|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Интервју со Андријана Јаневска

Барбара, Редакција Рингераја, 15.9.2011
Ексклузивно интервју со Андријана Јаневска, која што само пред 20-тина дена стана мајка.

image
/151


 

Андријана Јаневска е родена во Скопје, каде моментално живее и работи. Редовно е вработена во Македонската Опера и Балет, како прва виолина. Свири и пијано, а првата композиција ја има напишано на 11 години. Музичката наобразба ја започнува во нижото музичко училиште на 6 годишна возраст, продолжува во средното музичко училиште, а дипломира на Факултетот за Музичка Уметност во Скопје на отсекот виолина во 2004 година. Моментално ги заврши магистерските студии на отсекот „Музичка теорија и педагогија.

Веќе 10 години активно членува во женскиот камерен хор „Св. Злата Мегленска„.

Две години беше редовен професор по виолина во музичкото училиште во Куманово, а веќе неколку години предава солфеж, теорија на музика, естрадно пеење и пијано во музичкото училиште „Ентерпрајз„ во Скопје.

 

Извор: www.andrijana.com.mk

 

Редакција Рингераја:

Најпрвин да Ви се заблагодариме што одвојувате време за ова интервју и да Ви посакаме многу здравје и долг живот на Вашиот син Димитар.

 

Андријана:

Ви благодарам за искрените честитки!

 

Редакција Рингераја:

Како се чувствувате во новата улога- улогата на мајка, со оглед на тоа што се породивте пред само (20-тина) дена.

 

Андријана:

Се’ уште се прилагодувам на новата улога со оглед на тоа дека сето ова за мене е ново. Првата седмица беше најтешка во смисла на недостаток на сон, непознаници околу доењето, но тоа го надминав и сега се галиме и уживаме. Инаку јас се чувствувам одлично, како никогаш да не сум родила.

 

Редакција Рингераја:

По препорака на Вашиот доктор Ѓорѓи Стамболиев се породивте во Клиниката за гинекологија – Чаир. Какви беа условите и дали жалите што не се породивте во некоја од приватните клиники?

 

Андријана:

Не само што не жалам, туку на сите идни мајки ја препорачувам. Една огромна благодарност до целиот персонал, од сестри до доктори, особено до др. Јегени кој ме породи. Се породив по природен пат, брзо и лесно. Во 8 часот бев во болница, во 16 часот се породив. Условите беа одлични, персоналот љубезен.

 

Редакција Рингераја:

Бевте активна во текот на целата бременост. До завршувањето на мајските оперски вечери свиревте во оркестарот на МОБ и цело време држевте часови во приватното музичко училиште на Валентино Скендеровски. Како го поминавте последниот триместар од бременоста, имајќи го во предвид фактот што ова лето беше пеколно жешко?

 

Андријана:

Целата бременост ми беше лесна. Често пати на шега велев да не ми беше стомакот, немаше да знам дека сум бремена. Ниту во првиот триместар немав гадење, повраќање, а во третиот пак, бев многу подвижна што само ми помогна полесно да издржам. На пример, во 7ми месец, додека го подготвуваме концертот со учениците од Ентерпрајз, одев и се враќав пешки од дома до центар (а живеам во Бардовци); кога бев 8ми месец бевме со сопругот на одмор во Охрид, каде што цело време пливав, а секоја вечер задолжително шетавме по неколку километри. Во последните денови пред породување, бев неколку пати и на планина (и пред бременоста планинарев), но овојпат се разбира, без претеран напор. Значи, на идните мајки им препорачувам да бидат што поактивни за да имаат лесно породување.

 

Редакција Рингераја:

Дали во текот на бременоста забележавте поголема музичка инспирација и промени во сите области на Вашата кариера и творештво?

 

Андријана:

Да, со оглед на тоа што за девет месеци напишав 15-тина песни. Бременоста ја доживеав како период на сплотување со самата себе, некако го најдов она што долго време го барав... Песните едноставно излегуваа од мене, без најмал напор, како отсекогаш да биле напишани и само чекале миг да излезат од мене. Се надевам дека во наредниот период ќе имам можност да ги спакувам во албум.

 

Редакција Рингераја:

Станавте магистер по музички науки на отсекот методика на музичка настава, откако претходно ветивте дека прво ќе магистрирате, а потоа ќе станете мајка. Дали со таа одлука планиравте комплетно да се посветите на мајчинството?

 

Андријана:

Се разбира дека моментално приоритет е мојот син, кому во овие моменти најмногу му требам. Отсекогаш сум сметала дека за се’ во животот треба баланс, па така, ниту сметам дека жената треба да биде кариерист по цена на децата, ниту да биде затворена дома само со децата без да може да даде придонес со другите нејзини квалитети. Сега засега уживам во пеењето приспивни песни на моето дете.

