|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Финансиско неверство – љубов, пари и лаги

Редакција Рингераја, 17.5.2011
Дали би го излажале партнерот во врска со парите?

image
/11


 

Едно истражување во Америка покажало дека постои незанемарлив процент на парови кои користат некој вид на лаги во финансиските води, кои се движат од најбанални примери, па до сериозни “неверства”. Околу 30% од испитаниците понекогаш сокриле сметка која не ја платиле, околу 16% сокриле голем шопинг, околу 15% признале дека имаат тајна сметка во банка, околу 11% од нив ги сокриле своите долгови, а нај запрепастувачки е што 11% од испитаниците ги лажеле партнерите за висината на нивните приходи.

Друго истражување, спроведено од “CESI Debt Solutions” во 2010 година, покажало дека приближно во 80% од паровите, партнерите кријат еден од друг некои трошоци.

 

Како да се врати мирот, љубовта и разбирањето?

Психолозите и брачните советници често имаат полни раце работа на оваа тема – враќање на мирот и разбирањето по откриеното финансиско неверство. Тие на своите клиенти им даваат по два клучни совети:

-  Чувајте одвоено дел од парите, бидејќи секој партнер има оправдана и реална потреба за финансиска приватност

-  Разговарајте и утврдете во кој сегмент се разликуваат Вашите вредности, бидејќи тие се главна причина за финансиските излети.

Една статија во изданието на CNN на интернет “Пари” (“Money magazine”) открива уште некои тајни поврзани за парите и објаснува дека перцепцијата од која поаѓа личноста која врши финансиско неверство е следна: “Немам намера отворено да го лажам партнерот ако потрошам пари, но ако заобиколувањето на темата може да помогне да избегнеме кавга, зошто да не?”

 

Зошто имаме тајни?

Причината зошто повеќето партнери ја прикриваат количината на потрошените пари е крајно едноставна – избегнување на конфликт или критики од страна на партнерот.

Повеќето кавги околу парите започнуваат со славната реченица: “Како си можел/а да потрошиш ххх на тоа и тоа?” Меѓутоа, вистинската причина за кавгата не е предметот кој се купил, ниту цената. Луѓето во основа се караат заради конфликт на вредности. Наместо да разговараат за различните вредносни системи пред да купат нешто, на партнерите им е полесно да купат што сакаат и да го ”стават под тепих”, со надеж дека ќе помине незабележано.

 

Кога настанува проблем?

Според мислењето на Барбара Нузбаум, психолог кој се бави исклучиво со решавање на проблеми во бракот – поврзани со парите, на сите парови им е потребна приватност, но важно е таа да се избалансира со потребата за одговорност. Кога ќе премолчите за одредено купување тоа е во ред, се додека не почнете свесно да го залажувате партнерот.

Чест совет кој Барбара го дава на своите клиенти е: “Ако не сте сигурни дали Вашето однесување е прифатливо запрашајте се дали би се нарушила довербата меѓу Вас ако партнерот дознае што сте направиле”. Црвено знаме за предупредување е: криење на сметки, отворање на тајна сметка во банка или вклучување на децата во лагата:”Немој да кажеш на тато/мама”

 

Како да се реши проблемот?

Добра идеја, која успева кај многу парови е дефинирање на политиката на приватност – било да е тоа одреден износ на пари кој на секого му е дозволен да го потроши, или да се предвиди месечен износ на пари за импулсивно или непредвидено купување.

Доколку едната, или двете страни, имаат долга историја во прикривање на трошоците, неизбежен е разговор за системот на вредности. Притоа, разговорот не треба да биде насочен на поединечните купувања или износи, туку секој да ја објасни причината за таквото трошење. Искреноста може многу да помогне во меѓусебното разбирање.

Најважно од се е партнерите да сфатат дека веројатноста да го убедат партнерот да премине на нивна страна е мала, дури и непостоечка и заради тоа напорот насочен кон убедување треба да се пренасочи кон пронаоѓање на компромис, кој може да биде прифатлив за сите.

 

 

ПРОЧИТАЈТЕ што се разговара на нашите форуми на оваа тема!

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Вие го воспитувате добро, тоа се однесува ...
Вашето дете не сака да ги поздрави соседите во лифт, или ја фрла хартијата од чоколадо на под, а Вие го воспитувавте да...
4
Четири најздрави намирници за децата
Исхраната во детството има долгорочно влијание на развојот на интелигенцијата, некои намирници помагаат кај подобрување ...
4
Интервју: Татјана Стојановска
Нејзиниот глас денес ги најавува најновите дневни вести на А1. Далеку од телевизиските камери таа е всушност многу сензи...
4
Мамо, живеј ми уште долго, долго...
Мамо, живеј ми уште долго, долго. Јас не знам како е кога нема да го слушнам твојот глас, не знам како е без твојата куј...
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?