|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Интервју со мајката на киднапираното девојче

Редакција Рингераја, 7.8.2013
Татјана Димитровска - мајка на која детето и е насилно одземено, а која според судот, законот и природата има апсолутно право на него, раскажува за својата двегодишна голгота низ институциите, за својата огорченост, за преголемата мајчинска тага...

image
/11




Има ли поголема казна од таа на мајката да и биде одземено детето? Постои ли на светот погрозоморен чин од чинот на одземање на детето од мајчината прегратка? Не се знае кој страда повеќе - дали детето кое расте без мајчинска љубов, или мајката која живее без своето дете како да е мртва...

Не, ова не е дело на некој врвен трагичар, ова навистина се случува во Македонија!

Каде затаија институциите на системот? Колку време треба да помине, колку реки од солзи да бидат пролеани, колку ноќи непреспани, колку детски трауми преживеани, за оваа мајка и ова дете повторно да се прегрнат?

Функционира ли во Македонија правниот систем? Дали ова дело ќе остане во фиоките на лицата задолжени за спроведување на законот?

Кога мајка плаче за своето дете и дете за својата мајка, планината се поместува!

АПЕЛИРАМЕ, слушнете го плачот на Татјана и спроведете го законот.

 

 

Редакција Рингераја:

Од кога бевте во брак со сега веќе бившиот сопруг Стефан и кога е родена Вашата ќерќичка Александра?

 

Татјана Димитровска

Бракот е склучен на 14.10.2004 година, а Александра е родена на 16.12.2006 година

 

Редакција Рингераја:

Кога и од кои причини Вашиот сопруг стана насилен? Дали свекорот Александар Бошњаковски, кој сега го крие  детето, во тоа време живееше со Вас за да Ве штити Вас и детето од нападите на сопругот?

 

Татјана Димитровска

Сопругот стана насилен кон мене по раѓањето на ќерката, пред тоа беше насилен со неговите родители, постојано физички се пресметуваа. Александар Бошњаковски живееше со нас од 01.01.2011г до 01.04.2011г за да ме заштити од физичките напаѓања од мојот бивш сопруг.

 

Редакција Рингераја:

Дали се обидовте мирно да ги решите проблемите пред да ја земете Вашата ќерка и да се сокриете кај роднини во Србија? Дали стремежот да го заштитите детето од неговиот родител Ве натера да ја напуштите работата како медицинска сестра на интензивно одделение во детска клиника, која ја работевте 20 години?

 

Татјана Димитровска

Со години се обидував да ги решам на мирен начин проблемите со мојот бивш сопруг безуспешно, на крајот морав да побегнам и да ја напуштам и својата работа за да се заштитам себеси и својата ќерка Александра.

 

Редакција Рингераја:

Што се случи на 27 јули 2011 година? Опишете ни го овој стравичен настан малку пошироко.

 

Татјана Димитровска

На 27 јули во местото каде што бев сместена во Србија ми зазвонија околу 9 часот  утрината на врата Александaр Бошњаковски, неговиот помал син Мартин Бошњаковски и Аце Русевски заедно со некои двајца луѓе за мене непознати кои очигледно беа вооружени. Ми се заканија дека ќе ме убијат и мене и луѓето кај кои бев сместена и при тоа насилно ја одзедоа мојата ќерка Александра. Веднаш потоа пријавив во СУП(Сектор унутрашњих послова) полицијата во Србија меѓутоа додека се организираа веќе ќерка ми беше изнесена преку граница, која не знам.

 

Редакција Рингераја:

Тврдите дека свекорот ја киднапира Вашата ќерка. Што презедовте по овој настан? Дали Вие поднесовте бракоразводна парница, или Вашиот бивш сопруг?

 

Татјана Димитровска

Мојот сопруг ја презеде бракоразводната парница откако свекорот ја киднапира мојата ќерка, јас веднаш го известив  ЈУМЦСР за целата ситуација во која се наоѓам јас и мојата ќерка и при тоа барав да контактирам со својата ќерка, но безуспешно.

 

Редакција Рингераја:

Кога следен пат ја видовте Вашата ќерка? Дали можевте да ја посетите во градинката во која престојуваше?

 

Татјана Димитровска

Ја видов ќерка ми еднаш во градинката Др Јудит и Жозел во Мај 2012 година  и не ми беше дозволено да ја земам мојата ќерка иако имав извршно решение за видување од ЈУМЦСР. После тоа ќерка ми не беше однесена повеќе во градинката, беше затворена во куќен притвор.

