|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Имате немирно дете? Вие сте среќен родител!

Редакција Рингераја, 14.10.2015
Со вакви деца не е лесно, но треба да ве теши фактот дека ќе израснат во успешни и способни луѓе

image
/11


 

Значи, вашето дете е темпераментно. Па, имаме новости за вас – вие сте среќен родител.

Вистина е дека темпераментните деца можат да бидат вистински предизвик за младите и неискусни родители, но ако тие добро се информираат и влозат труд и време во одгледувањето на темпераментно дете, можеме да ви ветиме дека тоа ќе израсне во сјаен и бистар тинејџер.

Со внатрешната мотивација и големата движечка сила, ваквите деца кога нешто ќе наумат – тоа и ќе го остварат. Ако родителите ја совладеат сопствената потреба и притисокот на околината за да ги запрат, темпераментните деца често стануваат лидери во различни области – во друштвото, во спортот, во кариерата.

Што е всушност темпераментно дете? На некои родители на кои им е тешко да се борат со вакво дете, ќе ви кажат дека тоа е тврдоглаво и тешко. Но јакиот карактер може да се гледа и од друг аспект – тие ќе израснат во луѓе со интегритет, на кои не е лесно да им се наметне мислење.

Темпераментните деца сакаат сами да ги искусат работите во животот, а не сакаат на тацна да прифатат она што им е сервирано. Очајнички сакаат да бидат господари на својата судбина, а понекогаш својата желба да бидат во право ќе ја постават како приоритет. Темпераментните деца имаат силни чувства и исто така силно ги покажуваат, живеејќи со полни гради.

 

Со малите немирковци морате  да постапувате внимателно

Многу често темпераментните деца се склони на жолчни расправии со родителите. Сепак, имајте на ум дека  за кавга се потребни двајца. Не морате да реагирате со викање секогаш кога детето ќе ве испровоцира. Ако сте во состојба длабоко да вдишете и да се потсетите себеси дека  е можно и најмалата расправија да се претвори во тешка кавга, а повторно да не го постигнете она што го сакате, ќе се научите како да ги избегнете овие ситуации.

Со изнаоѓање на решение од кое детето ќе биде задоволно, наместо еднострано поставување правила кои дури не сакате да му ги објасните на детето, ќе постигнете две битни работи – вашето дете нема да биде експлозивно, бидејќи нема да има потреба од тоа и второ – ќе го научите на основните вештини на преговарање и постигнување на компромис.

Темпераментните деца не се само тешки. Тие чувствуваат дека нивниот интегритет е загрозен тогаш кога мораат без поговор и без јасно објаснување да се поклонуваат на нечија волја. Но ако им дадете некаков избор, алтернатива, чувство дека и тие се прашуваат, ќе соработуваат со задоволство. Ако ваквите совети ви сметаат, бидејќи послушноста на детето и неговата дисциплина ги сметате за најважни, размислете уште еднаш.

 

Ова се деца со став

Значи, секако дека вие ќе сакате вашето дете да прави тоа што вие го советувате. Но, не затоа што е послушно и што секогаш треба да ги слуша возрасните.  Не, вие би требало да сакате вашето дете да ве послуша, затоа што ви верува. Затоа што научило и секогап има на ум дека и ако не можете да ги задоволите неговите желби, тоа е затоа што му посакувате само најдобро.

Да заклучиме – темпераментните деца знаат да бидат енергични, истрајни, упорни и тешки. Но ако ги воспитувате на правилен начин, тие стануваат далеку поспособни и поуспешни битија, деца со кои може да се гордеете.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Што мислев за бебињата, пред да станам ма...
Тоа ќе биде лесно! Нема мајка која не помислила дека кога ќе дојде бебето, ќе знае и умее се. Но, тоа баш и не е така, з...
5
Крал Волкашин и Марко Крале
Македонски народни приказни
5
И Хари Потер носи наочари...
Излегувате од лекарскиот кабинет, заедно со своето дете и се чувствувате многу збунети. Очниот лекар даде категорично ми...
4
Кога душата боли - психолог или психијатар?
Приказна за една предрасуда дека е подобро да се оди кај психолог зашто тој е за „здрави“, а не кај психијатар кој е за ...
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?