Мамма во 18:19
на тема Песнички на македонски
Регенерација на оштетеното ткиво
Голем дел од примената на матичните клетки влегува во доменот на “регенеративната медицина”.
Регенеративната медицина претставува нов, оригинален пристап во медицината. Во нејзиниот фокус на интерес стојат обновувањето т.е. регенерацијата и репарацијата на различните ткива и органи, засегнати од одредена болест, процесот на стареење или трауматска повреда. Регенеративната медицина ги користи сопствените потенцијали на телото или пак резервите од туѓ организам, а тоа се матичните клетки. Клеточна терапија претставува терапија, која користи човечки клетки и ткива, наместо широко употребуваните, вештачки создадени лекови и материјали. Повеќето видови клинички терапевтски примена сеуште се експериментални и во фаза на експериментални и клинички студии, но изгледа дека им претстои светла иднина.
Хематопоетските матични клетки денес веќе се дел од стандардната терапија на многу заболувања.
Еве неколку примери:
· Истражувањата за тоа како матичните клетки можат да го обноват срцевиот мускул по срцев удар, се во напредна фаза.(3) Клиничките студии покажуваат позитивни резултати.(4) И во Европа се вршат истражувања за овој тип на третмани.(5) Резултатите се охрабрувачки и за пациентите со хронична срцева слабост. (6)
· Истражувачите се надеваат дека матичните клетки во иднина ќе одиграат улога во третманот на дијабет.(7) Се испитуваат можностите и во случајот на автоимуните заболувања, како лупус (8) и јувенилен артритис (9)
· Ткивен инженеринг подразбира вештачко создавање на ткива, при што матичните клетки се засадуваат на синтетски супстрат, за да создадат кожа, срцеви валвули и коска. Ова во иднина може да доведе до широка примена на матичните клетки во хирургијата. Во таа насока беа спроведени многубројни успешни истражувања на животни. (10)
· Матичните клетки би можеле да одиграат важна улога во генската терапија. Некои болести се предизвикани од неправилно функционирање на многу мали делови на генетскиот материјал. Ако таквиот дефектен ген се замени со “здрав” ген во одреден број матични клетки, тогаш овие “репарирани” матични клетки би имале куративен ефект по изведувањето на автологната трансплантација.(11)
Листата на заболувања, кои би можеле да бидат лекувани со помош на терапија, заснована на употребата на матични клетки е уште подолга. Примерите вклучуваат: бубрежна слабост, колитис (воспаление на дебелото црево), цироза на црниот дроб, болести на очите, како ретинитис пигментоза (retinitis pigmentosa) и еден сосем нов пристап во терапијата на малигните заболувања.
Голем дел од овие апликации на матичните клетки се сеуште во експериментална фаза. Одреден временски период би бил потребен, пред тие да станат дел од стандардните медицинскки протоколи на лекување. Сепак, научниците се сложни околу фактот, дека матичните клетки ќе одиграат многу важна улога во “медицината на иднината”.
[1] D. Nietfeld, Rapport ZonMw 5000 0003, p. 7
[2] Rao MS., Mech Ageing Dev 2001; 122(7): 713-734
[3] Tomita S., Circulation, 1999; 100 (19 suppl.): II247-II256
[4] Menasche P., Lancet 2001, 357(9252): 279-280
[5] Artsenkrant 1533, 16 September 2003, p. 48
[6] Perin EC, Circulation 2003, ref.
[7] Ianus A., J. Clin. Invest 2003, 111(6): 843-850
[8] Jayne D., Lupus. 2004; 13(3): 168-76.
[9] British Medical Journal, 2000, 321: 433-437
Рингераја партнер за рубриката матични клетки е Би-МЕК, ексклузивен преставник на Cryo Save. Cryo-Save е водечка европска банка за матични клетки. Cryo-Save гарантира највисок квалитет на услуга во поглед на транспорт, подготовка и сигурност на матични клетки од папочна врвца на Вашето дете. Со Cryo-Save имате можност да одберете помеѓу две различни услуги за зачувување на матичните клетки од Вашето дете:
Доколку сакате да знаете повеќе за криопрезервацијата на матичните клетки и Cryo-Save како Ваш потенцијален сервис провајдер, Ве молиме Вашите контакт информации, име, презиме, емаил и поштенска адреса да ни ги пратите на емаил mk@cryo-save.com или cryo-save@bimek.com.mk . Информативниот пакет ќе Ви биде доставен на посочената адреса. Доклку сакате да прочитате повеќе за Cryo Save и Би-МЕК на интернет, тоа може да го направите на Рингераја, или на веб страницата на Би-МЕК и Cryo Save. |
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Твори - Читај - Биди хуман - Проект на Софија Петковска
ТВОРИ – ЧИТАЈ – БИДИ ХУМАН е проект кој под водство на Софија Петков...
Дренвин - Извонреден природен помошник против целулитот
За Дренвин, имаме неколку анонимни изјави од луѓе кои го користеле про...
Правилна исхрана на мали деца во лето
Малите деца, особено во лето се повеќе изложени на ризик од болести ко...
Зошто магнезиумот е важен во бременоста?
Магнезиумот е минерал од витално значење во текот на нашите животи. Ос...
Колку вода да пиете додека сте бремени?
Предлогот за пиење вода за време на бременоста е околу шест до осум ча...
Бременост.
пеперутка16
Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?