 

Редакција Рингераја:

Дали се сомневавте дека врз девојчето е извршено физичко и психичко насилство?

 

Татјана Димитровска

Секако дека се сомневам. Кога ја посетив во училиштето Александра ми рече, мамо кога ќе те побарам тебе, дедо ме удира по главата а тато по устата. Имам и пријавено во ЈУМЦСР во одделот за семејно насилство, но сеуште немам одговор од нив.

 

Редакција Рингераја:

На 09.09.2012 година е донесена пресуда да си ја земете Вашата ќерка кај Вас. Што се случи кога отидовте во училиштето по неа? Раскажете ни ја хронолошки целата случка.

 

Татјана Димитровска

Ќе ви дадам дел од оригинален документ во склоп на кривичната пријава поднесена против Александар Бошњаковски.

 “По прогласувањето на пресудата за разведување на бракот и доделување на старателството над малолетната ќерка Александра, Предлагачката Татјана добива сознание дека нејзината малолетна ќерка ја посетува наставата во ОУ Димитар Миладинов Скопје во 1А одделение. Веднаш се упатува во училиштето носејќи го со себе извршното решение од ЈУМЦСР УП1 бр.3006/124 , на ден 26.09.2012 година ден среда определен со решението за видување со малолетната ќерка Александра.

Меѓутоа пред влезот на училиштето е пречекана од дедото на Александра, таткото на Противникот Стефан. Александар Бошњаковски, повторно чичкото, братот на Стефан Мартин Бошњаковски и непознат човек, РЕКЕТАР; кои насилно физички и го спречија остварувањето на законското право за видување со нејзината ќерка Александра ДОКАЗ 5: Службена белешка за собирање информации од граѓаните од Бошњаковска Татјана од ден 26.09.2012г.

По интервенција на полицијата, која беше повикана на инсистирање на Предлагачката Tатјана Бошњаковска, бидејќи дедото (Александар Бошњаковски) носеше метален пендрек на расклопување со кој се обиде да ја нападне, а кој беше одземен од страна на полицијата и предаден на директорката на училиштето, сите присутни биле повикани во Полициската станица БЕКО, каде се земени изјави.

По изјавата Предлагачката Татјана се упатува во училиштето да го оствари своето право на видување со нејзината ќерка Александра , меѓутоа е пречекана од Противникот Стефан Бошњаковски, кој физички се обидува да ја нападне пред влезот во училиштето, меѓутоа е спречен од обезбедувањето на училиштето . Во меѓувреме се појавуваат повторно дедото на Александра, Александар Бошњаковски и чичкото, Мартин Бошњаковски, и го отстрануваат Противникот Стефан со зборовите МРШ НЕЛИ ЗНАЕ СУДОТ ДЕКА СИ БОЛЕН ОДИ СИ ДОМА, по кое Противникот Стефан си оди. Во договор со Директорката на училиштето Предлагачката Татјана, оди до ЈУМЦСР одделение за брак и семејство, бидејќи и е кажано дека во Извршното решение стои место за видувања Градинката Др Жудит и Жозел , која се наоѓа  на иста локација каде што е и ОУ Димитар Миладинов, да се направи промена на местото т.е да се внесе училиштето, а при тоа со ветување oд страна на Директорката на ОУ Димитар Миладинов дека откако ќе ја донесе тој ден исправката, нејзината ќерка ќе и биде предадена неа. По извршената исправка на местото на видување од страна на ЈУМЦСР одделение за Брак и Семејство ДОКАЗ 6:ПОТВРДА од ЈУМЦСР-Скопје со бр УП1 3006-541 , Предлагачката Татјана се упатува во училиштето, меѓутоа нејзината малолетна ќерка Александра веќе е предадена на дедото од страна на Директорката на ОУ Димитар Миладинов, НАВОДНО по наредба на ПОЛИЦАЕЦ кој не се легитимирал и на кого не му е побарана легитимација, а кој нема законско право да се меша во Извршното решение од ЈУМЦСР.

