|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Има ли Вашето бебе теменица?

Редакција Рингераја, 8.1.2013
Теменица (себороичен дерматитис кај бебињата, познат под називот „crusta lutea“, млечна краста, pytiriasis capitis), претставува жолтеникава, лушпесто – слоевита, лојна наслага на темето на главата на бебето

image
/11


 

 

Пред се, треба да се знае што е теменица

Теменица (себороичен дерматитис кај бебињата, познат под називот „crusta lutea“, млечна краста, pytiriasis capitis), претставува жолтеникава, лушпесто – слоевита, лојна наслага на темето на главата на бебето. Обично не го чеша и не му пречи на бебето, а се јавува во првите три месеци од животот.

Слична состојба  на себороичен дерматитис кај децата се јавува при појава на првут, кој најчесто е локализиран во деловите околу ушите. Може да се појави и на сите места каде постојат лојни жлезди, па и на темето на главата.

 

Причини за теменица

Лекарите не се согласуваат во потполност околу причините за појава на теменица. Меѓутоа, се знае дека не е предизвикана ниту од алергија, ниту од бактериска инфекција, ниту од лоша хигиена, а она во што сите се согласуваат е хипотезата дека габите и зголеменото лачење на лојните жлезди се најверојатен причинител.

Во најголем број случаи, теменицата е последица на инвазија на габички на темето на бебето. Кај бебињата габичките најчесто се појавуваат во пределот на темето, во регионот покриен со пелени, околу ушите и устата (соор).

Друга, честа причина, е зголемено лачење на лојните жлезди, како последица на излачените хормони на мајката, кои се уште се наоѓаат во крвотокот на бебето. Овие жлезди лачат масна супстанца, која ги лепи исушените и стари клетки на темето на бебето, наместо тие да испаднат.

Внимание!

Доколку на местото на теменицата се појави црвенило и иритација, или ако бебето развие соор (бели наслаги на јазикот), габична инфекција на увото, пеленски осип, се препорачува посета на лекар, заради правилен понатамошен третман на состојбата. Исто така, ако забележите кожата да е испукана веднаш јавете се на лекар, бидејќи таквите промени се одлична подлога за населување на бактерии и појава на инфекции.

 

Прогноза

Оваа состојба најчесто спонтано поминува и кај повеќето бебиња се смета за нормална појава. Меѓутоа, истражувањата покажале дека теменицата може да продолжи и подоцна во детството.

 

Може ли да се спречи појавата на теменица?

Може, но не секогаш. Со секојдневно бањање и шампонирање на главата, без страв, но многу нежно. За да се спречи, секој ден косата мора да се чешла, без оглед на тоа дали бебето има малку има многу.

 

Лечење?

Бебето, на кое му се развила теменица, мора да се третира исто како и бебињата кои ја немаат. Значи:

-        Редовно бањање и шампонирање на главата и целото тело.

-        По бањањето бебето сместете го во мека крпа и со нежни движења соберете ја водата од телото и главата (со нежни движења на крпата обидете се да ги извадите лушпите, спонтано)

-        Темето исчешлајте го, без оглед на тоа дали бебето има коса или не – најдобро со мало чешле за бебиња, или со четка од природни влакна, два пат на ден.

-        На местото на теменицата ставете некое беби масло за потоа да можете лесно да ги турнете лушпите со чешел.

-        Ако теменицата и понатаму трае можете да го мачкате бебето со некој антифунгициден крем како Дактанол, Нистатин.

 

Родителите често се интересираат за тоа дали може да го повредат бебето при обид за отстранување на теменицата? Секако дека може! Токму заради тоа е потребно се' да правите нежно и внимателно. Доколку дојде до повреда, може да дојде и до инфекција, но ако постапувате внимателно и го вадите само несаканиот слој, не би требало да се појават ранички. Теменицата спонтано ќе помине во текот на првата година, кога ќе престане зголеменото лачење на лојните жлезди.

 

Значи драги родители, бидете спокојни. Без оглед на тоа колку теменицата неубаво изгледа и колку и да Ве плаши на прв поглед, во прашање е минлива работа во животот на Вашето бебе, која порано или подоцна ќе помине.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Напредување на исклучиво доено бебе
Ако сте загрижени дали вашето бебе добива доволно млеко со доење, најпрво прочитајте го овој текст. Добивањето на тежина...
4
Фото: Снежана Лупевска со синот
Новинарката Снежана Лупевска Созен во јули годинава се породи со своето прво дете. Со сопругот Ерџан го одбраа името Мик...
4
Направете сами антибактериски гел за раце
Во време кога владеат вируси и настинки, побарувачката на антибактерискиот гел е толку зголемена, што сите залихи се тро...
3
Колку треба да биде топла собата во која с...
Кога ќе се роди бебето, мора да се погрижиме да е секогаш нахрането, со чисти пелени, мирно. Една од најважните работи е...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?