|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Интервју со креаторката на блогот Вкусни приказни

Редакција Рингераја, 29.5.2020
Рингераја.мк на гости кај Весна Ѓурковска Каеска - креаторка на блогот vkusniprikazni на Инстаграм, мајка на Максим и Ника, креативна и емотивна личност која прави вистинска прекрасна симфонија во детската чинија

image
/11


Рингераја.мк

Кога го започнавте вашиот блог на Инстаграм vkusniprikazni?

 

Весна, vkusniprikazni

На 18. Јануари 2019, во периодот кога Ника имаше прв вирус, Максим исто така беше болен, а сопругот имаше операција на рамето. Дента, кога ми беше најтешко, почнав да ги раскажувам моите Вкусни Приказни.

 

Рингераја.мк

Од каде наоѓате идеи и инспирација за подготовка на овие вкусни и креативни чинии?

 

Весна, vkusniprikazni

Кога почнував од Максим, а сега веќе и од Ника. Од секојдневието на животот. Од убавините и од ситуацииите наоколу. Од нашите семејни случувања, па дури и од празниците. За идеја е потребно само да го пуштиш мозокот на слобода.

 

vkusniprikazni

 

Рингераја.мк

Кое е омилено јадење на вашите деца?

 

Весна, vkusniprikazni

Ух. Тие имаат многу омилени јадења. Зависи од периодот и од сезоната. Очекувано е да имаат некогаш периоди кога сакаат едно исто, но ако мора да издвојам тоа би било вака:

Максим: спанаќ, грав, путер од кикирики, боранија, јагоди.

Ника: грав, тестенини, леќа, јогурт, путер од кикирики, зелени сливи.

 

Рингераја.мк

Дали им помагате на другите мајки на Инстаграм со совети за здрава исхрана на нивните деца?

 

Весна, vkusniprikazni

Секогаш. Блогот е почнат со цел да го споделам своето скромно искуство на темата исхрана кај деца,тоа малку знаење што го поседувам и секако, сите рецепти кои ги правам годиниве наназад. Така сметам и дека треба еден социјален медиум да функционира. Со интеракција. Достапна сум за секакви совети, коментари, па и критики.

 

vkusniprikazni

 

Рингераја.мк

Како што можеме да забележиме, зад секоја фотографија се наоѓа некаква приказна. Вие исто така обожавате и да пишувате?

 

Весна, vkusniprikazni

Кога не зборувам, пишувам ( хахахаха ). Се шегувам, но навистина сакам писмено изразување. Особено кога треба да пишувам за емоциите на една мајка која жонглира помеѓу кариера и родителство, време и обврски. Генерално, сум пишувач и раскажувач, на моменти и премногу, но таа сум.

 

Рингераја.мк

На какви реакции од околината наидувате? Повеќето се позитивни, или има и негативни?

 

Весна, vkusniprikazni

Најчесто се позитивни, но имало и негативни. Позитивни се и оние како добронамерна изджрана критика која дава правец. Најчесто луѓето го поздравуваат овој тип на блогирање. Јас сум нетипичен блогер и нетипичен готвач. Спојувам два света на некој мој начин и понекогаш различното е мета на критики. Како што пишав, се’ додека не е лична навреда, за мене е позитивно.

 

vkusniprikazni

 

Рингераја.мк

Вие сте основач на познатата фејсбук група Здрава храна, здрави деца! (ЗХЗД). Дали мислите дека сте извршиле позитивно влијание врз мајките, за важноста на здравата храна?

 

Весна, vkusniprikazni

Јас сум еден од основачите на Здрава храна, здрави деца! (ЗХЗД), групата која свесно или несвесно даде печат на она што го правам денес и сосема гордо ќе кажам дека влијанието е огромно. Тоа го потврдувам секојдневно и се трудам и покрај многуте обврски да го надоградувам своето познавање. Во Македонија, веќе постојат родители кои навистина имаат големо познавање за храната, за трендовите, за методите и воопшто за напредокот на оваа комплексна тема. Многу ми е драго заради тоа.

 

Рингераја.мк

Кој тип на храна вашите деца најмногу го сакаат? Дали имате некој метод на хранење?

 

Весна, vkusniprikazni

Максим е веќе момченце од шест години и тој своите желби и начини на хранање ги има издефинирано. Тој сака секаква храна. Не се плаши да проба нов вкус, не се срами да побара ако нешто му се јаде. Но, кај него хранењето е споро и понекогаш лесно може да е проследено со дистракции.

Затоа пак, Ника ја започна авантурата наречена BLW ( Baby Led Weaning ) Бебето е водач на дохраната, односно, од почетокот се храни на поинаков начин и метод, самата се храни со парченца , без било каква помош од страна на родителот, како хранење со лажичка, пасирање на кашичка и сл. Таа јаде парчиња од седмиот месец. Нејзиниот стил на хранење е јасен и концизен. Таа седнува, јаде, се најадува. Во истиот момент кога ќе почувствува дека е сита, прекинува. Не постои начин да ја убедиш да дојаде.

Би кажала дека нејзиниот однос кон храната е поиздефиниран, иако и двајцата може да се издвојат како уживачи во храната. Околу типови на храна: Подеднакво сакаат и храна која се јаде со раце, и манџи или супи, салати, но и нешто што не се смета за класичен оброк, како тортиљи, веге плескавички, намази и сл.

 

vkusniprikazni

 

Рингераја.мк

Што ќе ги посоветувате мајките кои мака мачат да ги нахранат своите деца?

