|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Денес општествените промени, пред се рамноправноста на половите, придонесоа да се променат и односите во семејството. Улогата на двата родители е важна за здрав развиток на детето и таткото се вклучува во одгледувањето на детето уште од зачнувањето.

image
/11


За традицијата на татковство и мајчинство

На нашето родителство, меѓу другото, влијаат и нашите искуства стекнати кога сме биле деца, општествените промени, примери од нашите врсници како се однесуваат со децата и нашите ставови за родителството.

Во семејствата со генерации постоела поделба на семејните работи, па од тоа произлегувала и улогата на родителот. Татковците ја играле улогата на прехранувачи, во текот на денот воглавно биле отсутни од дома, работејќи во фабриките и заработувајќи за живот на своето семејство. Колку од објективни причини – таткото најчесто работел по 12 часови на ден, толку и од постоечката трудова поделба, се развило мнение дека жените се исклучиво тие кои од самото раѓање се поврзуваат со детето, го одгледуваат и се грижат за неговото здравје. Улогата на таткото најчесто била занемарена, особено кога детето било многу мало. Таткото се вклучувал во одгледувањето на детето по неговото тргнување во училиште. И тука биле изразени половите разлики – татковците најчесто ги одгледувале синовите, со кои би ги делеле машките работи дома, а мајките биле емоционално поврзани со децата.

Планирање на бременоста и раѓање на детето

Често се занемарува важноста на планираната бременост и раѓање, за здрав раст и развој на детето. Секако дека детето кое не било планирано најчесто е добредојдено, прифатено и сакано од родителите. Меѓутоа, непланираната бременост и отфрлање на детето, го загрозуваат детето и неговата потреба за сигурност, припадност и љубов. Ако родителот против своја волја го прифати раѓањето и одгледувањето на детето и во тој случај остануваат занемарени потребите на детето за сигурност, припадност и љубов.

Нејасната комуникација меѓу партнерите и неизнесувањето на своите очекувања, допринесува во развој на конфликт меѓу партнерите, што подоцна се изразува и на доброто на детето.

Улогата во планирање на бременоста и раѓањето на детето рамноправно ја носат двајцата идни родители. Одговорноста во одгледување и подигнување на детето иста е и за таткото и за мајката.

Совет: Пред да одлучите да останете бремени, информирајте се за основните начела за родителството. Разговарајте со партнерот за меѓусебните очекувања и ставови за родителството.

Пред раѓањето на детето

Таткото воспоставува однос со детето додека е тоа во мајчината утроба. Модерните ултразвуци покажуваат јасни реакции на детето, при стимулации од околината. Бебињата слушаат музика, гласови и сите видови на звуци. Таткото може да комуницира со детето ставајќи ги рацете на мајчиниот стомак и зборувајќи му на детето. Ако таквиот однос на таткото кон детето континуирано продолжи, ќе има многу позитивни ефекти по неговото раѓање.

Таквиот однос позитивно влијае и на односот меѓу таткото и мајката, давајќи чувство на присутност и располагање. Допирот ја потврдува емоционалната блискот на таткото и мајката.

Комуницирајќи со нероденото дете, таткото добива татковско чувство многу рано и станува свесен за важноста на неговото присуство во животот на детето. На тој начин уште многу рано се запознава со своето дете и за препознава својата емотивна улога.

И детето ќе го почувствува стимулот и топлината од татковата рака. Ако често го допирате нероденото дете преку мајчиниот стомак и го правите тоа редовно, детето со време ќе го чувствува и препознава вашиот допир.

На еден курс за бремени жени, еден брачен пар зборувал за својот ритуал на ставање на татковите раце на мајчиниот стомак и за реакцијата на детето. Во тој мал експеримент, останатите во училницата го помилувале мајчиниот стомак, очекувајќи реакција од детето, но тоа без грешка реагирало само на татковите раце, игнорирајќи ги допирите од другите.

Совет: Освен редовното положување на рацете на мајчиниот стомак, таткото може да ја придружува мајката на контролните прегледи и активно да се вклучи во курсот за татковци и мајки.

