|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Во играта на флерт пристапот на мажите и жените е различен. И не се лажете, дамите први започнуваат со играта...

image
/11


 

Потребни се од 90 секунди до 4 минути за другиот да може да сфати дека флертувате со него.

Еве една кратка статистика: Кога флертуваме, тоа го правиме 55% со телото, 38% од играта е со гласот, а само 7% е преку разговор.

Во играта на флерт пристапот на мажите и жените е различен. И не се лажете, дамите први започнуваат со играта...

 

Како флертуваат жените со мажите?

Ако една жена фрли на еден маж секавичен, длабок поглед, тоа е сигурен знак дека е заинтересирана за него. Овој потфат работи од кога постои човештвото. Ова е можеби една од најважните први лекции кои девојката ги апсорбира за комуникација со посилниот пол. Воопшто не е потребно жената да користи вербален јазик, за да му покаже некому колку е заинтересирана за него. Кои се начините за жената да покаже интерес:

  • Испраќа безгрешен, брз и нежен поглед кон него, со кој сака да го прикова на место.
  • Додека разговара со него, таа го движи прстот по работ на чашата полна со вино, или друг пијалак, врти во раката хемиско пенкало, ги допира рамената или вратот и малку ја допира неговата рака.
  • Играта со косата е едно од најчестите тајни оружја на жената: прамените коса ги допира и става зад уши, или ја распушта па повторно собира косата.
  • Заведување со усни: во овој потфат може да биде вклучено нанесување на црвен кармин што остава впечаток за сочни и полни усни со силен контраст...Не помалку ефикасно е бавното размачкување на сјај за усни. Бојата и видот не се важни, важно е бавното размачкување со усните.
  • Одењето на високи штикли, запетлувањето на обувките, подигнувањето и покажувањето на женското стапало, додека седи на високиот стол на шанкот само покажува колку е невозможно за мажот да избега од таа жена.
  • Природно, ништо не е толку силно колку насмевката. Му се насмевнува ли жената на мажот нема начин тој да не се заинтересира за неа.

Сексот не е единствениот начин за невербална комуникација меѓу мажот и жената. Дури и кога одамна е поминат тој чекор, останува актуелна комуникацијата без зборови, со гестови и допири, а очите се едни од најважните фактори во врската меѓу двајца луѓе.

 

Јазикот на телото кај мажот

Мажите се ловци и ја сакаат возбудата на ловењето за да стигнат до целта. Ова го објаснува фактот зошто кафетериите се полни со претставници на посилниот пол, без оглед на статусот и возраста. Тоа се нивните упоришта.

Мажот користи трикови благодарение на кои таа може да го разликува од неговото друштво. Тој изгледа или повисок, или дрзок, стилски, активен и потентен. Тој сигурно ќе Ви даде до знаење дека е господар на ситуацијата.

Мажот исто така се прашува дали изгледа добро – се грижи за својата коса, за хигиената на устата и за добриот парфем. Што уште прават мажите кога се во поход:

  • Случајно се сретнуваат со неа на пат кон кафетеријата, или работното место
  • Мажот сака да размислува за игра откако ќе се ослободи од работните обврски. Кога ќе почне да игра со вратоврската тоа дефинитивно дава сигнал дека е подготвен да и посвети време.
  • Можно е мажот да посака да го намали растојанието до жената при разговор, со желба да ја слуша подобро
  • Дрската насмевка е заштитен знак на мажот кој флертува. Доброто расположение ќе го покаже со допир на раката, грбот, коленото, рамото, или друг дел од телото. Ако таа прифати допир на нејзината рака, следниот чекор е нежно тргање на праменот коса од нејзиното лице.
  • Кога мажот е заинтересиран за некоја жена, тогаш јазикот на телото е често “отворен”. Нема да видите скрстени нозе, раце скрстени на градите, сплетени прсти.

 

Флерт со очи

Кое е главното средство со кое се остваруваат плановите при флерт? Се разбира, очите. Флертот со очи е еден од најчесто користените начини за да покажеме дека некој навистина ни се допаѓа.

Постојат неколку начини на контакт со очи:

  • Кога тој или таа Ве бара во толпата на ноќниот клуб со поглед, следи кога ќе се вратите и потоа ќе го замрзне погледот на Вас.
  • Мажот е подготвен да и се приближи на жената откако таа го погледнала директно во очи.
  • Друг начин е кога го фиксирате погледот со широко отворени очи, преку што се емитуваат романтични сигнали, или сексуална желба.
  • По контактот со очи од неколку минути, можно е да го спушти/те погледот надолу по телото. По тоа, повторно се остварува контакт со очите. На овој начин категорично се изразува сексуален интерес. При преземањето на следниот чекор треба да бидете сигурни дали сакате продолжение на играта...
  • Внимавајте кога остварувате контакт со очи – потребно е и двајцата да сте на иста бранова должина. Ако другиот го прекине контактот со очи, подобро е да се повлечете привремено.

Не секаде е прифатено да се гледа во очите на другиот, но во ноќните клубови и кафетериите тоа е начинот за две лица да се разберат дека си се допаѓаат...

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Поддржуваме мали бизниси: Дора Мода
Еден Инстаграм профил го привлече нашето внимание. Станува збор за doramodahandmade и нејзините хеклани приказни
4
Интервју со Данијела Мартиновиќ
Популарната пејачка од Сплит зборува за младоста, но е за 40-тиот роденден, кој и’ се приближува. Исто така, ја коментир...
3
Детска мода, Лето 2013
Модната марка Dolce & Gabbana не создава облека само за возрасните, туку и за младите госпоѓици и господа. Новата колекц...
3
Фото: Јавно запросување на Пиво Фест!
Освен по пиво и скара годинашниот пивофест во Прилеп двајца млади, и нивните најблиски, ќе го паметат и по тоа што ја ис...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?