|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Интервју: Др. Лидија Ристовска

Редакција Рингераја, 4.5.2010
Др. Лидија, ни раскажува за семејствотото, домот, здравјето на жената.

image
/11


РР: Што за Вас претставува семејството? Колку родителите треба да вложуваат во воспитувањето за да ги изведат децата на прав пат?

Др. Лидија: За мене моето семејство и сите други семејства со кои секојдневно се среќавам се апсолутно свети. Тоа е света заедница меѓу маж и жена достојна за почит. Ме боли душата кога слушам и гледам семејства кои не се заедно. Тоа е многу болно. Родителите живеат за своите деца. Родителите несебично, во овие услови мораат да се вложат за доброто на своите деца. Она што недостасува кај мојот народ се вредносни критериуми: што е од Бога, а што не е од Него, што е добро, а што е зло, што е морално, а што неморално? Нема морал без вера, без слушање богослужба на својот мајчин, македонски јазик. Оние народи кои го слушаат Бога се благословени. Затоа и ние Македонците треба да го слушаме Божјиот збор за да станеме благословен народ и да не останеме заглавени во многуте гревови, кои нашите деца опасно ги наследуваат. Треба да се стави точка на тој тренд.

РР: Каква беше вашата реакција кога дознавте дека сте бремена, каква беше реакцијата на вашиот сопруг? Како беше со втората и третата бременост?

Др. Лидија: Жената се спасува преку раѓање на деца, тоа е христијански став. Првото дете го родив на 23 години, второто на 27 години, а третото на 37. Сите три бремености беа посебни. Особено бев изненадена од третата бременост, беше неочекувана, а беше толку убаво прифатена од семејството. Бев помалку исплашена, помалку несигурна како ќе се справам со обврските, но Бог ми дава секогаш сила и со леснотија поднесов се. Сопругот беше прекрасен и ми беше најголема телесна поткрепа во тие моменти. Најголема духовна поткрепа ми беше Божјиот збор, преку Библијата.

РР: Дали имаше страв од породување и какво беше твоето искуство во онаа психолошка фаза низ која минува секоја родилка по породувањето? Колку вашиот сопруг беше инволвиран во обврските околу децата, а колку е инволвиран сега?

Др. Лидија: Моето лично искуство со раѓањето на децата е многу позитивно. Имав лесно породување, уживав во породилните болки, тоа е нешто посебно. Секоја жена треба да се соочи со тие моменти. Преку раѓањето се случува созревање на личноста на секоја жена. Тоа Бог го дозволил со некоја цел. Секоја жена, но и секоја личност во еден период од животот може да падне во депресија, за тоа нема коментар, без оглед на професијата, авторитетот или образованието. Големата дилема е начинот на кој со истата треба човек да се избори. Јас го препорачувам здравиот начин на исхрана, одморот, прошетките, кругот на најблиските, Божјиот збор, молитвата, а никако антидепресивите, анксиолитиците и невропсихијатрите. Мојот сопруг е многу посветен на сите три деца и целата своја енергија ја насочува кон нив.

РР: Во која мера кариерата на родителите влијае врз децата?

Др. Лидија: Доколку децата чувствуваат дека вашата кариера им е токму нив посветена, тие ви возвраќаат со иста мера. Забрането е оттуѓување од своите деца, за да се постигне кариерата. Ќе цитирам една моја пријателка:“Семејството што се моли заедно, останува заедно”, а јас ќе додадам во сите искушенија и радости.

РР: Како успевате на децата да им дадете до знаење дека “НЕ” е навистина “НЕ” ?

 

Др. Лидија: На сите родители им е јасно дека тоа е тешко. Она што го заклучив од мојот светоглед е дека до 10-тата година од животот на децата, доминантен лик е нивната мајка, а по тој период на децата дефинитивно им е потребно присуството на таткото и неговата строгост. Мајката потешко го применува својот авторитет кај тинејџерите ( се смее Др. Лидија ).

РР: Што Ви е најважно да ги научите своите деца?

