|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Интервју со Данијела Мартиновиќ

www.intervjua.com.mk, 12.6.2011
Популарната пејачка од Сплит зборува за младоста, но е за 40-тиот роденден, кој и’ се приближува. Исто така, ја коментира врската со Петар Грашо и начинот на кој се справува со озборувањата.

image
/11


 

 

Со која светска ѕвезда би сакале да настапите?

Апсолутно ја почитувам Селин Дион. Заради нејзиниот глас, животниот пат и прекрасните љубовни, но е деловни приказни. Ја сака музиката и ужива да биде на сцена, иако на почетокот од кариерата многумина велеле дека физичкиот изглед може да и’ биде пречка за постигнување успех. Никогаш не правела скандали и не била како Леди Гага, а во се’ е моќна.

Колку време Ви треба да завршите еден шопинг, Ве запираат ли луѓето во проданица?

Имам пријателка која застанува на врата и ми мери колку минути сум се задржала кога одиме да купуваме. Знам да се зазборам и целото време да им го посветам на луѓето. На некои таа минута внимание им значи бескрајно многу.

За кого денес снимате албуми, кога сите ги преземаат од интернет?

Тешко е, меѓутоа сметам дека никогаш нема да се случи промена ако сите размислуваме на тој начин. Затоа ќе останам доследна на себе. Ако 500 луѓе го купат моето цеде, тогаш тие 500 го заслужуваат тоа. Секогаш сум одела со глава низ ѕид, па ќе одам и сега.

Кои се Вашите адути?

Искрена сум и никогаш во животот не сум глумела за било што. Се’ што правам, го правам без калкулации.

Познати се многу работи за Вас, но не и е која била Данијела во далечното минато...

Родена сум на 15 јули 1971., како второ дете во семејството Мартиновиќ. Татко ми беше месар, а мајка ми домаќинка. Имам сестра Изабела, и двајца браќа - Денис и Иван. Од сите, јас бев најсрамежливото и најповлечено дете. Во еден период не можав ни да влезам во продавница ако видев дека внатре има некое машко. Во училиштето се истакнував во се’, не само во пеењето. Ги осмислував родендените, а кога добив можност да пеам на фестивали, го правев тоа маскирана, па еднаш се облеков како германската пејачка Нена. Сите велеа дека сум создадена за сцената и за шоу, а една професорка ми рече на крајот од осмото одделение да и’ се потпишам на парче хартија, затоа што некогаш тоа ќе вреди многу.

Кога престанавте да бидете срамежливи?

Доста брзо. Почнав да пушам на 13 години, а навечер излегував скришно од дома и се враќав наутро. Никогаш никој не ме откри, и воопшто немав страв, иако татко ми беше многу строг. Бев бестрашна и секогаш своја. Пеев и во црковен хор, одев во средно музичко училиште и правев секакви глупости.

Кои се Вашите предности, а кои маните?

Јас сум добар пријател и професионалец во работата. За луѓето што ми се верни ќе дадам се’. Мана ми е што мојот јазик е често побрз од мозокот. Се мешам каде што не би смеела, особено кога се работи за правдата.

Каква сте дома - хипокондар или лежерна?

Порано бев лежерна, но потоа влегов во женствена фаза во која домот ми е светиња. Сега го обожавам мирот и кога ми е се’ чисто. Ги сакам дружењата со пријателите, па најчесто кај нас се готви и се јаде. Блиските ме сакаат без шминка, во домашен аранжман, кој го надополнувам со шарена облека, за два броја поголема од онаа што е точна за мене.

Дали сте имале проблеми со килограмите?

Никогаш, и сите ме мразат поради тоа. Никогаш се немам запоставено, но хеднист сум и ништо не си ускратувам. Уживам во храната, па дури понекогаш толку се прејадувам што ми се смеат пријателите. Но, ако забележам дека сум претерала, две-три вечери по ред јадам само овошје. Редовно тренирам и секогаш внимавам на линијата.

Во јули ќе наполните 40 години. Дали Ви се ова „новите 20-ти“?

Дефинитивно. Понекогаш ми се чини дека другите имаат повеќе проблеми со годините отколку што имам јас. Жената во своите 40-ти може да роди и да доживее процут на кариерата. Поубава е, позгодна, посреќна и пополетна од било кога. Дури тогаш станува вистинска жена.

Како се чувствувате во близина на семејството?

Како дете. На татко ми и денес му седнувам во скут, а сестра ми, кога ќе ме види, ме дига и ме врти во круг. И брат ми не дига за „отприлика“ да ја процени мојата тежина. Сите ме гушкаат и ме мазат. Јас сум нивното галениче, без оглед на годините.

Се чувствувате како дете, но телото се менува. Кои промени не Ви се допаѓаат?

Имам брчки од смеење, но нив не ги давам. Целулитот и килажата никогаш не ми правеле проблеми. Имав непријатност со вените на нозете, па затоа ги оперирав. За ние не се виновни годините, туку генетската предиспозиција, скокањето на сцена и високите потпетици.

Своевремено се облекувавте во долги фустани, а сега во кратки панталони.

Изградив самосвест и навистина се чувствувам добро. Порано мислев дека ми се нозете дебели, поради што имав комплекси и недостиг на храброст. Сега веќе го немам тоа и самата себе си изгледам добро, а тоа е најважно за секоја жена.

Ве вознемируваат ли модните критики?

