|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Храната за излет и нејзината безбедност

Редакција Рингераја, 4.5.2010
При тргнување на излет, доколку сакаме да имаме пријатно дружење кое ќе помине во најдобар ред, треба да се погрижиме за следниве хигиенски постапки...

image
/11


Стомачните проблеми најчесто се јавуваат како последица на неправилнo подготвување на храна на излети. Најчесто кога сме на излет храната се подготвува во импровизирани услови, на топлина, обично без проточна вода за пиење, без вистински фрижидер, без соодветна работна површина и без соодветен кујнски прибор.

Затоа подготовката на храна мора да биде едноставна и на лице место и потоа треба што побрзо да се изеде. Најопасно е премалку печено месо и мешање на печено со свежо месо.  

За пријатното дружење да не заврши лошо, треба да внимавате на следниве хигиенски постапки:

- за транспорт на храната да употребувајте мобилни фрижидери и отворајте ги само кога нешто вадите од нив.
- подготвеното месо, салати и брзо расипливи намирници мора да стојат во мобилниот фрижидер се до нивното конзумирање,
- мора да имаме доволно вода за миење раце, прибор, намирници, работна површина. Доколку ги немаме овие нешта на местото на излет, мора да ги понесеме со себе.

- овошјето и зеленчукот треба убаво да се измијат дома,
- за време на печењето мора целиот кујнски прибор и работната површина повеќе пати да ги исчистиме, по можност со некое од средствата за чистење, да ги измиеме со чиста вода и да ги пребришеме со хартиени марамчиња,  
- мора да внимаваме на хигиената на рацете - ги миеме пред да почнеме да ја подготвуваме храната и задолжително по секој допир со свежо месо,
- не смееме да користиме исти садови за свежо и печено месо,
- не смееме да употребуваме ист прибор за свежо и печено месо,
- скарата добро да ја исчистиме и загрееме пред да почнеме со печењето.
- месото мора да биде добро печено, не смее да биде розово или крваво. Високата температура ги уништува бактериите (салмонела и други бактерии) кои се виновни за поголемиот број случаи на труење со храна, кое настанува од недоволна термичка обработка (готвење на прениски температури),
- да конзумираме маринади во кои имало свежо месо,
- целата храна треба да се покрие за да се спречи евентуална нечистотија,
- кога храната е подготвена, што побрзо изедете ја. Топлата храна треба да ја чуваме на барем 60 °C,
- ако храната сме ја чувале повеќе од два часа на температура од 4 до 60 °C, мораме да ја фрлиме.

Пријатно!

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Ќерко моја, еве колку долго те сакам...
Само ако знаев дека ќе ме викаш тато и дека ќе ми кажеш дека ме сакаш...
4
Афазии: Губење на говорот кај деца заради ...
Афазија претставува губиток или пореметување на јазичните функции, а до тоа доаѓа поради повреди на главата при сообраќа...
4
Како да ги направите роговите на Maleficient?
Инспирирано од Дизниевиот филм „Мaleficent“ или „Злобница“, во кој главната улога ја толкува Анџелина Џоли, ви даваме но...
4
Амбициозните родители влијаат негативно на...
Сите родители го сакаат најдоброто за своите деца, но некои родители претеруваат со амбиции и ги претвораат децата во ал...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?