|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Флуорот во борбата против забниот кариес

Етерна Дент, 4.5.2010
Во превентивата против забниот кариес најголемо место им припаѓа на флуоридите. Флуорот во организмот се наталожува во коските и забите. Во забите го гради забниот матрикс и забот го прави порезистентен кон органските киселини и забниот кариес.

image
/11


Во почетокот на 20-от век е утврдена поврзаноста на флуорот со така наречените шарени заби или заби со бели дамки (забна флуороза).Тие се појавувале кај население кое конзумирало вода богата со флуор. Но исто така било  констатирано дека токму тие шарени заби имаат помалку кариес. После долгогодишни испитувања е утврдено дека концетрацијата од 0,6-1,2 ppm (промили)  во водата е оптимална за превенција како од забниот кариес така и од забната флуороза. Кон средината на 20 век во Америка е извршена и првата флуоризација на водата.

Водите за пиење во Р.Македонија се со многу ниска концетрација на флуор во водата која најчесто е помала од 0,3 ppm. Оваа концетрација е незначајна во превенцијата против забниот кариес поради кое е потребно дополнително внесување на флуор. Други извори на флуор се: флуорни таблетки, флуорирано млеко, флуорирана сол, локална апликација на флуор и др.

Флуорните таблетки се најдобрата алтернативна метода во профилаксата против забниот кариес. Одринирањето на флурните таблетки започнува уште во бременоста на жената и продолжува се до училишна возраст на детето. Кај бремените жени земањето на флуорни таблетки започнува во четвртиот месец на бременоста во концетрација од 1 мг и продолжува се до периодот на лактација. Кај доенчињата кои се на вештачка храна се дава 0,25 мг; кај деца од 1 до 3 години таблетки во концентрација од 0,50 мг; од 3 до 6 години-0,75мг и кај деца од 6 до 12 години-1 мг. При конзумирањето на таблеткитете подобро е тие да се џвакаат или шмукаат отколку веднаш да се испијат поради тоа што се постигнува двоен ефект, како локално врз забите така и системско.

Од септември 2008 година започна да се реализира националната програма за орална профилакса со флуорирано млеко.Оваа програма ке ги опфати сите деца до 12 годишна возраст, а млекото ќе се дистрибуира во детските градинки и училиштата. Со овој здраствен проект се очекува да бидат опфатени 30 000 деца во Р.Македонија и со кој се очекува да дојде до 70% намалување на појавата на кариес кај деца од предшколската и школската возраст. Флуорираната сол сеуште не наоѓа примена како алтернативна метода во нашата држава.

Друг значаен извор на флуориди во превенција на забниот кариес се и забните пасти. Најголемиот број на забни пасти денес содржат до 1500 ppm единици на флуор. Важно е да се знае за деца до 6 годишна возраст да користат забна паста што содржи мали количини на флуор зашто многу често при четкањето на забите детето ја голта пастата при што се зголемува системското внесување на флуор во организмот и на тој начин се зголемува и опасноста од забна флуороза.

Од голема важност е да се посочи и опасноста од неправилно и прекумерено користење на флурот кој може да предизвика како забна флуороза-шарени бели заби така да дојде и до труење и летални последици.Поради таа причина пред земањето да флуорот како од страна на бремената жена така и од страна на  детето најдобро е да се консултирате со стоматолог,доктор или нутриционист.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Жолт исцедок за време на бременоста? Што д...
Иако бременоста е исполнета со радости и убавина, таа е исполнета и со некои нови, па дури и непријатни ситуации.Еде...
4
Треба да јадам за двајца!?
Во првото тромесечие од бременоста на Вашето тело не му треба внесување на дополнителна количина калории од вообичаените...
3
Срцева акција
Срцето вообичаено чука околу 113 пати во минута.
3
НЕ, за мобилниот во бременоста!
Спиете со мобилниот, а бремени сте? Се надеваме дека откакао ќе ја прочитате статијава, нештата ќе се променат...
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?