Др. Лидија: Да веруваат во Бог, да ја спознаат Божјата премудрост и да ја применуваат најголемата негова заповед “Сакај го Бога со сета своја душа, срце и разум и љуби го ближниот свој, како што се сакаш себеси. Прави го на другите само она што сакаш да ти го прават.” Ги воспитуваме да имаат христијанска вера, но да имаат и христијански дела. Во се што создаваат во животот да ги вплетат своите “ пот и солзи”, за да биде благословено од Бога.

РР: Како реагираат децата кога поради обврските Ве нема подолго во домот? 

Др. Лидија: Едноставно знаат дека мама е на работа, но знаат дека и тие треба да работат кога ќе пораснат. Христијански принцип е “кој не работи, нека не јаде”. Работењето од изгрејсонце до зајдисонце е наш семеен принцип и истиот им го пренесуваме и на нашите деца. Во книгата Пословици е дефинирана добродетелната, библиска жена. За оние кои сеуште не ги прочитале тие стихови можеби ќе биде шокантно сознанието дека, жената христијанка е всушност бизнисменка, која успева да се грижи за својот дом, за удобноста на своите деца (ако види нива, ја купува), ноќе не и гасне светилката, не го јаде својот леб во леност, таа е како трговски кораб, оддалеку си носи храна... Значи Божјиот збор ја дефинира како мудар генератор и позадина на својот успешен сопруг. Таа самата треба да си го заработи својот леб. 

РР: Кој е вашиот метод на воспитување, дали секогаш се решавате со разговор или некогаш помага и она старото, плескање по газе?

Др. Лидија: Пред се со разговор. Јас имам малку поимпулсивен пристап, но мојот сопруг, кој е и помошник проповедник е мој вистински коректор и секогаш со децата дилемите ги решаваме со разговор и примери од словото Божјо.

РР: Колку денешните деца имаат внимание од своите родители, еве вие сте во светот на успешните и сигурно имате и таков круг на пријатели, успешни, деловни луѓе кои имаат многу малку време за себе и семејството. Па какво е вашето размислување за ова прашање?

Др. Лидија: Се што ни се случува, дали е дружење со пријателите, изложба, меморијал итн. Ги инволвираме и нашите деца. Тие учествуваат во се. Тие го живеат и нашиот живот. Се трудиме да го почувствуваат нашето присуство покрај нив каде и да се... да се чувствуваат сакани, да ја чувствуваат хармонијата во нашиот дом и брак.

РР: Колку вашите обврскии одземаат време и дали сметате дека сепак времето поминато со своето семејство е незаменливо со ништо друго?

Др. Лидија: Докторската професија одзема многу време (немате работно време), енергија (интерферирате со личностите, културата, расположението на своите пациенти, што неминовно ви ја црпи енергијата, радоста, зошто пациентите едноставно ја оставаат најнегативната енергија), што ви предизвикува таков стрес, да не можете да си дојдете на себе. Семејството е вистински Диазепам од 5 мг. По напорниот и стресен работен ден – семејството и љубовта што се примопредава во неговите рамки. Мојот сопруг отсекогаш бил и ќе биде мој личен советник, менаџер, тренер, мојата најголема љубов. Знаете, на докторите по многуте контакти во текот на денот им се случува навечер, дома, парадоксално да почувствуваат голема осаменост. Децата ви го даваат тоа чувство дека некому сте потребни, дека некој има потреба од вашата љубов. Да, незаменливо е семејството.

РР: Дали е тешко да се биде истакнат доктор и успешен родител?

Др. Лидија: Апсолутно не е тешко, со Божја помош! 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Забраните и детето
Како да го научиме детето да ги почитува забраните? Дали зад неговата непослушност стои наша грешка?
3
10 совети за родителите во Новата Година
Нова Година...нови одлуки и решенија, важни за Вас и за Вашите најмили.
3
Мир со свекрвата?
Има снаи кои ја сакаат свекрвата речиси колку сопствената мајка (дури и повеќе!). За жал, ова е исклучок. Обично односит...
3
Што да направите кога детето ви се спротив...
Доаѓа момент во кој детето не само што не ги исполнува кажаното од вас, но и ви се спротивставува . И што сега? Која тре...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?