|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Храна која треба да се избегнува во бременоста

Редакција Рингераја, 6.3.2012
Водете грижа што внесувате во организмот во текот на бременоста. Некои прехранбени продукти можат да бидат штетни за Вашето и здравјето на Вашето бебе

image
/11


 

 

Многу е важно исхраната во текот на бременоста да биде правилна и здрава, за бебето да може да се развива правилно. Постојат производи со кои треба да се биде претпазлив, бидејќи можат негативно да се одразат на бременоста.

Ова се десетте состојки на кои треба да внимавате:

 

1.      Непастеризирани млечни производи

Меките сирења како што е фета, козјо сирење, бри, мексиканско сирење, се прават од непастеризирано млеко па можат да ја содржат бактеријата листерија. Инфекција со листерија може да доведе до спонтан абортус или предвремено породување. Ова не значи дека треба потполно да го исфрлите сирењето од исхраната, туку само да внимавате тоа да биде направено од пастеризирано млеко.

 

2.      Сирово месо и месни обработки

Исто како со сирењето, треба да се биде многу внимателен и со сировото месо, бидејќи и тоа може да ја содржи бактеријата листерија. Оваа бактерија може да преживее на многу ниски температури, па бидете внимателни и со месо кое стоело во замрзнувач. Сепак, месото кое е неодамна сварено или испечено е подобро за јадење, бидејќи топлината ќе ги убие сите бактерии. Избегнувајте исто така месни преработки како што се виршли, колбаси, паштети и шунка.

 

3.      Суши

Постои можност сирoвата риба да содржи бактерии или микроорганизми кои можат да предизвикаат труење, а доколку се заразите со паразит, неговото третирање е многу комплицирано и отежнато во бременоста. Прескокнете ги сушите, бидејќи готвената риба е посигурна.

 

4.      Морска храна

Во бременоста треба да јадете риба, но само одредена врста. Големите риби како што се ајкула, сабјарка, скуша, бакалар, одрезоци од туна, како и конзервирана бела туна, содржат високо ниво на жива која поминува низ плацентата и може да биде посебно штетна за развојот на нервниот систем кај бебето. Бидете внимателни и со рибите кои живеат во реки, потоци и езера, бидејќи можат да бидат заразени со бактерии и хемикалии, како и со замрзната или чадена морска храна. Исто така морските плодови како школки можат да бидат заразени со колиформна бактерија или салмонела.

 

5.      Сирови или недоволно зготвени јајца

Храната која содржи сирови или недоволно зготвени јајца треба да ја избегнувате бидејќи може да биде заразена со салмонела. Само уверете се дека јајцето е добро зготвено и можете да го јадете. Јајцата се одличен извор на витамини и хранливи состојки кои го подобруваат феталниот развој и ја спречуваат појавата на вродени мани.

 

6.      Презачинета храна

Презачинетата храна нема да му наштети на бебето, колку што може Вас да Ви создаде потешкотии со варењето на храната.

 

7.      Билни чаеви

Некои чаеви можат да имаат лековито дејство, но потребно е да се внимава. Потполно е во ред ако се напиете најмногу две чаши овошен чај, или чај од нане.

 

8.      Вештачки засладувачи

Експертите советуваат да се избегнува сахаринот во бременоста бидејќи, за разлика од другите засладувачи, може да ја премине плацентата. Се препорачува избегнување само заради претпазливост. Вештачкиот засладувач не е добар избор.

 

9.      Кафе

Некои истражувања покажуваат дека многу кофеин (повеќе од 2-3 чаши дневно) го зголемува ризикот од спонтан абортус. Исто така е поврзан со предвремено породување и ниска породилна тежина на бебето. Обидете се да го ограничите внесувањето на кофеин – чаша кафе на ден е сосем во ред.

 

10.  Алкохолни пијалоци

Добро утврден факт е дека консумирањето алкохол во текот на бременоста може сериозно да му наштети на бебето. Алкохолот ја поминува плацентата, така што Вашето бебе пие исто колку и Вие. Бидејќи не е утврдено колкава количина на алкохол може да му наштети на бебето, подобро е воопшто да не пиете.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Правилна исхрана во 3-от триместар од брем...
Откријте која храна ви треба вам и е потребна за развој на вашето бебе во третиот триместар од бременоста ...
5
Киретажа - значајна гинеколошка процедура
Киретажата претставува мала хируршка операција која се користи како за поставување на дијагноза од материјалот што се до...
4
Фото: Трудници во костими за капење
Погледнете ги овие прекрасни труднички стомачиња во костими за капење
4
5 оброци кои трудниците треба да ги консум...
Многу од жените мислат дека кога ќе бидат бремени можат да јадат се што ќе посакаат. После сe, јадете за двајца, така? З...
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?