 

Редакција Рингераја:

Дали Вашиот сопруг Гино – гитарист во групата “Архангел” Ви помага околу обврските со Вашиот син Димитар?

 

Андријана:

Ми помага околу техничките работи: набавка на пелени, капки, креми, се’ што е потребно за бебето, а и негова обврска е капењето на Димитар. Многу е важно и таткото да учествува во одгледувањето на детето колку што е можно повеќе.

 

Редакција Рингераја:

Дали се споиви улогата на мајка и улогата на музичка ѕвезда. Како планирате да ги усогласите тие две улоги?

 

Андријана:

Се’ може да се постигне со љубов и добра организација. Детето во ниту еден момент нема да дозволам да трпи заради мојата кариера, туку ќе се трудам да направам рамнотежа, затоа што подеднакво е важно да бидете исполнета и како мајка, но и како жена.

 

Редакција Рингераја:

Дали ги користевте информациите на Рингераја.мк во периодот на бременоста и дали ќе ги користите сега откако знаете за неа, во периодот на раст и развој на Вашиот син Димитар?

 

Андријана:

Со оглед на тоа што сум интернет зависник, ниту мојата бременост не помина без Рингераја, и ви благодарам за тоа. Животните искуства на мајките кои пишуваат на вашиот форум се еднакви на енциклопедија!

 

Редакција Рингераја:

Под уставното име ја претставивте Македонија на европскиот музички натпревар Eurovoice, што се одржа во Грција, ланската година. Како успеавте да го постигнете тоа и дали сметате дека политичките проблеми треба да останат надвор од светот на музиката?

 

Андријана:

За жал, ниту во светот на уметноста не изостануваат политичките проблеми. Успеав да се изборам да се претставиме под уставното име со тоа што побарав поддршка од останатите учесници кои застанаа на моја страна. Моите напори резултираа со успех затоа што го доведовме во прашање одржувањето на фестивалот, па така организаторот мораше да попушти.

 

Редакција Рингераја:

Што Ви беше најтешко, а што најлесно во музичкиот свет? Од кого научивте најмногу во сите овие години?

 

Андријана:

Секоја работа си носи свои убавини, но и потешкотии. Бидејќи кариерата ја започнав со неполни 16 години, ми беше многу тешко да ги усогласам училишните обврски со вечерните настапи кои во тој период ми беа многу чести, речиси секој втор ден. Па така, честопати се случуваше додека патувам за настап, да ја учам новата лекција за на училиште. Но, сето тоа помина и сега ми е само убав спомен. Инаку, најмногу сепак се учи од самиот себе. Иако се вели - гледај да се учиш на туѓите грешки, кај мене тоа потешко одеше, па морав да се учам на сопствените.

 

Редакција Рингераја:

Што изгуби македонската музика откако го изгуби Тоше Проески?

 

Андријана:

Освен што беше извонреден музичар (не само интерпретатор, туку и автор, инструменталист) Тоше беше исклучително воспитан, културен, љубезен... Голем другар. Тој беше наша (а и балканска) најголема ѕвезда, а сепак беше толку приземен и нормален. Не изгуби само македонската музика, туку се’ што е поврзано со Македонија. Сепак, тој беше наш амбасадор низ светот.

 

Редакција Рингераја:

Што Ве прави најмногу среќна?

 

Андријана:

Многу нешта ме прават среќна; мојата работа како виолинист, наставник, композитор и пејач, дружбата со природата преку планинарење, запознавање на целиот свет преку патувања, дружење со пријателите, читање книги, спортување, ручек со моето семејство... Но, сето тоа како да ја изгуби големата важност откако станав мајка. Секој ден му се заблагодарувам на бога што ми ја довери оваа улога и што кончно сфатив која е смислата на мојот живот.

 

 

Рингераја му посакува долг живот и многу здравје на Димитар! slikce

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Највисоко ниво на хигиена за вашето семејс...
Пролетта редовно ја дочекуваме со планови, меѓу другото, за генерално чистење на домот со кое дефинитивно ќе и кажеме зб...
8
Создадете подобар живот
Својот живот го заробувате во негативни мисли и енергија ако го трошите на она лошо што може или би можело да се ...
2
Во шопинг по совршена венчаница
Што треба да имате на ум…( 6 совети за купување венчаница)
2
Може ли да ослабам, ако дојам?
Запомнете: за време на бременоста вишокот килограми не сте ги добиле преку ноќ, затоа и сега не очекувајте дека можете ...
2




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?