|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Helicobacter pylori – најчестата инфекција

www.doktori.mk, 9.4.2014
Хеликобактер пилори, претходно наречена и Кампилобактер пилори, е бактерија која ја напаѓа слузницата на желудникот и ја предизвикува најраспространетата инфекција на светот

image
/11


 

Oткриена е во 1982 г. од двајца Нобеловци - Barry Marshall и Robin Warren, кај пациент со желудочен чир и гастритис, за кои дотогаш се верувало дека имаат непозната бактериска етиологија.

 

Епидемиологија

Најновите истражувања говорат за распространетост на инфекцијата кај дури 56% од светската популација со најголема преваленца во неразвиените земји, како резултат на лошите санитарни услови. Во западните земји таа бројка е значително помала поради високите хигиенски стандарди, како и широката употреба на антибиотиците. 65% од болните се на возраст од околу 60 години, а само 25% се на возраст од околу 30. Невообичаено за оваа инфекција е нејзиното спонтано адаптирање и ерадицирање. Познато е феко-орално, како и оро-оралното ширење на инфекцијата. Многу ретко таа може да се пренесе и при интервенција со евентуално заразени и не добро стерилизирани ендоскопски инструменти.

Патогенеза на инфекцијата

Хеликобактеријата е спирална, грам-негативна бактерија која поседува 4-6 флагели (опавчиња) заради кои е лесно подвижна. Произведува неколку видови ензими: охидаза, каталаза, уреаза (важен фактор во дијагностиката). Локализирана е во слузницата на антрумот на желудникот, каде има совршени услови за живот и до неколку децении. Со цел да ги избегне неповолните услови во луменот на желудникот (многу ниската pH), бактеријата со своите флагели и принципот на хемотакса навлегува низ слузта која ја лачат клетките на гастерот, се подлабоко кон епителните клетки на гастричната слузокожа каде што владее понеутрална pH средина. Често бактеријата навлегува и во внатрешноста на самите клетки. За да ја преживее неповолната желудочна средина развила уште еден значаен механизам на неутрализација на киселиот желудочен сок. Со помош на ензимот уреаза ја разградува уреата која ја лачи желудникот на јаглероден диоксид и амонијак, кој заедно со другите штетни материи врши оштетување и воспаление на слузокожата.

Симптоми и клинички манифестации

Околу 80% од инфекциите се асимптоматски. Акутната инфекција може да се манифестира како акутен гастритис – Gastritis acuta, со епигастрична болка - болкa во „лажичката”, жарење и печење во пределот на желудникот, киселина, горуштица, чувство на надуеност, гадење и повраќање, а сето тоа не ретко може да доведе до појава на гастричен рефлукс – Reflux gastro-oesophagealis. Доколку болеста не се лекува во оваа фаза, таа преминува во хроничен гастритис и дуоденитис - Gastritis et duodenitis chronica, кои понатаму може да предизвикаат појава на улцерации (чиреви) на желудникот и дванаесетпалечното црево - Ulcus ventriculi et duodeni (20-30% од инфицираните). Тоа се два сериозни ентитети кои може да бидат животозагрожувачки доколку настане нивна перфорација, крварење и појава на црна столица (мелена), како и повраќање на црна содржина како талог од кафе (хематемеза). Нетретираната инфекција понатаму имплицира развој на хроничен атрофичен гастритис, со понатамошни ефекти врз хематопоетскиот систем (пернициозна анемија) и невролошки секвели. Долгогодишно присуство на оваа бактерија во желудникот предизвикува атрофија на слузницата и неретко појава на желудочен карцином – Carcinoma ventriculi (аденокарцином, МАЛТ лимфом) кај 1-2% од инфицираните.

 

 

Дијагностички методи

Методите за идентификација на инфекцијата можат да бидат инвазивни и неинвазивни.

  • Инвазивните се базираат на ендоскопскиот метод на гастроскопијата - преглед со тенок флексибилен иструмент со камера, кој се пласира преку уста, со кој можат да се визуелизираат промените карактеристични за гастритис, како и да се земе материјал за биопсија, во кој понатаму микроскопски се докажуваат бактериите, или пак, се прави микробиолошка култура - CLO TEST – „Campylobacter – like organism”. Овој тест иако е инвазивен и потежок за пациентот, сепак е со најсигурни и најточни резултати.

 

  • Неинвазивните методи се серолошки, со кои се докажува соодветен титар на антитела во крвта, односно деклинацијата на овој титар после антибиотска терапија за евалуација на ефектот од третманот на инфекцијата. Во одредени случаи кај некогаш инфицирани и излекувани пациенти, тестот може да биде позитивен иако пациентот повеќе не е инфициран. Инфекцијата може да се открие и преку фецесот, со докажување на антигени на бактеријата, како и преку урината со ELISA тестот. Вториот неинвазивен тест е уреаза издишен тест, кој најретко се применува. Имено, уреата се обележува со изотоп на јаглерод, се дава per os на пациентот и се мери количината на обележан CO2 во експирираниот воздух, кој е во корелација со присуството на уреаза ензимот од бактеријата.

 

Терапија

Лекувањето се спроведува со т.н. тројна или тривалентна терапија во период од 1-2 недели (околу 10 дена). Оваа терапија подразбира третман со два различни антибиотика и еден инхибитор на протонска пумпа кој го намалува лачењето на желудочната киселина. По десетдневната тројна терапија третманот продолжува само со инхибитор на протонска пумпа за извесен период. Доколку бактеријата перзистира и покрај редовно користената терапија и пациентот има и понатаму симптоми, тогаш се повторува тројната терапија со замена на еден од антибиотиците, или пак се користи и т.н. четиривалентна терапија, во која влегува и бизмут.

Се употребуваат повеќе варијации на антибиотици и инхибитори на протонска пумпа кои имаат различна ефикасност. Најчесто користени антибиотици се: clarithromycin или azithromycin во комбинација со amoxicillin и metronidazole за пациенти алергични на пеницилин. Во поново време се почесто се употребува и levofloxacin кој има доста потентно антихеликобактерно дејство. Инхибиторите на протонска пумпа кои најчесто се користат се: omeprazole, pantoprazole и поновиот esomeprazole.

Бидејќи од ден на ден расте антибиотската резистенција на бактеријата, стратегијата за ерадикација на хеликобактер-инфекцијата треба да се движи кон превенција на колонизацијата на бактеријата. Познати се студии кои го откриваат антихеликобактер дејството на брокулата, црвеното вино, лукот, зелениот чај, како и на пробиотиците и флавоноидите. Во таа насока, во последниот период доста интензивно се работи и на откривањето на вакцина против хеликобактер пилори.

 

 doktori.mk.logo

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Жените го враќаат сексипилот 409 дена по п...
Во просек 409 дена се потребни за да можат жените после раѓањето да се чувствуваат посакувано и да ја вратат социјалната...
5
Колку сте полоши со детето, полошо станува...
Рускиот психолог Јулија Гипенрејтер својот живот го посветила на проучување на односот помеѓу родителите и децата. Нејзи...
3
Кога е време за логопед?
“Моето дете не зборува” “Сеуште не изговара Р, а има 3 години” “Почна да пелтечи” “Моето дете погрешно чита” Помош?
3
Како дојдов на овој свет?!
Оваа книга ја сакаат и мама и тато и бато и дада и баба и дедо. Оваа книга ја напишавме бидејќи мислевме дека сакаш да д...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?