|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Градинките не чинат, или родителите сме за нигде?

Редакција Рингераја, 6.10.2016
Воспитувачките во градинка навистина ќе се изнаслушаат се – од тоа дека се само глорифицирани дадилки чија должност е да хранат туѓи деца и да менуваат пелени, дека се подолго на празници отколку на работно место, или дека работат само 5 часа дневно
Клучни зборови:

image
/11


 

Се сеќавате ли сеуште на вашите денови поминати во градинка?

Моите поминаа кон крајот на осумдесеттите и кога ќе вуидам како денес стојат работите, сум преживеал „гладување“, а не сум го ни знаел тоа.

 

Доаѓам наутро во градинка и куварката во метална чинија ми плеска гриз, до ручек патиките ми се полни со вода, а џебовите со песок и камења. Три пати неделно, секоја недела без исклучок, на менито се шпагети, со два листа зелена салата. Овој „ручек“ го менувам за едно место на р'ѓосаната нишалка во дворот.

Таму некаде на тогашната периферија на Загреб, во градинка наречена по некој познат херој, на ливадата имам оставено два млечни заби, а некој постар батко веднаш другиот ден ми го украде едниот рекет за пинг-понг.

Адаптација? Ако мислите на децата кои со часови плачеа за мајките, потпрени на оградата, значи и тогаш го имало тоа.

Скршени колена, обувки од Борово и Хи-Мен пред спиење. Беа тоа прекрасни денови. И сите ги преживеавме.

Во меѓувреме, изгледа, работите се промениле.

 

Пред некој ден читав драматичен текст на еден домашен портал за родители кои се бунеа бидејќи во градинката снемало хартиени чаши за вода.

Едно дете било толку омалаксано што кога стигнало дома, цитирам: „Испило пола литар вода“. Друго пак, родителите во паника го инхалирале, па дури потоа успеало да им објасни дека е само жедно.

- На раб на дехидрација – објаснил таткото, додавајќи деца воспитувачката им рекла на децата да пијаат вода од рака, но некои од нив не знаеле. Скандал!

 

Судејќи по ова децата можат да умрат за вода ако нема чаша, бидејќи не знаат што е славина.

 

Ден подоцна се распрашав кај воспитувачките  од неколку градинки на што се се жалиме и како го поднесуваат тоа? Дали ние родителите всушност сме го изгубиле разумот?

Еве неколку од избраните поплаки извадени од дебелата книга:

-          Ве молам не го пуштајте моето дете толку често да игра во песокта, секогаш кога си одиме дома ни го валка цел автомобил.

-          Можете ли малку повеќе да внимавате на патиките од мојот син? Ги купивме пред само два дена, а веќе се изгребани.

-          Откако моето дете тргна во градинка постојано ме гризе за рака. Па на што го учите вие овде?

-          На моето дете вчера сте му ја соблекле поткошулата, бидејќи наводно му било жешко и сега настина. Не знаев дека плаќам градинка за детето да ми доаѓа дома болно? Плус денес не сте и ја смениле извалканата блуза, а планиравме да одиме во град.

Мислите дека не може полошо? Одиме понатаму.

-          Дојди Марко да ти ги врзам патиките, како што гледам оваа злобна тетка не сака да ти помогне.

-          Зошто секоја година ги менувате воспитувачките? Моето дете сега не сака да оди во градинка бидејќи ја нема онаа воспитувачка од лани. Истрауматизирано е.

-          Читав дека дебелеењето кај децата зема голем замав. Предлагам да им се забрани на децата да носат торта за својот роденден.

-          Ве молам да не му давате пилешко месо на мојот син. Алергија? Не. Едноставно не го поддржуваме нехуманиот однос кон кокошките и пилињата.

-          Моето дете е оштетено бидејќи е во група со помали деца. Се плашам дека заради тоа нема да напредува добро.

-          Вчера случајно опцув пред ќерка ми и сега таа постојано го повторува тоа. Ве молам да го исправите тоа бидејќи јас сум инжињер по струка и не се разбирам од тие работи.

-          Син ми вчера ја изгуби играчката во градинка, па ќе ја земеме оваа бидејќи му се допаѓа. Но кога ќе му се здосади ќе ја вратиме.

 

Ако се пронајдовте, сигурно сфативте дека сте погрешиле. Не го праќате детето во затвор, ќе преживее дури и ако му ја украдат играчката, ако го удри некое другарче, или ако касне малку пластелин.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Како да се грижите за папочето на бебето?
Папочната врвца треба да падне во одреден временски период и важно е добро да се грижите за него. Погледнете како.
4
Фото: Тамара Тодевска на плажа со семејството
Тамара Тодевска сподели фотографии од семејниот одмор на плажа со сопругот и двете деца Хана и Дарен
4
Каков треба да биде првиот разговор со пед...
Тргнувајќи уште за првиот прием кај педијатар, секоја мајка би сакала да знае каков лекар ќе има нејзиното дете
3
Како до мирен сон за бебињата и мајките?
Кај младото доенче најчестата причина за вознемиреност и плач се инфантилните колики кои се јавуваат при крајот на првио...
3




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?