацна, а потоа на излог.
Ама пак од друга страна, откако ќе седнам и напишам (или ќе снимам видео) се чуствувам
храбро, гордо и исполнето. Затоа што има многу мајки, за кој не знам, а поминуваат или
се соочуваат со исти или слични ситуации. Често добивам и совети во порака, а многу пати
се случува да ми се довери и по некоја мајка во порака за нејзината ситуација која
веројатно е слична. Тоа ми дава мотив да бидам храбра уште повеќе!
А конкретниот одговор на ова прашање е, видеото снимено за Помајка, односно Маќеа.
Сеуште немам храброст да го прегледам одново. Го снимив, го склопив, и го објавив...а
потоа ги читав коментарите....
На кои теми најчесто сакаш да пишуваш постови?
Зорица: Тема на која сакам да зборувам е СРЕЌА и ЉУБОВ во домот, во семејството. И
нема ништо поубаво од тоа да ја споделиш среќата. Да пренесеш порака дека за среќа е
доволно малку, прегратката на твојот посинок, насмевката на твојот син, бакнежот од
твојот сопруг. Кај нас дома, важи правилото дека семејството е најважно и е пред се! И се
обидуваме на овој начин да ги воспитаме Мартин и Иван да станат прекрасни луѓе и
среќни момиња.
Моите следбеници знаат дека сето она што е прикажано преку постови или видео (па
дури и стори) е точно тој, животот кој го живеам, бидејќи најскапата форма на почит која
можеш да ја искажеш некому е искреноста. А јас ја почитувам бескрајно нивната одлука
да стиснат FOLLOW на профилот на @miss.mama.mk
Неодамна објави и видео на тема #мајчинство каде ги обедини сите профили на мајки
во едно видео. Како дојде на таа идеа?
Зорица: Контактирам со голем дел од мајките на инстаграм. Ја следам нивната содржина
и им се восхитувам на начинот на кој ги претвараат своите деца во тинејџери. Секоја има
своја приказна и секоја е сосема поразлична од претходната, а секоја е најдобра на свој
начин. Ама во едно сите сме исти- тоа е неизмерната љубов кон своите деца и улогата на
МАЈКА. Па затоа ги замолив да снимат кратко видео, кое потоа беше измонтирано од
мојот соработник Томислав Митревски, за да на крај изгледа прекрасно, и е видео кое
измамува емоции.
Што ти донесе одлуката да го креираш профилот @miss.mama.mk?
Зорица: Познанства и пријателства. Мајки кој се бескрајно прекрасни како личности и
незаменлив дел од моето секојдневие. Луѓе кој ми станаа пријатели, а се запознавме
преку инстаграм сосем случајно, со 1 клик, со 1 порака. Ми носи прекрасна енергија од
моите следбеници секој ден, еден неисцрпен извор на позитива! Ми донесе дружби,
смеа, неверојатни моменти .... И бескрајно сум си благодарна себеси за оваа одлука!

Ова е профилот коj го следат голем број мајки, но и оние кој размислуваат на таа тема, профилот на кој ќе погледнете смешни секојдневни ситуации со кои се соочува секоја нова мама, неколку совети, многу препораки и видеа во кои се споменуваат актуелни прашања и теми поврзани со растот и развојот на секое дете.

 

Рингераја.мк

Како се одлучивте да отворите профил наменет да ги прикаже предизвиците кои ги носи животот на една мајка?

 

Зорица: Во бременоста имав желба да читам и осознавам за животот како мајка. За жал, кај нас на оваа тема иако многу се зборува и пишува по порталите, ретко кој се осмелува да го раскаже својот живот искрено и реално, за една идна мајка да дознае со кои предизвици во иднина би се соочила. За среќа во тоа време (пред 2 ипол години) постоеја многу мајки, од соседството кои веќе креираа ваква содржина. Бев воодушевена од креативноста и искреноста, па дури и нивниот начин на пренесување на секојдневието, на нас, како публика. Поминувајќи премногу време во кревет, во бременоста (за жал се соочив со тешка бременост) ми остави доволно време да размислам како јас би сакала да го пренесам своето искуство, каков профил би сакала да водам и каков белег би сакала да оставам на интернет просторот. Се чини сум донела правилни одлуки.

 

1

 

Рингераја.мк

Кои се главните теми на профилот на @miss.mamamk?

 

Зорица: Мајката, како столб и најважна личност во семејството. Зошто за едно дете да биде среќно, потребно е да има среќна мајка, мајка која е задоволна, мајка која знае како треба! Па затоа и сите производи, финти, идеи и совети се во поглед како мајката да си помогне сама на себе, да изигра умно и итро во ситуацијата, за да има повеќе време за себе и нештата кои ги сака, за детето, за сопругот... Да најде храброст и начин да се избори со предизвиците што и ги наметнува секојдневието, исправено и со горда глава!

 

Рингераја.мк

Која е темата за која беше најтешко да се зборува отворено?

