|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Голем концерт на Брега во Метрополис Арена

Редакција Рингераја, 16.5.2011
Интервју со организаторите на концертот на Горан Бреговиќ, агенцијата Octopussy entertainment

image
/11


 

Роден да биде ѕвезда, највлијателната појава од овие простори, по многу години пак ќе настапи пред македонската публика.


Не дозволувајте да Ви раскажуваат!

 

На 20-ти мај, задолжително е ослободување на стресот, разладување на главите и опуштање со спектакуларниот Бреговиќ и неговиот The Wedding and Funeral Band во Метрополис арената. Вратите се отвораат во 21 часот, а маестрото на сцена започнува во 22 часот.

Од Music Star Production информираат дека во текот на престојните денови, како дел од Европската турнеја се концертите во  Германија – Дортмунд, Белгија – Гент, потоа Скопје, Италија – Фабрионо, Франција – Шателро, Германија – Минхен, а пред овие места, концерти беа одржани и во Турција и Шведска, што значи дека Македонија е единствената држава на Балканот која е дел од оваа турнеја.

 

Редакција Рингераја:

Со OCTOPUSSY entertainment Македонија започна нова ера во концертната и клубската сцена. Дали сметате дека постигнавте енормно голем успех во 8-те години од Вашето постоење, или се сметате за сеуште млада промоторска агенција?

 

Octopussy entertainment:

Нашата цел, мисија и визија беше да поставиме темели за добра забава. Под добра забава подразбираме добро музичко име, организација на врвно ниво и насмевки на гостите. Овие три елементи за нас се водечки, а ние и нашите дела сме гаранција за истово. Заокружената осумка се однесува на нашата агенција како веќе зрело дете, но пред неа изминатите 5 години искуство во оваа област беа првите нестабилни чекори кои потоа не застанаа на сигурни нозе, така што овој тим веќе 13 години работи во забавниот сектор.

 

 

Редакција Рингераја:

Доколку ги споредиме сите настани на OCTOPUSSY entertainment може да се забележи логична прогресија како во бројот на гостите така и во сценскиот аудиовизуелен ефект. Имате ли планови за понатамошно напредување?

 

Octopussy entertainment:

Секако дека работиме по некоја план и програм, но искрено сите членови во тимот сме со малку поексцентричен и енергичен темперамент, автоматски ви станува јасно дека движиме со брзо темпо. Постојано анализираме што и е потребно на мaкeдонската публика, а и малку пошироко. Штом забележиме некој момент (добро музичко име кое Македонија сака да го види) почнуваме со работа и за некој месец моментот станува голем настан.

 

Редакција Рингераја:

Агенцијата OCTOPUSSY entertainment е ‘виновна’ што премиерно на овие простори се појавија Herman Cattaneo, Boy George, Jeff Mills , the Therapy, Oxia, Rinocerose, Carl Cox, Dave Angel, Satoshi Tomie, John Digweed, Darren Emerson, David Morales, Tiesto, David Guetta, Paul Van Dyk...Кои светски ѕвезди да ги очекуваме во иднина?

 

Octopussy entertainment:

Имаме планови за летово. Веќе се договорени неколку настани. Карл Кокс доаѓа повторно во Македонија, а секако летото тоа ќе се случи во Охрид. Се планира и некој есенски евент, за кој секако тимот и читателите на Рингераја ќе бидат известени. И како шлаг на 2011 година ќе направиме некоја новогодишна забава.

 

Редакција Рингераја:

За 20 мај е најавен концертот на Горан Бреговиќ, една од најголемите ѕвезди на балканската музичка сцена. Дали планирате промоција и на други балкански ѕвезди?

 

Octopussy entertainment:

Сега за сега сме целосно посветени на настанот на 20-ти мај со Брега. Целата сила и енергија е насочена тука, од причина што планираме овој настан да биде поразличен од претходните неколку настапи на Брега во Македонија. Подготвуваме специјален протокол за дипломатите кои веќе се најавени и заинтересирани за настанов. Организираме и место за седење за повозрасната публика на Горан и неговиот бенд за свадби и погреби. Имаме и некои пакети за гостите во ВИП делот, а секако не забораваме и на сите оние кои ќе го направат најголемиот „штимунг“ вечерта - енергичната маса на луѓе која ќе игра и ќе се весели во текот на вечерта. Штом го завршиме овој настан ви ги презентираме останатите забави со балканските ѕвезди.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Еве зошто жените мора да пешачат што повеќе
Ова е посебно важно кај девојчињата, кои често во периодот на адолесценција избегнуваат спортски активности. Пешачењето ...
3
Како брзо да го намалите празничното стомаче?
Ако навистина планирате да го изгубите вишокот килограми, тогаш задолжително прочитајте ја оваа статија пред да ве стигн...
3
Александар Спасовски, новинарот со брачнат...
ПРВО ШТО МИ КАЖА СЛАВИЦА БЕШЕ: „ПА, ТИ НЕ СИ НОРМАЛЕН“
3
Хурем: Дури сега знам што е љубов и среќа
Кога наутро ќе се разбудам си велам себеси: “Боже, јас сум мајка!” Прекрасно е да се биде мајка, но тоа мене ми е толку ...
3




Анкета

Најубаво женско име?
Kleme788

Кое од овие имиња ви е најубаво?

Јана (43%)

Калина (26%)

Теа (31%)


Број на сите гласови: 188

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!