Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
При уредувањето на детската соба често доаѓа до судир меѓу желбите и можностите, бидејќи и родителите и детето имаат многу желби, а ограничен простор и буџет. Треба да се земе во предвид фактот дека децата брзо растат, па брзо им се менуваат вкусовите и потребите. Заради тоа водете сметка дека избраното решение може да се прилагодува со растењето на детето.
За сите активности
Во идеален случај детската соба треба да содржи три основни зони: за спиење, за играње и за работа (за школски деца), со тоа што децата, секако, најмногу се заинтересирани за играње. Најмногу ќе ги воодушеват невообичаени решенија, како што се мал шатор во средината на собата, ѕид на кој можат да се качуваат, намештај во кој можат да се вовлечат итн. Со други зборови – соба која се разликува од онаа на родителите и на нивните другарчиња. Работната маса треба да се стави до извор на природна светлина.
Нивни вкус, а не наш
Земете ги во предвид детските желби и не им го наметнувајте својот вкус. Нив не им е важно креверот и плакарот да бидат во иста боја, ниту ги импресионира името на производителот. Баш напротив, децата ќе ги развесели шаренилото на бои, повеќе од употребната вредност на намештајот. Креветите на спрат ќе им бидат многу забавни за играње. Родителите само мора да обезбедат сигурен приод до креветот на спрат и ограда за заштита додека детето спие.
Место за складирање
Децата чуваат и собираат многу работи од некои непознати причини и им треба доволно простор за се што сакаат да чуваат. Станува збор за фиоки под креветот, табуретки, лесно достапни полици, ормарчиња и кутии. Не се сомневајте дека детето се ќе успее да потполни, само ако може самостојно да ги дофати.
Персонализација на изгледот на собата
Како што веќе споменавме, децата растат и ги менуваат своите вкусови и идоли, па сигурно ќе сакаат и по свој вкус да ја уредат својата соба. За да не си го комплицирате животот и да не се изложувате на трошоци, обојте ги ѕидовите на собата во неутрална боја, а потоа детето може да ги персонализира со ликовите на своите омилени јунаци и да ги менува со текот на растењето.
Безбедност
Детската соба, нивното приватно царство, долго ќе биде простор за непречена игра, заради што еден од родителските приоритети треба да биде безбедноста. Не би требало рабовите на наместајот да бидат остри, намештајот треба да стои стабилно, а подлогата за седење и играње треба да биде мека. За мали деца не се препорачуваат фиоки со заклучување и делови кои лесно можат да се заглават. Теписите исто така, не смеат да се лизгаат по подот.
Светлина
Без сончева светлина животот не е возможен, а ништо помалку важно не е осветлувањето во затворена просторија. Од нежно млечно светло за бебе, до завеси или венецијан ролетни и ламба на работната маса на детето, светлината е без престан присутна во нашите животи. Бидете сигурни деца децата не моќат да ја допрат жешката сијалица или дека не им е достапен прекинувачот за струја. Во детската соба неизоставна е и ноќната светлина, бидејќи многу деца се плашат да спијат во потполна темница. Исто така, можете да ставите и светлечки ѕвезди на таванот.
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Што да јадат децата за да имаат здрави заби?
Сите сме слушнале дека млекото гради силни коски. Но, дали знаевте дек...
Вештачката интелигенција ги управува апаратите во домот
Паметен дом (Smart Home) е концепт во кој сите главни апарати за домаќ...
Твори - Читај - Биди хуман - Проект на Софија Петковска
ТВОРИ – ЧИТАЈ – БИДИ ХУМАН е проект кој под водство на Софија Петков...
Дренвин - Извонреден природен помошник против целулитот
За Дренвин, имаме неколку анонимни изјави од луѓе кои го користеле про...
Правилна исхрана на мали деца во лето
Малите деца, особено во лето се повеќе изложени на ризик од болести ко...
Бременост.
пеперутка16
Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?