|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Gwendolin: Мојата породилна приказна

Редакција Рингераја, 21.1.2013
Моментот кога јас се претворив во “ние”

image
/11


 

 

Моментот кој го очекувате цели девет месеци, а едвај чекате да помине. Моментот за кој живеете и мечтаете цел живот, а кога ќе дојде - умирате од страв. Единствениот момент во кој сите болки, солзи, стравови и трепети ви ја носат најголемата среќа во животот.

ВАШИОТ момент на породување!

 

Детали

Ник: Gwendolin

Датум на породување: 15.08.2012 година

Тип на породување: Природно

Болница: ГАК

 

 

     Не мислев дека ќе имам деца. Имав полицистични јајници, ама ми велеа дека не е тоа пресудно, дека може да се остане бремена...Но не користев терапија, едноставно се плашев да имам дете и мислев дека никогаш нема да бидам доволно добар родител за да ми подари Господ дете. Затоа бев опуштена за време на односи, што едно време со сопругот се согласивме и воопшто да не користиме никаква контрацепција. И покрај тоа повеќе од година немаше ништо. Се до минатата зима кога на работа почувствував вртоглавица и нагон за повраќање. Тогаш знаев.      
     Бев преплашена, закажав преглед и истрчав да земам тест. Го направив веднаш и без ни минута чекање блеснаа две јако црвени цртички. Ми доцнеше само 2 недели (што беше вообичаено за мојот мензис) но ете знаев дека тестот ќе биде позитивен. Седев без збор повеќе од час. Се освестив и сфатив дека плачам, само не знаев дали од радост или од страв, или од некое друго чувство на грижа, грижа за нешто друго, грижа за нештото што расте во мојот стомак и ми ги менува приоритетите и погледите на животот. Отидов на гинеколог, потврдивме бременост и кога ме праша дали е очекувано, цврсто одговорив без размислување : Дааааа!!! И сфатив дека по таа точка на ехото копнеело срцето мое, но сум го маскирала копнежот со страв или хумор, се додека не излезе на површина реалната ситуација и не се соочив со фактот – ќе бидам МАЈКА!
     Имав проблеми во бременоста во трети месец, но ги решив за 2-3 недели и општо целата бременост ми беше сон. Газев по облаци, а тежината ми се зголемуваше. Јадев се повеќе, а бев се погладна за допир од тие мали рачички што ги гледав на прегледи. Пеев од радост кога бев сигурна дека никој не ме слуша, застанував покрај секоја бебешка продавница и зјапав што ќе и купувам на бебушка моја. Во ниеден момент не помислив дека е машко. Подоцна ми потврдија дека е девојче, а јас веќе бев изнакупила розови работи. Изгледав ко топче во мешето, ама блескав од љубов. До последниот ден од терминот на +40 степени шетав пешки секој ден.
     Точно на терминот бев на ЦТГ во ГАК и во еден момент мене ми стана лошо, а срцевиот ритам на бебето прекина да се слуша. Мислам дека и моето срце престана да чука. Очајував од исчекување. Се врати срцевиот ритам и трк на преглед. Ме прегледа докторката, ми рече се е ОК, отворена си 3-4 сантиметри, дојди попладне, до тогаш ќе добиеш болки, сега нема место да те примиме. Ми беше олеснување разговорот, па веднаш тргнав за дома да се туширам ( а по пат си застанав чорапи да купам за бебушка, од пусти мерак). Добив болки дома и таксито под нозе и на болница. Ме примија со 5-6 сантиметри отворена, следуваа прегледи, боцкања, ЦТГ, прегледи... Ми го пукнаа водењакот и ми ставија провокации за да се породам побрзо, макар што супер си се отворав, ама ете гужва било, па ајде побрзо зашто немало место за сите. Молев за епидурална од моментот кога стапнав таму, но ме игнорираа. Ги трпев болките молчешкум, знаејќи дека ќе заврши за брзо. Ме држеше свесна само клоцањето на бебушката понекогаш и за тој момент живеев помеѓу болките. Тешко ги поднесував, се виткав, не сакав да викам, дишев длабоко...но беше пеколно болно особено заради провокациите. Ми рекоа да одам на бокс. Едвај стигнав до таму. Изгубив чувство во двете раце и неконтролирано почна да ми се тресе телото. Дојде лекар да ме види и ми се развика зошто сум ја извалкала спавачата. Не сум видела во таа болка дека крварам. По долго време агонија решија да ме породуваат. Нешто се искомплицира, бебето не излегуваше, беше многу високо, двајца ми го стегаа стомакот, за на крај да заврши со вакуум, јас со обилно крварење за кое добив тотална анестезија и некоја интервенција...и отворам очи, гледам маска на лице, доктори околу мене, а никаде плач. Сакав да рипнам од столот. Бебето? Каде е? Ми кажаа дека е живо, здраво,право но е на интензивна нега, 50 цм. и 3020гр. Се роди 5 мин. пред полноќ, точно на терминот.
     Тато скиснал цела ноќ пред врата се дури не му ја покажале ќеркичката. Јас ја видов дури по 24 часа. Лежеше во розово боди, на креветче, под кислород. Спиеше. Ја допрев за коленцето. Беше толку меко и мазно. Се расплакав, ја погалив со прст на стапалцето и излегов. По 10 минути ја тргнаа од кислород. Немаше потреба повеќе. Имаше потреба само од мене, од мојот допир. Мојата рака и делуваше исцелително, мојата љубов ја почувствува и ми возврати. Ми ја донесоа во соба. Ги отвори очите. Ја гледав само. Не зборував, само ја гледав и ја гушкав. Ние сеуште бевме едно, ние секогаш ќе бидеме едно големо купче љубов. Една универзална љубов – мама и дете.
   И сега додека пишувам со една рака, ја гледам Мартина како во другата рака ми заспала гушната во мене. Сега не размислувам дали требало да имам деца или не. Сега ЗНАМ дека требало ние две да се запознаеме, за да разберам дека љубовта која ја бараме и на крај на свет, лежи кај мене во прегратка. Јас сум најсреќниот човек на светот.

 

Сакате да ни ја испратите Вашата приказна од породувањето?

Прочитајте како во статијата Породилни приказни.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Табела на раст на плодот по недели
Колкава е должината и тежината на плодот во секоја од 40-те недели од бременоста? Проверете како плодот расте во мајчина...
4
Жолт исцедок за време на бременоста? Што д...
Иако бременоста е исполнета со радости и убавина, таа е исполнета и со некои нови, па дури и непријатни ситуации.Еде...
4
Дознала дека е бремена два часа пред да се...
Жена на која докторите и рекле дека има болки и отечен стомак заради повреда во сообраќајна несреќа, била во шок кога се...
4
Срцева акција
Срцето вообичаено чука околу 113 пати во минута.
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?