|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Интервју: Др. Митка Тренчева

Редакција Рингераја, 4.5.2010
Со посебно задоволство и почит ја претставуваме Др.Митка Тренчева, докторка - педијатар.

image
/11


Прим. Др. Митка Тренчева завршила Медицински факултет и специјализација по педијатрија на Детска клиника во Скопје. Во Здравствен дом Скопје работела во повеќе амбуланти и диспанзери за деца. Од 2000 до 2007 година, таа како началник ја води службата за здравствена заштита на децата на територијата на Кисела Вода. Др.Митка е активен член и на претседателството на здружението на педијатри на Македонија, а како член на Лекарската комора учествува и во комисии за полагање на државен испит на младите доктори.

Учествувала на повеќе конгреси во земјата и странство во свои трудови. Од 2007 година, со реформирање на примарната здравствена заштита работи како матичен педијатар, концесионер во поликлиниката “Јане Сандански.”

Со цел да ја доближиме до вас,  ја посетивме и дознавме нешто повеќе за неа.

РР: Каква беше Вашата реакција кога дознавте дека сте бремена и на кој прв му кажавте?

Др. Митка: Бев пресреќна, а исто така и мојот сакан, на кого и прво му кажав.

РР: Дали откако дознавте дека сте бремена веднаш почнавте да се однесувате како трудница? Дали ги имавте оние симптоми на мачнина, гадење, повраќање?

Др. Митка: Можам слободно да кажам дека бев една од оние трудници, кои немаа посебни проблеми со бременоста, освен зголемен апетит.

РР: Дали имавте страв од породување и какво беше вашето искуство во онаа психолошка фаза низ која минува секоја родилка по породувањето?

Др. Митка: Бидејќи и јас и сопругот сме доктори, на некој начин бевме подготвени за целата работа и воопшто немаше место за страв. Се течеше нормално, па во основа тоа е природен процес и кај оние бремености кои течат нормално не треба да постои страв од завршниот чин.

РР: Во која мера кариерата на родителите влијае врз децата?

Др. Митка: Влијае и тоа навистина многу, бидејќи се одвива пред нив. Така многу често децата тргнуваат по стапките на родителите и ја избираат нивната професија.

РР: Што Ви е најважно да ги научите своите деца?

Др. Митка: Да ги ценат вредностите во животот, семејството, работата, да имаат самодоверба, да се самостојни и успешни.

РР: Кој е Вашиот метод на воспитување?  

Др. Митка: Разговор, и таму каде што може практични примери што е добро, а што лошо.

РР: Колку денешните деца имаат внимание од своите родители, еве Вие сте во светот на успешните и сигурно имате и таков круг на пријатели, успешни, деловни луѓе кои имаат многу малку време за себе и семејството. Па какво е вашето размислување за ова прашање?

Др. Митка: Колку и да е важна кариерата на една личност, секогаш треба да најде време за своите деца, бидејќи во секој период од нивното растење потребна е грижата, вниманието, советот и љубовта на родителот. Пропуштеното тешко се надополнува, а кај децата се јавуваат проблеми кои честопати бараат и лекарска помош. 

РР: Колку родителите треба да вложуваат во воспитувањето за да ги изведат децата на прав пат?

Др. Митка: Семејството е прво и основно за одгледување и воспитување на детето. Од самото семејство ќе зависи како детето ќе се изгради како личност, и емоционално и физички и како понатаму ќе се надоградува во образовниот систем и воопшто во животот.

РР: Колку Вашите обврски одземаат време и дали сметате дека сепак времето поминато со своето семејство е незаменливо со ништо друго?

Др. Митка: Мојата работа ми одзема многу време, но се трудам сепак колку што можам да се посветам и на семејството, особено деновите за викенд, кога сите сме заедно.

РР: Дали е тешко да се биде истакнат доктор и успешен родител?

Др. Митка: Ако се сака, ништо не е тешко.

На крај Благодарност до Др. Митка, која секогаш е насмеана и расположена за совет кога се нашите најмили во прашање. Чест ни е, што еден успешен педијатар како Др. Митка даде интервју за редакцијата на Рингераја.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Крал Волкашин и Марко Крале
Македонски народни приказни
4
Раст и развој на детето
Сложеноста на развојот на секое дете се состои во развојот на обликот и видот на способностите, како што се: моторни, ем...
3
Како да го промените разгаленото дете
Дали вашето дете е мало чудовиште? Ставете крај на бесот и барањата со овие наши совети.
3
Вие го воспитувате добро, тоа се однесува ...
Вашето дете не сака да ги поздрави соседите во лифт, или ја фрла хартијата од чоколадо на под, а Вие го воспитувавте да...
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?