|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Хипертензија во бременоста

Dr. Natasa Mihelcic Labura, 26.4.2011
Во втората половина од бременоста може да се развие трајна состојба на покачен крвен притисок, што ја нарекуваме хипертензија индуцирана од бременоста. Таа може да се појави во неколку облици: хипертензија, прееклампсија и еклампсија.

image
/11


 

Во втората половина од бременоста може да се развие трајна состојба на покачен крвен притисок, што ја нарекуваме хипертензија индуцирана од бременоста. Таа може да се појави во неколку облици: хипертензија, прееклампсија и еклампсија. Кај најблагиот облик, хипертензија, присутен е покачен крвен притисок (140/90 mmHg) и најчесто не се присутни никакви други симптоми. Прееклампсијата освен покачен крвен притисок бележи и појава на белковини во мокрачата, отекување на лицето, рацете и нозете, или нагло зголемување на телесната тежина, главоболка, проблеми со видот, болки во горниот дел на стомакот. При еклампсија, најтешкиот облик кој е опасен по живот за мајката и бебето, доаѓа до конвулзии, кои се слични на епилептични напади (клоничко-тонични грчеви на целото тело, попратени со губење на свеста и краткотрајно запирање на дишењето).

Хипертензијата влијае на различните органи и органските состави на мајката, а посебно на кардио-васкуларниот и бубрежниот состав, црниот дроб и мозокот, тако што се можни компликации на оштетување на црниот дроб, бубрезите и крварење. Заради промените на постелката кои ги предизвикува оваа болест, детето добива помалку хранливи материи и кислород, што може да доведе до застој во неговиот развој, намалено производство на плодова вода, дистрес на детето (заради недостаток на кислород) па дури и негова смрт. Состојбата на трајно покачен крвен притисок може да доведе до абрупција на постелката (предвремено одлепување од ѕидот на материцата) што може да биде опасно по живот на детето и мајката.

Иако постојат бројни теории за настанокот на оваа болест во бременоста, вистинската причина сеуште не е детектирана, па и пристапот на болеста не е каузален, туку се настојува да се лечат симптомите. Хипертензијата се лечи со антихипертензиви, а само некои од нив можат да се користат во бременоста, бидејќи за некои е докажана нивното штетно дејство врз плодот. Се користи и магнезиум сулфат за превенција од конвулзии. Кај потешките облици се применува завршување на бременоста, по што настапува престанок на болеста. Доколку се работи за недоносена бременост, може да се направи и амниоцентеза за да се утврди степенот на зрелост на белите дробови на фетусот, а по потреба се користат лекови со кои се стимулира нивното созревање.

По породувањето крвниот притисок се враќа во нормала за неколку денови, или недели, самостојно или со помош на лекови, што зависи од тежината на болеста. Можност за појава на оваа болест во следните бремености постои, поретко доколку во претходната бременост постоел поблаг облик, а почесто при потежок облик на хипертензија.

Кај пациенти кои и пред почетокот на бременоста имале хипертензија, во бременоста може да дојде до влошување на состојбата, па заради тоа е потребен постојан надзор и терапија со антихипертензиви кои се дозволени за употреба во бременоста.

 

 

Забелешка:

Сите материјали, публикации, коментари, теми и категории, како и целата содржина на Рингераја.мк, се од информативен карактер и истите НЕ можат да заменат консултација со лекар за дијагностика и лечење. За се што е поврзано со Вашето здравје, консултирајте се со својот матичен лекар.

 


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

НЕ, за мобилниот во бременоста!
Спиете со мобилниот, а бремени сте? Се надеваме дека откакао ќе ја прочитате статијава, нештата ќе се променат...
4
Зошто добивам тежина толку брзо за време н...
Леле! На вагата можете да видите колку брзо ова бебе расте во вашиот стомак. Да ја разгледаме оваа често контроверзна те...
4
Киретажа - значајна гинеколошка процедура
Киретажата претставува мала хируршка операција која се користи како за поставување на дијагноза од материјалот што се до...
4
Како да одберете име за вашето бебе ?
Бирањето на името за вашето бебе е најважниот подарок кој што ќе му го подарите на вашето синче или ќеркичка, а воедн...
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?