Раѓање и непосредно по раѓањето на детето

Во претходен договор со гинекологот и после курсот за татковци и трудници, можно е да се организира присуство на таткото за време на раѓањето на детето. Така таткото може да и биде поддршка на жената која раѓа. Освен присуството во родилната сала, таткото може да биде присутен и за време на нејзиниот престој во болница, редовно посетувајќи ја и подготвувајќи го домот за враќањето на мајката и детето.

Доаѓањето на бебето дома може да биде исто толку возбудливо колку и самото раѓање. Родителите тогаш за прв пат остануваат сами со бебето и се запознаваат со новите искуства: првото бањање, пресоблекување, успивање, до грижата дали е нормално бебето да плаче, дали му е премногу ладно, топло, треба ли да се подигне после хранење, дали доволно ќе се најаде...Во оваа потрага за одговори најдобро е заеднички да се ангажираат и таткото и мајката. Често се јавуваат предрасуди дека мајките најдобро го познаваат своето дете и дека инстинктивно знаат што треба да се направи во одредени ситуации. И секако, ако татковците не соработуваат во првите денови и во пронаоѓање одговори на овие прашања, може да им се чини дека бебето е мистерија која единствено мајката може да ја реши. Истовремено, на мајките им се потврдува убедувањето дека исклучиво тие треба да се грижат за своето дете. На тој начин се гради нерамноправен темел во одгледувањето на детето.

Совет: Заедно запознавајте го своето дете. Мамички, не заборавајте да ги пофалите татковците – наместо да ги критикувате ако нешто не направат добро, фокусирајте го своето внимание на она што ќе го направат добро. На татковците им е многу битна вашата верба дека се добри татковци. Ако се чувствуваат корисни, ќе се вклучуваат повеќе во одгледувањето на детето.

Претшколско дете

Ова е период во кој детето се запознава себе и своите родители. Ова е период во кој можете да се запознавате со детето играјќи и одговарајќи на неговите бесконечни прашања. Согледувајќи ги вашите реакции детето учи што смее да прави, а што не. Набљудува што сакате, а што ви пречи. Сето негово внимание е насочено кон вас и многу му е важна вашата среќа и задоволство. Дел од игрите играјте ги заедно, а мал дел посветувајте на ритуалите кои ќе ги имате посебно со детето. Така детето ќе има посебно време со мајката и таткото.

Совет: Сами смислете игри кои ќе ги играте со детето. Не ги заборавајте и приказните за добра ноќ.

Школски период во детскиот живот

Иако ова е период во кој детето тргнува во училиште и има обврски, не заборавајте дека има и многу други важни работи освен училиштето. Ова е период на формирање на детскиот идентитет. Освен што учи да решава математички задачи, тоа учи и за меѓучовечките односи и развива животни ставови, врз чија основа ќе донесува одлуки како возрасен човек.

Совет: Не заборавајте да го запознавате своето дете – тоа од ден во ден ќе се стекнува со нови искуства. Посматрајте како се снаоѓа со новите предизвици.

Родителите се првите луѓе во детскиот живот и односот меѓу нив е примарно искуство од кое детето учи за меѓучовечките односи. Колку што е важна присутноста и вклученоста на двата родители за успешно и среќно растење на детето, толку е од неизмерна важност и за родителите. Родителите на тој начин негуваат чувство на задоволство и успех во односот со своето дете.

Ви посакуваме успешна соработка и партнерство во подигнувањето и одгледувањето на вашето дете!

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Само мајките на ќерки го знаат ова!
Дали имате една или повеќе ќерки? Тогаш дефинитивно ќе се препознаете во дел од следниот список. Ако, од друга страна, б...
5
Крвна слика кај децата и нејзино значење
Од наодите на крвната слика можеме да видиме присуство на анемија, инфекција (бактериска или вирусна), алергија, паразит...
5
Што е булинг?
Булингот е секоја форма на непосакувано и агресивно однесување во училиштата, кое не застанува таму, туку продолжува да ...
4
Како да му помогнете на детето со аутизам
Раната интервенција е клуч за подобрување на изгледите за децата со аутизам, невролошко нарушување што ја оштетува кому...
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?