 

Зорица: Има многу! Секогаш е тешко да си го ставиш животот на тацна, а потоа на излог. Ама пак од друга страна, откако ќе седнам и напишам (или ќе снимам видео) се чувствувам храбро, гордо и исполнето. Затоа што има многу мајки, за кои не знам, а поминуваат или се соочуваат со исти или слични ситуации. Често добивам и совети во порака, а многу пати се случува да ми се довери и по некоја мајка во порака за нејзината ситуација која веројатно е слична. Тоа ми дава мотив да бидам храбра уште повеќе!

А конкретниот одговор на ова прашање е, видеото снимено за Помајка, односно Маќеа. Се уште немам храброст да го прегледам одново. Го снимив, го склопив, и го објавив...а потоа ги читав коментарите....

 

Рингераја.мк

На кои теми најчесто сакаш да пишуваш постови?

 

Зорица: Тема на која сакам да зборувам е СРЕЌА и ЉУБОВ во домот, во семејството. И нема ништо поубаво од тоа да ја споделиш среќата. Да пренесеш порака дека за среќа е доволно малку, прегратката на твојот посинок, насмевката на твојот син, бакнежот од твојот сопруг. Кај нас дома, важи правилото дека семејството е најважно и е пред се! И се обидуваме на овој начин да ги воспитаме Мартин и Иван да станат прекрасни луѓе и среќни момчиња. Моите следбеници знаат дека сето она што е прикажано преку постови или видео (па дури и стори) е точно тој, животот кој го живеам, бидејќи најскапата форма на почит која можеш да ја искажеш некому е искреноста. А јас ја почитувам бескрајно нивната одлука да стиснат FOLLOW на профилот на @miss.mama.mk

 

Рингераја.мк

Неодамна објави и видео на тема #мајчинство каде ги обедини сите профили на мајки во едно видео. Како дојде на таа идеја?

 

2

 

Зорица: Контактирам со голем дел од мајките на Инстаграм. Ја следам нивната содржина и им се восхитувам на начинот на кој ги претвараат своите деца во тинејџери. Секоја има своја приказна и секоја е сосема поразлична од претходната, а секоја е најдобра на свој начин. Ама во едно сите сме исти- тоа е неизмерната љубов кон своите деца и улогата на МАЈКА. Па затоа ги замолив да снимат кратко видео, кое потоа беше измонтирано од мојот соработник Томислав Митревски, за да на крај изгледа прекрасно, и е видео кое измамува емоции.

 

Рингераја.мк

Што ти донесе одлуката да го креираш профилот @miss.mama.mk?

 

Зорица: Познанства и пријателства. Мајки кои се бескрајно прекрасни како личности и незаменлив дел од моето секојдневие. Луѓе кои ми станаа пријатели, а се запознавме преку Инстаграм сосем случајно, со 1 клик, со 1 порака. Ми носи прекрасна енергија од моите следбеници секој ден, еден неисцрпен извор на позитива! Ми донесе дружби, смеа, неверојатни моменти .... И бескрајно сум си благодарна себеси за оваа одлука!

 

Follow miss.mama.mk on Instagram

 

View this post on Instagram

Гушкај, гушкај силно, пред да пораснат и да решат дека повеќе сакаат да спијат сами. Да се гордееш со нивните одлуки и самостојност ама срцето да ти плаче за уште една ноќ, да побараат повторно да уживаат во прегратките на мама. И да помислиш дека се би дала да ја видиш собата растурена со играчки. И да топлиш млеко во ниедно време. И да се радуваш на секој нов збор и нов чекор. Не велам дека е лошо да пораснат, напротив нема поубаво од тоа, ама не чекајте да пораснат, туку уживајте во секоја наредна фаза од нивниот раст и развој. Родете се повторно, но во улога на мајка, учете уште еднаш, ама како да е прв пат: за кучето, мачето, буквите и боите. Нивниот успех, славете го како најголемо достигнување... Само еднаш твоето дете ќе биде дете, а цел живот возрасен човек, иако во нивните очи секогаш ќе искри малото палаво детенце, што само ти ќе можеш да го видиш! Лека ноќ! . . . #goodnightpost #momandson #emocional #momentslikethese #babyMartin #hugs #toddlermomlife #toddler #cutenessoverload #mysonismyworld #myhappyboy #babyboy #momlife #sleeping #together #badtime #happiness #valueeverymoment #everysecondcounts #lovemyboy

A post shared by Мајка му на Мартин (@miss.mama.mk) on Feb 27, 2020 at 2:32pm PST

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Здрава исхрана за најмладите во текот на з...
Квалитетната исхрана на децата во текот на целата година е од витално значење за правилен раст и развој на нивниот орган...
4
Дете и телевизија
Разбирливо е колку децата денес сакаат да гледаат телевизија, но родителите се тие кои мораат да ги надгледуваат и до од...
3
Навикнување на нокшир
Кои се чекорите за навикнување на нокшир? (англиско видео)
3
Напади на бес (тантруми) кај мали деца
Под сето тоа викање, тркалање по подот и плачење, се наоѓа феномен кој и тоа како е погоден за научно испитување. Се чин...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?