Предлагачката Татјана поради неможноста да оствари било каков контакт со нејзината ќерка малолетната Александра Бошњаковска, постојано оди во ОУ Димитар Миладинов  да провери дали малолетната Александра оди на настава, меѓутоа малолетната Александра повторно ја држат во куќен притвор не носејќи ја на настава. ДОКАЗ 7: Изјави од одделенските наставници од ден 28.09.2012г и 31.10.2012г Ленче Кузмановска и Маја Трајковска. За што Предлагачката Татјана поднесува Пријава до Државен Просветен Инспекторат на Република Македонија на ден 02.11.2012  4 ДОКАЗ 8: со бр. 21-1117/1 и Известување за добивање на првостепена судска пресуда со Бр. 4. П2-778/11 ,до ОУ  Димитар Миладинов Скопје, ДОКАЗ 9 : Известување со бр. 03/278 од 05.10.2012г. при тоа како законски старател на нејзината ќерка Александра Бошњаковска, врши легален упис во ОУ Димитар Миладинов.

 

 

Редакција Рингераја:

Дали Александра во овој момент посетува училишна настава? Треба да биде прво одделение, нели?

 

Татјана Димитровска

Александра не посетуваше училиште за цело време, само месец дена одеше на училиште. Инаку е запишана во 1А одделение во ОУ Димитар Миладинов

 

Редакција Рингераја:

Дали за ова е известен Државниот просветен инспекторат и дали нешто се презело за Александра да биде во училишна клупа, заедно со своите врсници?

 

Татјана Димитровска

Известен е и од моја страна и од страна на училиштето, дали нешто се преземало незнам.

 

Редакција Рингераја:

На 11.април 2013 година пресудата за да си го земете детето станала правосилна, на 23. Мај 2013 година, пресудата станала извршна, на 6. јуни е одржано рочиште за присилно одземање на детето од кај таткото, дедото и бабата и враќање на мајката. Што мислите, зошто ќерката не е сеуште кај Вас?

 

Татјана Димитровска

Затоа што г-нот Александар Бошњаковски кој ја презема улогата на родител ги избегнува сите закони .

 

Редакција Рингераја:

Што се по занимање Вашиот бивш сопруг, свекор и свекрва и на каква функција беа?

 

Татјана Димитровска

Мојот бивш сопруг е правник во Републички завод за трансфузиологија, свекорот е екс Врховен судија, а Снежана Бошњаковска е Др-офталмолог во пензија

 

Редакција Рингераја:

Дали Вие и Вашиот адвокат сте под постојан притисок и навреди од Вашето бившо семејство?

 

Татјана Димитровска

Мојот адвокат Ефто Спировски е постојано навредуван од страна на Александар Бошњаковски кој го застапуваше својот син постојано во судот. Нарекуван е дека е педофил, дека врши трговија со деца. Мене исто така ме напаѓаат дека тргувам со деца и ја навредуваат мојата малолетна ќерка од првиот брак постојано, за што ќе биде приложено во јавното обвинителство.

 

Редакција Рингераја:

Надежта умира последна. На што сте подготвени за да ја вратите ќерката?

 

Татјана Димитровска

Верувам во системот и во исправноста на институциите и верувам дека ќе ми ја вратат мојата ќерка. Мојата молба упатена преку медиумите беше за што поскоро да ја вратат. Инаку правно, законски и легално како и морално мојата ќерка ми припаѓа на мене.

 

Редакција Рингераја:

Како живеете? Дали спиете, дали јадете? Ваш апел до институциите.

 

Татјана Димитровска

Во текот на овие 2 години спијам по 3 часа на секои 48 часа , притисокот ми е 200 со 120 примам терапија за притисокот. Плачам постојано, во моите мисли постојано е мојата ќерка, се прашувам  како е , дали е болна, дали јаде, дали се сеќава на мене, дали знае дека ја сакам. Живеам со огромна болка во душата. Ете така живеам, како да сум умрена.

 

 

Доколку сакате да го преземете интервјуто, обратете се до Редакцијата на Рингераја за дозвола!

 


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Велигденски колачи - cupcakes
Убаво декорираните и вкусни колачи капкејк ќе ја украсат Вашата Велигденска трпеза. Ви предлагаме неколку начини да ги у...
6
Што е булинг?
Булингот е секоја форма на непосакувано и агресивно однесување во училиштата, кое не застанува таму, туку продолжува да ...
5
Посебен однос: Татко и ќерка
Таа е негова мала принцеза и секогаш ќе ја доживува така, а таа во него ќе бара посебно разбирање и заштита
4
Адаптирање на детето во градинка
Поаѓањето во градинка е голема промена во животот на секое дете, бидејќи од сигурноста во семејството детето преминува в...
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?