|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Грицкањето на ноктите е чест начин со кој децата се ослободуваат од интензивните, но минливи напнати ситуации кои им се случуваат.

image
/11


 

 

Повторно го фативте своето дете со прстите во уста како сочно ги гризе ноктите и заноктиците? По илјадити пат го опоменавте дека не треба да ги гризе ноктите, бидејќи тоа е лоша навика, но едноставно ништо не помага? Не Ви е јасно заради што почна да ги гризе ноктите и што и да речете и направите, не функционира?

Причините заради кои Вашето дете почнало да ги гризе ноктите можат да бидат различни, од  радозналост, досада, стрес, а подоцна од навика. Во тој кош на навики спаѓа и буцкањето во нос, цицање на палецот кај мали деца, вртење на косата, чкрипење со забите, но најчесто од се – грицкање на ноктите.

 

Лоша навика

Грицкањето на ноктите е чест начин со кој децата се ослободуваат од интензивните, но минливи напнати ситуации кои им се случуваат. Сите деца, од време навреме, стануваат загрижени заради одредени работи, како на пример заради песничките кои мораат да ги научат во градинка или училиште, потоа заради својата срамежливост во друштво на врсниците или поголемите деца и слично.

Ако Вашето дете секојдневно ги гризе ноктите, тоа е еден од начините со кои се справува со стресот и со тоа си дава одредена утеха, па во тој случај не треба посебно да се загрижувате. Веројатно Вашето дете само ќе престане, со тек на време. Ако грицкањето на ноктите продолжува подолго отколку што сте процениле дека е нормално, постојат едноставни начини со кои можете да му помогнете на детето да престане со таа навика.

 

Стравови и стресови

Најважно од се е да ја откриете причината заради која Вашето дете почнало да ги гризе ноктите и да се фокусирате на решавање на тој проблем. Тоа може да биде некаков детски страв кој Вам може да Ви се чини безначаен, а на детето да му претставува голем проблем како што е - одење во градинка, доаѓање на братче или сестриче на свет, па до посериозни работи како кавга во семејството или развод.

Посветете повеќе време на стравовите и стресовите кои ги доживува Вашето дете. Лоша вест е што ако Вашето дете не сака да престане да ги гризе ноктите не можете многу да направите, бидејќи тоа го прави од навика – значи несвесно. Ако е тоа случај, одвлекувањето на вниманието нема многу да помогне, бидејќи и на возрасните им е тешко да се ослободат од лошите навики, а камоли на децата.

По правило, ако детето со грицкањето на ноктите не се повредува, најдобар начин да го намалите грицкањето на ноктите е редовно да му ги сечете да бидат што пократки, а со тоа и почисти, за да спречите внесување на бактерии во устата.

 

Притисок врз детето

Доколку почнете да вршите притисок на детето, заради грицкањето на ноктите, само ќе ја влошите ситуацијата. Секој обид да го спречите грицкањето како викање, залажување на детето, па до мачкање на ноктите со горчлива емулзија, ќе биде безуспешен, бидејќи детето ќе го сфати тоа како казна, сакале или не. Што помалку врева околу грицкањето на ноктите, тоа подобро.

Можеби неговите врсници нема да ја пропуштат шансата да го зафркаваат, ако грицкањето на ноктите биде силно изразено. Ако тоа се случи, искористете ја ситуацијата  и објаснете му на детето дека проблемот може лесно да го реши – ако престане да ги грицка ноктите. Притоа немојте уште повеќе да го засрамувате, туку застанете на негова страна.

Со смирен разговор “донесете ја водата на својата воденица” и тоа што е клучно во тој момент е да ја дознаете причината за грицкање на ноктите. Корисно е ако му помогнете на детето да стане свесно за тоа што го прави и да преземе контрола врз таа навика. Утврдете таен знак со кој на детето ќе му дадете до знаење дека сте го фатиле како ги грицка ноктите, на пример нежен допир по рамото или некој скришен збор.

Обидете се детските раце да ги преокупирате со други работи. Кога гледа телевизија нека ја држи омилената играчка во рацете. Секако дека не можете да го контролирате детето секоја секунда, но таа играчка наместо Вас ќе го потсетува на тоа што не смее да го прави. Запомнете дека со присилување нема да постигнете ништо. Бидете трпеливи и сигурно ќе постигнете добар резултат.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Права и обврски на детето
На сите деца, без исклучок треба да им припаѓаат овие права, без разлика или дискриминација заснована на раса, боја на к...
6
Интервју со Елена Мазниковска: Станав мајк...
Елена Мазниковска е сопруга, мајка и блогерка. Ви ја претставуваме нејзината страница на Инстаграм и ви ја споделуваме н...
5
Мамa вели да, тато вели не?!
Kако да го совладате конфликтот во 5 чекори?
4
Направете сами: Креативни бебешки креветчиња
Во целата еуфорија околу исчекувањето на новиот член, важно е трезвено и совесно да пристапите кон уредување на неговото...
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?