|      

Haemovit LiquidGold

Автор: HealthAid Demax nova | 1.9.2011
image

Стрес, замор и недостаток на енергија? Haemovit LiquidGoldTM е уникатна формула која обезбедува оптимални количини на витамин Б, железо, цинк и билни екстракти, вклучувајќи женшен, боровинка и аstragalus.

 

Што е HealthAid ® Haemovit LiquidGoldTM?

 

Стрес, замор и недостаток на енергија? Haemovit LiquidGoldTM е уникатна формула која обезбедува оптимални количини на витамин Б, железо, цинк и билни екстракти, вклучувајќи женшен, боровинка и аstragalus. Нежен за стомакот, работи синергетски за да овозможи енергетски поттик на организмот, општо здравје и виталност. Формулацијава содржи и внимателно избрани природни овошни екстракти, слад и боровинка кои даваат посебен вкус на овој течен додаток на исхраната. Формулата ќе помогне за ослободување на енергијата од храната, формирање на хемоглобин за црвените крвни зрнца, искористување на кислородот во мозокот, срцето и мускулите, работи за ревитализација на сите ткива во вашето тело и ја стимулира вашата благосостојба и ве подготвува за секојдневните животни предизвици!

 

За што се употребува Haemovit LiquidGoldTM ?

 

Во денешниов бурен начин на живот е лесно да се направи лош избор на храна. Можеме да си ускратиме витални хранливи материи, бидејќи презафатеноста значи дека повеќе или помалку редовно прескокнуваме квалитетен оброк и го заменуваме со ужинка од неквалитетни грицки и брза храна. Haemovit LiquidGoldTM е формулиран за целото семејство, како заштитна мерка на исхраната со многу важни хранливи состојки кои помагаат да се одржат здрави црвените крвни клетки и да ве одржат енергични и витални.

 

Хемоглобин за испорака на кислород

 

Црвените крвни зрнца се високо специјализирани за нивната транспортна функција. Тие содржат хемоглобин, што се користи за да се однесе кислород до мозокот, срцето и мускулите, каде што е потребен за производство на енергија, на тој начин обезбедувајќи сите телесни клетки да може ефикасно да функционираат.

 

Железо и витамини за општо здравје и благосостојба

 

Нутриентите како што се железо, витамин Б12 и фолна киселина и минералите како цинк се неопходни за формирање на нови црвени крвни зрнца. Витамин Б12 и витамин Ц помагаат за апсорпција и подобро искористување на железото и помагаат да се пренесува кислород низ телото за да се сузбие заморот.

 

Витамини за здраво срце

 

Haemovit LiquidGoldTM вклучува состојки корисни за кардиоваскуларното здравје. Фолната киселината го намалува хомоцистеинот, резултирајќи со намален ризик од кардиоваскуларни болести, а panax женшен е кардиопротектор со силен антиоксиданс ефект.

 

Кој треба да употребува HealthAid® Haemovit LiquidGoldTM?

 

Вегетеријанци - може да страдаат од недостаток на витамин Б12, бидејќи Б12 се наоѓа во месото, посебно црниот дроб.

Менаџери – бидејќи витамин Б ослободува енергија и ја зголемува циркулацијата на крв во мозокот.

Спортисти - железото може да биде важно за издржливоста на спортистите, да помогне во одржување на кондицијата и перформансите.

Лица во одминати години - фолната киселина и Б12 имаат корисни ефекти врз деменцијата поврзана со возраста. Истражувањата покажаа дека во исхраната на повозрасните лица недостасуваат витамин Б, витамин Ц, железо и калиум, кои сите се содржани во Haemovit LiquidGoldTM.

Адолесценти и деца кои растат - за да помогне во одржување на апетитот, во интелектуалниот или физичкиот развој.

Жени со обилно менструално крварење - за да помогне во одржување на формирањето крв, како замена за крвта изгубена за време на месечниот циклус.

Жените во репродуктивен период – бидејќи 15-20% од нив може да страдаат од анемија поради недостаток на железо, поради менструација, бременост, патолошка загуба на крв и неправилна исхрана.

Пушачи - чиј антиоксидантен и витамински статус може да биде компромитиран. Земајќи Haemovit LiquidGoldTM може да ги надополнат хранливите состојки кои се уништени преку пушење.

 

Како делува Haemovit LiquidGoldTM?

 

Состојките на ова “течно злато” се избрани поради нивните својства за одржување на здравјето:

 

Цинк - е потребен за одржување на имунолошкиот систем и за одржување на структурата и функцијата на клеточните мембрани

Железо - е најзастапен минерал во крвта, потребен за производството на хемоглобинот во црвените крвни клетки. Хемоглобин е супстанција која превезува кислород низ телото. Железото е неопходно за одржување на здрав имунолошки систем и за производство на енергија. Без доволно железо, АТФ (горивото кое го произведува телото) не може да се синтетизира правилно.

Витамини Б1, Б2, Б6 и Б12 - сите работат заедно како Б-комплекс витамини за транспорт на кислород во клетките и ослободување на енергија од храната.

Фолна киселина - е Б витамин растворлив во вода потребен за производство на енергија и формирање на црвени крвни клетки. Фолната киселина, исто така, помага во правилно формирање и функционирање на белите крвни клетки.

Витамин Ц - Витаминот Ц е витамин антиоксиданс, кој помага да се неутрализираат ефектите од слободните радикали. Слободни радикали се нус-производи од хемиски реакции што се случуваат во телото. Тие предизвикуваат оштетувања при интеракција со клеточната мембрана, протеините и клеточната ДНК. Витаминот Ц е исто така потребен за колагенот, протеин кој и ја дава на кожата нејзината способност да се растега. Витаминот Ц помага во апсорпцијата на железо и може да одигра клучна улога во одржување на силен имунолошки систем.

Женшен - е познат по своите ревитализачки својства, производство на енергија и ослободување од стресот.

Екстракт од боровинка – го поддржува нормалното формирање на сврзно ткиво и ги зајакнува капиларите во телото и влијае на целокупниот вкус на Haemovit LiquidGoldTM.

Бозел – со своите моќни антиоксидантни и анти-воспалителни својства е идеален за имунолошкиот систем.

Astragalus екстракт – познат како трева за воспоставување на нарушен баланс, особено стимулирање на имунолошкиот систем. Традиционалната кинеска медицина ја користи оваа билка за замор, слабост и губење на апетитот.

 

Препорачана дневна доза:

 

Деца 3-6 години, едно лажиче (5 ml) на ден. Возрасни и деца над 6 години, две лажичиња (10ml) дневно. Пред употреба добро да се протресе.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:



  • Снек бар од јатки

    Сиров,лесно калоричен десерт кој заситува доста.Идеален е за ужина на работа или училиште а може да го понесете и на пат. Децата пак,нема да можат да му одолеат

    Повеќе

Анкета

*Машко име*
Хепи мами

Ве молам да гласате за најубаво машко име според вас. Благодарам!

На врв на страницата

Запознај ја Рингераја.мк