|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Интелектуално стимулирање на децата

Редакција Рингераја, 30.8.2011
Во последно време е многу модерно да се разговара за интелектуалното стимулирање на децата. Да не зборуваме дека скоро за секоја играчка на пазарот се тврди дека развива некакви интелектуални способности кај детето.

image
/11


 

Детството на нас родителите, не беше исполнето со толкаво изобилство од интелектуално стимулирачки играчки, па почнавме да се прашуваме дали заради тоа имаме некаков интелектуален недостаток. Еве какви одговори пронајдовме:

 

Логичко размислување

Во оваа насока, логично е да се започне од идејата дека тешкотиите предизвикуваат размислување, или поточно, ако нема надмината тешкотија, нема и постигнато знаење и успех. Тоа донекаде објаснува зошто секој почеток е толку тежок. Кога зборуваме за децата, она што би ги стимулирало нивните интелектуални способности е логичкото размислување. Тоа е тесно поврзано со одредувањето на причинско последичните врски. Логичкото размислување е системот по кој детето ќе почне да го надградува своето знаења животот и светот и постепено ќе станува комплетна личност. На почетокот се започнува со одреден број на концепти и дефиниции, кои детето ги усвоило од сопствено искуство и набљудувања. На пример, знаењето за гравитација постои уште во најраната детска возраст. Тоа и кога е сосема мало сфаќа дека ако фрли предмет, истиот ќе падне долу, а нема да лебди во воздухот. Другото основно знаење за кое Вашето дете сигурно знае е процесот на растење од кои семето се претвора во цвет. Тоа на прв поглед е незначително, па дури и нормално познавање за нас, возрасните, но е многу важно за детето бидејќи на тој начин го објаснува животниот циклус – раѓањето, растењето, развојот и смртта. За да го провоцирате детето да се заинтересира за природата и нејзините закони, можете да пребарувате растителни видови во паркот, градината или ливадата. Откритието е клуч за да го заинтригирате детето. Кога знаењето е стекнато по пат на искуство и пракса тогаш има јасна причинско-последична поврзаност и останува во свеста на детето, чекајќи да влезе во употреба во соодветна ситуација. Учењето на дефиниции кои детето не ги разбира е сосема непотребно и бесмислено. Затоа преку игра, внесете го детето во светот на познанието.

 

Креативност и творечко мислење (како да ја стимулирате имагинациијата кај детето)

Немојте да мислите дека на детето нема да му биде потребно креативно и уметничко стимулирање, бидејќи не сметате дека Вашето дете ќе стане артист, уметник или пејач. Без разлика каква ќе биде неговата професија, имагинацијата ќе има огромна заслуга за неговите евентуални успеси и ќе му ги отвори вратите за нестандардните решенија и идеи, кои во повеќето случаи се високо вреднувани и ценети.

 

Кои играчки го стимулираат интелектуалниот развој, а кои не?

Како да се направи избор меѓу изобилството на детски играчки коишто ги нуди пазарот? Треба да се раководиме од некои критериуми. За една играчка да се нарече стимулирачка, треба да не содржи одредена структура или систем. Најлесен е примерот со цртањето и бојата. Кога детето црта тоа создава, користејќи ја сопствената имагинација, која обојува, тоа дава боја на готови контури и она што би го стимулирало е да не излегува од контурите. Додека пак цртањето му дава слобода само да создава слики и форми. Кога се прашувате каква играчка да купите за своето дете подобро е да се насочите кон изворните материјали со кои детето ќе може да создава преку сопствената имагинација. Под изворни материјали се подразбираат моливи, пастелни боички, бел лист хартија, пластелин, глина. Можете да ја разбудите неговата креативност ако додадете материјали соодветни за применета уметност – лисја, гранки, лепило, ножички, разни копчиња, како и ситните орнаменти кои ќе ги најдете во заборавените шкафови во својот дом. Можете да му објасните на детето како се прави колаж и заедно со него да креирате различни експериментални проекти, без да барате од детето да остварува некоја однапред замислена тема. На овој начин, освен што ќе му биде исклучително забавно, детето преку пракса ќе ги развива интелектуалниот развој. Кога гледа дека создава различни убави предмети од, на прв поглед непотребни и безлични материјали, детето ќе развие доверба во сопствените способности и ќе добие креативен поглед кон предметите. Така ќе ја стимулирате неговата креативност, а тоа е корисно за неговиот развој, без разлика во која насока ќе се развива и  каква професија ќе врши. Има еден момент на кој треба да се внимава кога станува збор за развојот на креативните заложби на детето: никогаш не ги критикувајте неговите “чкртаници” и не ги исмејувајте неговите креации потчукнувајќи го по главичката со зборовите :”од тебе никогаш нема да биде уметник”, бидејќи на тој начин дејствувате многу демотивирачки на детето и ја убивате неговата желба да се обидува и понатаму.

Само преку искуството и системските напири се разбиваат интелектуалните вештини, без разлика дали станува збор за цртање, пеење, или логички способности. Пронајдете некаква пофалба за неговите креации.

 

Детето и уметноста

Сите деца ја сакаат уметноста. Освен преку цртањето, кое сите деца го сакаат многу, можете да раскажувате за слики, да го поттикнете детето да создава приказна од сликите и да раскажува за сопствените цртежи. Така истовремено ја стимулирате неговата имагинација, бидејќи така детето ја смислува приказната и наоѓа соодветни зборови за да се изрази. Ова е многу важно за неговиот развој, а исто така ќе му помогне во комуникацијата со другите деца, што е предуслов за успех во училиште.

Друго нешто што е добро за развој на креативноста е драматизацијата. Заедно со детето направете заплет на дејствието, фантазирајќи. Така ќе го направите среќно, а и ќе го развиете неговото чувство за емпатија.

Специјалистите тврдат дека чувството за емпатија се појавува околу 10-та година, но сепак, за да се појави, потребно е да се изградат предуслови.

Има уште една забавна игра со која ќе го стимулирате размислувањето кај детето, а и ќе се забавувате. заедно измислете приказна на која ќе бидете заеднички автори. Детето нека ги измисли ликовите на приказната, а Вие помогнете му сето тоа да го преточи на лист хартија. За таа цел ќе ви требаат листови, моливи или фломастери, картон за насловната страна, ножици, игла и конец. Шиењето на книгата секако е Ваша задача , но детето треба да го следи процесот. Оваа игра е погодна за деца над 4-годишна возраст. замислете само колку стимулирачки ќе делува на Вашето дете да се прави книга и колку ќе биде гордо кога, со Ваша помош, ќе ја заврши книгата. По неколку години, првата книга на малиот писател ќе биде скап сувенир за целото семејство.

Потребно е само малку време и малку креативност од Ваша страна за да му покажете на детето колку интересни работи може да прави и никогаш да не му биде досадно. Така ќе ги замените играчките кои се форсираат во последно време и ќе заштедите средства за уште една играчка која ќе биде актуелна само неколку часови, а потоа ќе потоне во огромниот куп играчки, во собата на Вашето дете.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Што е булинг?
Булингот е секоја форма на непосакувано и агресивно однесување во училиштата, кое не застанува таму, туку продолжува да ...
4
Раст и развој на детето
Сложеноста на развојот на секое дете се состои во развојот на обликот и видот на способностите, како што се: моторни, ем...
3
Вие го воспитувате добро, тоа се однесува ...
Вашето дете не сака да ги поздрави соседите во лифт, или ја фрла хартијата од чоколадо на под, а Вие го воспитувавте да...
3
Др. Ранко Рајовиќ: Родители, разбудете се
Интервју со Др. Ранко Рајовиќ – МЕНСА
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?