|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Функција на женските полови хормони

Тихана Лесјак, 14.5.2021
Освен што во нив созреваат јајце клетките, јајниците создаваат и лачат женски полови хормони, а тоа се: естроген и прогестерон.

image
/11


Функција на естрогенот


Естрогенот е важен за репродуктивноста кај жената, како и за нејзиното одржување во текот на целиот живот.

• ендометриј – естрогенот го стимулира повторното растење и обновата на слузокожата на матката по менструалниот циклус.                                                          • миометриј – естрогенот ја зголемува масата на мускулното ткиво во матката.
• грло на матката – под влијание на естрогенот, грлото лачи поголема количина воденест исцедок
• гради – естрогенот го поттикнува растењето на изводните канали на млечните жлезди.                                                                                                                                  • коски – естрогенот го забрзува создавањето на коскеното ткиво, подобро дури и од тестостеронот. Со тоа женскиот скелет побрзо созрева од машкиот, па жените остануваат пониски од машките. Освен тоа естрогенот влијае и на задржување на калциумот и фосфатите во организмот, а  последица на тоа е нивно одложување во коскеното ткиво.                                                                                                                  • вода и електролити – во големи количини естрогенот предизвикува задржување на натриумот и водата во организмот.  

 

Функција на прогестеронот 


Ендометриј – прогестеронот влијае на веќе подготвената слузокожа на која делувал естрогенот, така што таа веќе има јаки изразени секреторни функции. 

• грло на матката – под влијание на прогестеронот секретот кој беше обилен и воденест, станува намален и густ.                                                                                     • миометриј – прогестеронот го намалува честото повторување на контракции на мускулниот слој на матката. Со тоа оправдано го носи името, хормон “чувар на бременоста”.                                                                                                                         • гради – го поттикнува растењето на жлезденото ткиво.                                               • бубрег – прогестерон поттикнува поголемо излачување на натриум од организмот.


Влијание на половите хормони врз овулацијата 

Оварискиот циклус е поврзан со лачење на половите хормони од јајниците (естроген и прогестерон), кое што е регулирано од хормоните на хипофизата  - фоликулостимулирачки хормон (FSH) и лутеинизирачки хормон (LH). На врвот за излачување на хормоните стои е еден хормон од хипоталамусот - Gn-RH, кој различно влијае на лачењето на FSH и LH.

 

Преовулаторна фаза (период пред овулација)

Под влијание на FSH i LH, јајце клетките почнуваат да созреваат, а во крвта почнува да расте нивото на прогестерон. Во фазата на менструалниот циклус, пред овулација, доминантен гонадотропин е FSH, а доминантни полови хормони се естрогените. Поради дозревање на јајце клетките во фоликулот и предоминантната улога на естрогенот, оваа фаза се нарекува и фоликуларна или естрогенска фаза на менструалниот циклус. Концентрацијата на естрогенот го достигунва својот врв околу 48 часа (околу 2 дена) пред овулацијата. Интересно е како естрогенот во текот на целата преовулаторна фаза предизвикува намалување на концентрацијата на FSH, додека истовремено концентрацијата на LH постојано расте.

Фоликуларната фаза обично трае околу 14 дена. Било каква варијабилност додека трае менструалниот циклус, е предизвикана од променливиот период на траење на фоликуларните фази.

Фоликуларната фаза почнува на првиот ден од крварењето, а додека се лупи ендометриј, во јајникот веќе почнува дозревање на нова јајце клетка.

Пролиферативна фаза почнува со обнова на слузокожата на матката, откако ќе заврши менструацијата. 


Овулаторна фаза 

Овулацијата настанува 15-иот ден од циклусот како одговор на брзиот раст на LH, 24 часа пред самата овулација. Овулацијата се однесува на процесот на исфрлање на јајце клетките уште додека дозреваат. Графовиот фоликул (зрелиот фоликул), ќе стигне до јајцеводот за да може да се оплоди. Малата цистична творба од која излегла јајце клетката поминува низ промени и се трансформира во хормонски активна структура, наречена жолто тело.


Постовулаторна фаза (фаза по овулацијата) 

Откако настанува под негово влијание,  LH продолжува да го поддржува постоењето на жолтото тело. Главниот хормон кој го излачува жолтото тело е прогестеронот. Од истите причини постовулаторната фаза се нарекува и лутеинска или прогестеронска фаза. Концентрацијата на прогестеронот е поголема во споредба со естрогените во текот на целиот овулаторен циклус. Важно е да се знае дека концентрацијата на прогестеронот во плазмата е 1000 пати поголем од естрогенот. Во текот на постовулаторната фаза концентрацијата на LH почнува да опаѓа додека истовремено бележиме постојано раст на FSH. Доколку не дојде до оплодување на јајце клетката, жолтото тело, набрзо ќе почне да се распаѓа.

Прогестеронот е поврзан со зголемување на базалната температура за 0.2-0.5°C, што настанува веднаш по овулацијата и трае поголем дел во лутеинската фаза.

 www.beta.hr

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Не си виновна што не можеш да забремениш!
Еднаш многу одамна, веројатно се обидувавте да ја избегнете бременоста по секоја цена. И со право - секој период од живо...
5
Секоја жена најзадоволно се смее двапати!
Жената има две насмевки, една кога сфаќа дека е заљубена и друга кога за првпат ќе си го види бебето
3
Што не знаевте за неплодноста?
Жените кои не можат да забременат поминуваат низ многу тежок период и постојано се преплавени со емоции, како што се оса...
3
Приказната на Вишња Томиќ
Рингераја.ба за мене е како мое семејство, мој дом каде секогаш можам да влезам, во кој сите се добредојдени. Место каде...
2




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?