|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Fetusce: Мојата породилна приказна

Редакција Рингераја, 27.2.2012
Моментот кога јас се претворив во “ние”

image
/11


 

 

Моментот кој го очекувате цели девет месеци, а едвај чекате да помине. Моментот за кој живеете и мечтаете цел живот, а кога ќе дојде - умирате од страв. Единствениот момент во кој сите болки, солзи, стравови и трепети ви ја носат најголемата среќа во животот.

ВАШИОТ момент на породување!

 

 

Ник: Fetusce

Датум на породување: 01.02.2012 година

Тип на породување: царски рез

Болница: Гинекологија Чаир

 

 

Мојата породилна приказна ќе ви биде многу смешна. Барем јас така мислам. Денот кога станавме ние, со задоволство ќе се сеќавам на него неизмерно колку што ми дозволува меморијата.


Ќе се навратам на претходниот ден. Беше ладно и мирисаше на снег. Ладниот ветер ме милуваше по лицето. Отидовме во породилното во Чаир по препорака на мојот матичен гинеколог. Последниот термин беше поминат. Јас со стегнато и згрчено лице што од студ, што од грижи, со маж ми чекавме пред вратата на докторот кој ме породуваше. Се тресев, немав болки, немав буквално кажано ништо слично што наликуваше на жена што требаше да се породи.

Влеговме кај докторот, ми направија ЦТГ, ме видоа на ехо, а патем докторот ме прегледа вагинално, отворена бев  два прста. Ништо ново. Ситуацијата беше секогаш иста, без никакви знаци за излегување на бебето, а мене ми беше одлично, само се чувствував многу тешка, стомакот ми беше многу надуен после прегледот. Се мислев кога ќе дојде тој ден кога ќе станеме ние. Умирав од грижи и се прашував: зошто бебето не сака да излезе. Се нервирав зошто немам никакви породилни симптоми. Се стемни, ги гледав серијалите како по обичај. Набрзо потоа си легнав да спијам, сонот ми беше добредојден.

Мислев дека сонувам. Почувствував дека стомакот почна да ме боли, но тоа не беа јаки болки, туку благопријатни. Почнаа такви болки да се јавуваат на два часа. Ајде, можеби тоа е тоа си помислив. Не се јаки можам да ги издржам си велев. Почнав да се превртувам од една на друга страна, стомакот ми беше нагло зголемен, барем јас така  во моментот чувствував. Беше два часот по полноќ. Болките беа  издржливи. Ме лазеа морници по телото. Целата се наежив. Го разбудив маж ми. Му реков досадно ми е ајде стани малку  нешто како да ќе дојди и тој ден. Маж ми се стресе. Стана се облече и мене ми помогна да се облечам. Чекавме да дојде седум часот наутро. Му се јавивме на докторот и отидовме  во болницата во Чаир. Ме прегледа под итна постапка и ме прати на подготовки за породување.

Откога ме подготвија, не качија во една соба каде ме легнаа во кревет и ми ставија инфузија и ми мереа ЦТГ. Немав многу големи болки но од инфузијата ме тераше многу на мокрење. Само одев во ве-це да мокрам. Докторот ме прегледа, ми го пукна водењакот. Бев отворена 10 прста. Ме однесоа на бокс. Докторот го видов стоеше пред мене и викаше напни, напни, ајде уште малку. Јас напнував но ништо само викав бебето ми дојде до градите, до белите дробови. Почнува да ми се качува до грлото. Единствено што помнам понатаму е тоа дека слушав гласови: Сакаш со спинална анестезија, потоа слушнав уште некој глас кој одговори: Таа ќе посака во оваа состојба се' што ќе ја прашаш и ќе и кажеш. На крајот се најдов во шок соба, барем така кажаа докторите кои ме посетија. Ги видов доближени до мојот болнички кревет веднаш се сеќавам им кажав: ајде сега ќе се породувам, спремна сум, подготвена да одиме. Докторите се сантиметри. И ЈАС СЕ НАСМЕВНАВ.  Го избегнав со сигурност втори фебруари.

 

 

Сакате да ни ја испратите Вашата приказна од породувањето?

Прочитајте како во статијата Породилни приказни.

 

 


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Не ги правете овие 7 работи додека се поро...
Еве ги моите 7 совети за тоа што НЕ треба да правите за време на породувањето:
4
Сончање во бременоста
Пред на го изложите своето преубаво трудно тело на сонце, прочитајте што (не) им се препорачува на идните мајки, кога е ...
3
Чоколадото и бременоста
Како чоколадото помага да се роди среќно дете?
3
Дали покачениот холестерол е нормален во б...
Зголемениот холестерол за време на бременоста е многу важен за здравјето на мајката и бебето. Сепак, експертите објаснув...
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?