Жал ми е за секого кој ќе го помине животот коментирајќи и демнејќи некој друг, сликајќи го од зад грмушка. Луѓето што се задоволни од себе никогаш не зборуваат за туѓите животи. Критики од пријателите примам со задоволство, без оглед дали се добри или лоши.

За жените се понизок раст се вели „ситни и динамитни“. Колку експлозив се крие во Вас?

Јас сум мала експлозија - ќе пукнам, ќе викам, ќе пеам, ќе скокнам на маса... Но, се’ правам од душа и од срце.

Дали некогаш се случува да опцуете, макар додека возите?

Ние далматинците сме такви, темпераментни, а некои вулгарности се дел од нашиот природен речник. Но, се трудам тоа да биде само кога сум сама или со своите најблиски.

Што велите за озборувањето дека Вашата врска со Петар Грашо е само параван за медиумите?

Супер ми е тој трач. Се’ уште не сум го слушнала. Ма, кога ќе сфатиш што е важно, а што не е, тогаш неважното не може да те исфрли од колосек. Јас знам која сум, каде сум и со кого сум. Сигурна сум во тоа и вистински сум среќна од својот живот.

Колку време сте во врска?

Не знам точно, бидејќи љубовта тргна од искрено пријателство. Но, бројката е двоцифрена.

Дали успеавте да се изборите против претворањето на врската во навика?

Или го имате вистинското нешто, или го немате. Не треба да се борите против тоа. Ние едноставно - живееме и сме среќни.

Дали како хороскопски Рак сте несигурни, се плашите ли дека ќе го загубите?

Таквите работи немаат основа во хороскопот. Несигурноста се јавува кај луѓето на кои им недостасува сознание за нивната вредност. Во оној момент кога ќе сфатиме дека околу нас се случуваат само работите што ги сакаме, тогаш нема причини за страв.

Во врска сте, но не и во брак. Ви забележуваат ли од семејството заради тоа?

Луѓето се подготвени да поставуваат прашања затоа што сакаат да не’ вкалупат и да не стават во креденецот, во кој самите припаѓаат. Немам проблем со тоа. Знам активно да слушам и знам многу добро да одговорам на тие прашања. Велам - мојот живот е моја одговорност - и тука престанува секој разговор. Тоа никогаш нема да ве праша човек, кој е задоволен со својот живот.

Од што се згрозувате?

Од луѓето кои се подготвени да ги измамат сите околу себе кога ќе дојдат на власт. Ми текнува на нечии баби, мајки и татковци, кои работат чесно, а овие им земаат се’. Гадно ми е тоа и од нив добивам нагон за повраќање. Кај нас има се’ повеќе такви кои лажат и им го земаат достоинството на луѓето.

Кое е најлудото нешто што сте го направиле во последните десет години?

Танцував на хауба од автомобил во движење. Возеше пријател и беше многу добра атмосферата. Неверојатно и незаборавно.

Дали од некој обожавател сте добиле неморална или брачна понуда?

Неморална не, а брачни имало. Еден господин клекна пред мене со цвеќе во раката и ме побара за жена. Една понуда стигна и преку парче хартија, а друга на и-меил, но ништо не беше многу сериозно. Мислам дека луѓето само добро се забавуваа, исто како и јас.

Што на ова вели Петар?

Вели: „Знаат луѓето што вреди, затоа јас и го имам тоа“.

Дали сте љубоморни - Вие и тој?

Не. Љубомората е знак на несигурност. Ако нешто треба да се случи, тоа ќе се случи. Нема смисла да се троши времето на илузорни проблеми, кои можеби никогаш нема да дојдат. Ако има тешки моменти, ќе ги прифатиме кога ќе се случат, а дотогаш - ќе уживаме.

Каков е Вашиот став за хомосексулните врски?

Немам ништо против, но не сум за тоа да ги бараат своите права на улица. Постојат злоставувани жени и деца, измамени луѓе... Тие треба да бараат права. Од сексуалната определба не смее да се прави циркус.

А што мислите за хомосексуалните двојки и посвојувањето деца?

Не знам што да кажам. Сепак, мислам дека е подобро детето да расте опкружено со љубов, во дом на хомосексуална двојка, отколку да биде злоставувано од хетеросексуалци.

Дали Вие имате размислувано за посвојување дете?

Да, и мислам дека е тоа прекрасен чин, но не е лесно. На детето треба да му се посветиш, бидејќи тоа не е домашно милениче, па затоа добро размислив. Се работи за одговорна и голема улога во животот.

За што сонувате?

За среќна старост со многу деца, внуци и пријатели. За среќа и задоволство, за куќичка во цвеќе, за радост... Да можам на крајот да кажам: „Ти благодарам Господе за убавиот живот“.

 

 

Преземено: intervjua.com.mk

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Вештачката интелигенција ги управува апара...
Паметен дом (Smart Home) е концепт во кој сите главни апарати за домаќинството имаат функции напојувани од алгоритми за ...
4
Капите како моден додаток
Капите се нешто што мора да го имате како зимски додаток затоа што се клуч за подобар изглед во комбинација со било кој ...
3
Фотографии: Првиот концерт на Северина
По долгата пауза од бременоста и породувањето, Северина го одржа првиот концерт во преполната дискотека Аурора во Далмац...
3
Анџелина Џоли повторно блеска!
Анџелина Џоли и Бред Пит присуствуваа на берлинската премиера на филмот „World War Z“
3




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?