 

Весна, vkusniprikazni

Ова многу често го изјавувам, ама навистина го мислам тоа.

Прво: да се опуштат. Најчесто , проблемите ги правиме поголеми и понереални заради стравот и очекувањата кои ги имаме од ситуациите, од нас, а најмногу од децата. Треба малку поопуштен однос кон овој чин, но не и неодговорен. Тоа подразбира дека , наше е да спремиме, а нивно е да го направат изборот, и колку тој момент нам да ни се чини погрешен, треба да ја почитуваме нивната одлука, а не присилно да ги тераме да јадат. Честопати во прашање е само лош тајминг, па советувам да пробаат за кратко време подоцна. Можеби детето е уморно, можеби има дистракции ( телефон, телевизор, бучава ) па, не сака, но не значи дека после дремката нема да го изеде понуденото. Можеби не го сака тој начин на служење на храната, текстурата, изгледот. Наше е а се обидеме да го препознаеме коренот на незадоволството и да смениме пристап. Затоа, ако во тој момент бебето/детето не јаде, понудете му подоцна. Ние како родители по пат на храната им искажуваме емоции. Позитивни. Треба да се обидеме да внесеме хармонија во овој процес. Тие сакаат рутина, но не и едноличност. Сменете чинија. Ставете друга подлога. Побарајте совет. Или едноставно, дозволете некогаш самото бебе/дете да ве води и да ви покаже што сака/не сака. Тие многу добро го прават тоа.

 

 

Рингераја.мк

Како го поминувавте времето со две мали деца дома, за време на карантин? Дали творевте повеќе или бевте по малку исплашена?

 

Весна, vkusniprikazni

Јас воопшто не бев исплашена. Тоа не е заради тоа што го потценувам вирусот, туку заради тоа што навистина се држевме до сите препораки. Дури и работното место ми е од дома, непосредно по прогласување на вонредната состојба. Со две деца и постојана активност, како да се нема време за страв. Дури и вести не стигав да гледам, тотално си бев внесена во дневни менија, активности, надвор на воздух во природа. Не беше лесно, но бев спремна дека кога- тогаш ќе заврши. Доста активности поминати во кујна. Сепак, сега е веќе полесно. Иако, си внимаваме и понатаму на се’ што е препорачано. За сечие добро.

 

vkusniprikazni

 

Рингераја.мк

Збор-два за рингераја.мк?

 

Весна, vkusniprikazni

Во целост поддржувам портали кои  пишуваат за теми, кои откако ќе станеш родител имаат поинаква димензија. Навистина е важно да се пишува за било каква тема која е поврзана со сите прашања и дилеми врзани со родителството, децата, активности, вежби, рецепти па дури и посебно за мајките кога е во прашање бременоста, доењето, исхраната. Тоа се теми кои секогаш ќе бидат актуелни и важни, зашто директно се поврзани со љубовта. Само напред!

 

Рингераја.мк

Ви благодариме. Многу успех на секое поле!

 

View this post on Instagram

Времето денес ќе биде променливо облачно, со услови за краткотраен локален дожд во попладневните часови. Деновиве се потсетивме на вистинската пролет, која не носи само сончеви денови, туку и многу дожд, промена на температурата, ветер, но и студ наутро. Со тоа, пролетта е идеална за вируси, температури, растечени носиња, влажни кашлици. Со Максим некако, тој стрес кога е болен се намали, но Ника пред неколку дена прв пат имаше повишена температура. Мислам дека, како што врнеше надвор, таа плачеше и ништо не и беше убаво, омалаксана сета, додатно ни врнеше дома. Оброкот не е на Ника, туку е само потсетување на еден магичен напиток или салата, вистински борец против вирусите и добар пријател на нашите крвни зрнца верувам дека знаете, но сепак, мешавината од свежо цвекло, морков, јаболко и лимон е навистина потврдена комбинација. Подеднакво вкусна и како салата со семки од сончоглед, претходно малку тостирани. Ете, некои приказни потешко се раскажуваат кога нашите сакани не се чувствуваат добро, а особено ако не знаат да ни кажат што ги боли. Затоа, да посакаме што поздрави дечиња и што помалку тмурни денови. Салатата и рецепт за сокот ќе бидат поставени на блогот вечерва . . . . #kiddish #kidsfoodart #kidsfoodideas #foodart #foodartblog #foodforkidshealth #foodartblogger #healthyfoodblogger #foodartist #foodideas #raw #rawart #najmilinajmali #вкусниприказни #инстаграмџии #инстаграмџики #фотонаденот #фотонанеделата #деца #љубов #среќа #храна #мама #мамаблогер #мајка #мајкаблогер #инфлуенсермк #здравахрана #дожд #чадорче

A post shared by Вкусни Приказни (@vkusniprikazni) on Apr 16, 2019 at 10:51am PDT

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

И Хари Потер носи наочари...
Излегувате од лекарскиот кабинет, заедно со своето дете и се чувствувате многу збунети. Очниот лекар даде категорично ми...
4
Кога душата боли - психолог или психијатар?
Приказна за една предрасуда дека е подобро да се оди кај психолог зашто тој е за „здрави“, а не кај психијатар кој е за ...
4
Груб моторен развој I
Стандард 1 : Детето може да ја одржува рамнотежата на телото
3
16 работи кои не треба да ги кажуваме на д...
Некои од фразите - позитивни или повеќе негативни, кои ги користите во воспитувањето на своите деца, можат да имаат долг...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?