|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Фото: Како Србија се бореше за срцето на Тијана?

Редакција Рингераја, 18.7.2013
После лавовската борба малата Тијана Огњановиќ (8) ја изгуби битката за живот, но пред тоа го разбуди она за што се плашевме дека одамна изумрело во нас - човечноста, се пишува во српските медиуми
Клучни зборови:

image
/11


 

После лавовската борба, малата Тијана Огњановиќ (8) ја изгуби битката за живот, но пред тоа успеа да разбуди она што се плашиме дека одамна почна да умира – човечноста во сите нас. Целата земја и регионот се активираа да му помогнат на осумгодишното девојченце чие срце веќе немаше сила да чука. Прв пат се немаше ни изговор ни чекање да се направи нешто добро за другиот. Тијана, благодариме за најважната животна лекција на која не научи сите нас!

 

1

 

На Тијана и се слоши во декември минатата година, кога после бројни компликации започнаа да и откажуваат бубрезите. Од тогаш започна нејзината трка со времето и неуморната борба за живот. Родителите Јелена и Небојша Огњановиќ преку медиумите покренаа хуманитарна акција која за кратко време ја крена цела Србија на нозе.

 

2

 

Најпрво се одзваа другарите на Тијана од основното училиште Иво Андриќ, кои на 19-ти март организираа концерт во Домот на културата Раковица. После на акцијата се приклучи пејачката Александра Радовиќ несебично нудејќи се да организира хуманитарен концерт во Сава Центар. Одзивот беше неверојатен. На концертот на 22-ри март се појавија и стари и млади и за една вечер се собраа дури 2.411.053 динари.

 

3

 

Тука веќе стана јасно – ќе се направи се за да се спаси Тијана. На крајот на март, Сергеј Трифуновиќ, гостувајќи во емисија посветена на Големиот брат, ги поканува сите да се освестат и да помогнат на девојчето. После тоа се одзива и неговиот сараевски колега Феџа Штукан, кој се вклучува со пријателите во акција за собирање пари.

 

-       Пред едно три месеци покренав акција за спасување на животот на еден бездомник во Сараево. Бидејќи немав пари да му помогнам сам, од очај побарав помош преку Фејсбук, а луѓето почнаа да се јавуваат. Босанци и Херцеговци од сите краеви на светот: пилоти, падобранци, студенти, режисери, глумци, глумици, забари, адвокати, градежници, спортисти, атеисти, верници, муслимани, срби, хрвати, евреи... и не ме прашувај зошто, но и покрај огромниот труд на сите нас, акцијата за спасување пропадна, но акцијата за спасување на нас како луѓе – успеа. На мојата банкарска сметка уште стојат парите за помош, со кои не знаев што да правам. После твојот човечки гест на ТВ Б92 сфатив што треба да направам. Се јавив на сите тие луѓе и ги прашав дали се сложуваат нивните пари да ги префрлам на сметката на малата Тијана и сите до еден одговорија обавезно – покажа тогаш Штукан.

 

4

 

5

 

Борбата не престанува, вработените во МУП се согласуваат да им се одбие од мартовската плата по 1000 динари за малата Тијана и успеваат да соберат околу 37 милиони динари. Потоа се јавуваат и фудбалери од репрезентацијата на Црна Гора кои уплатија 25 000 евра.

 

6

 

Првата рунда е добиена. Веќе до 2-ри април собрани се 500.000 долари за депозит за сместување во болницата во Хјустон, а десет дена подоцна малата Тијана со специјализиран медицински авион оди со родителите и лекарот таму на лечење.

 

7

 

Прогнозите беа оптимистички. Сите веруваа дека битката ќе биде добиена. Тијана не спаси како луѓе и сите се молевме за нејзиниот спас. Нова надеж се влеа кога на 3-ти мај Тијана беше ставена на листата за чекање на ново срце.

 

8

 

Се бореше како лав, но веќе не можеше да издржи. Почина на 15-ти јули и зад себе остави милиони тажни луѓе. Не го дочека новото срце, но успеа да ги спаси нашите.

 

9

 

Својот последен Велигден го помина во српската црква "Свети Сава" во Хјустон.

 

Извор:Блиц

 

 

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Вие го воспитувате добро, тоа се однесува ...
Вашето дете не сака да ги поздрави соседите во лифт, или ја фрла хартијата од чоколадо на под, а Вие го воспитувавте да...
4
Четири најздрави намирници за децата
Исхраната во детството има долгорочно влијание на развојот на интелигенцијата, некои намирници помагаат кај подобрување ...
4
Интервју: Татјана Стојановска
Нејзиниот глас денес ги најавува најновите дневни вести на А1. Далеку од телевизиските камери таа е всушност многу сензи...
4
Мамо, живеј ми уште долго, долго...
Мамо, живеј ми уште долго, долго. Јас не знам како е кога нема да го слушнам твојот глас, не знам како е без твојата куј...
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?