|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Фебрилни конвулзии (грчеви)

Редакција Рингераја, 15.4.2011
Зголемената телесна температура кај новороденчињата може да биде незначајна појава, знак за некоја акутна болест, но може да доведе и до драматична ситуација – до КОНВУЛЗИИ.

image
/11


 

Зголемената телесна температура кај новороденчињата може да биде незначајна појава, знак за некоја акутна болест, но може да доведе и до драматична ситуација – до КОНВУЛЗИИ.

Доколку детето не пие доволно течност, се мачи со мајчината дојка, или се помалку цица од ден на ден, заради недоволно внесување на течности може да добие зголемена температура.

Претоплено дете во топла просторија, или во лета исто така може да добие зголемена телесна температура. Многу болести (на дишните и мочните патишта) исто така можат да предизвикаат покачена телесна температура.

Но нас не интересираат ФЕБРИЛНИТЕ КОНВУЛЗИИ и она што треба да го направиме доколку се појават.

Конвулзиите со својот изглед и траење предизвикуваат страв, паника и очај кај родителите – чувство дека засекогаш го губат своето мало и сакано детенце.

 

Што се фебрилните конвулзии?

Конвулзии, или грчеви, се неконтролирани грчења на мускулите на телото, предизвикани од различни причини. Фебрилните конвулзии настануваат од покачена телесна температура. Тоа се еден вид на церебрални напади. Најчесто се јавуваат како генерализирани тонично – клонични напади.

Се појавуваат при покачена, или многу висока телесна температура.

Нападот може да биде попратен со превртување на очите, изгубен поглед, појава на плунка на устата и изгубена свест.

Конвулзиите често настапуваат при првиот пораст на температурата, a родителите можат и да не забележат. Треперењето на рачињата, нозете и телото, трае неколку до 20 минути, полека се смирува телото и на крајот детето заспива. Најчесто конвулзиите се појавуваат од 6 месечна до 3 годишна возраст. Конвулзиите можат да бидат генерализирани или еднострани. Причините можат да бидат различни, а најчесто се неразјаснети. Најчесто се јавуваат кај момчињата и проследени се со вирусни инфекции. Конвулзиите се епилептични напади, но не се епилепсија. Најчесто се наследни.

 

Едноставни фебрилни конвулзии

Се појавуваат во периодот од 6 месеци до 3,5 години. Проследени се со висока температура и најчесто траат до дваесет минути. И другите членови на семејството имале конвулзии.

 

Сложени фебрилни конвулзии

Се појавуваат во периодот до 6 месеци. Проследени се со мала зголемена температура, можат да се случат повеќекратно во вид на парцијални напади (најчесто постои оштетување на мозокот, бидејќи во невролошкиот статус и пред нападите постојат абнормалности - пореметувања на мозокот).

 

Што да се направи?

1.      ОСНОВНО е да се обидете го совладате стравот и паниката и да му помогнете на детето.

2.      Соблечете го детето и внимателно набљудувајте го видот на грчевите и нивното времетраење. Така ќе му помогнете и на лекарот.

3.      Главата на детенцето завртете ја на страна за плунката непречено да истекува од устата и да се спречи аспирација – нејзино слевање во дишните патишта и паѓање на јазикот – со тоа ќе ја спречите можноста за гушење.

4.      Со допир на детското тело ќе забележите дали е детето топло и ќе му ставите антипиретик во вид на чепче.

5.      Викнете брза помош, или завиткајте го детето и одете до најблиската здравствена установа.

6.      Никогаш не тресете го детето, не му ставајте ништо во устата и не го натурајте со вода. За првиот напад  е потребно комплетно испитување и интензивно лечење , за да се види причинителот и да се одреди терапијата. Терапијата може да биде континуирана – секојдневна и интермитентна – во моментот на појавување на висока температура.

7.      За понатамошно сузбивање на конвулзиите и заштита на детскиот мозок од тие страшни случувања треба да се слуша лекарот и во домашната аптека да се чува препишаната терапија.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

10 можни причини за грчеви по менструацијата
Грчевите се многу чести пред и за време на менструацијата, но може да се појават и по завршувањето на истата. Во ов...
5
Напредување на исклучиво доено бебе
Ако сте загрижени дали вашето бебе добива доволно млеко со доење, најпрво прочитајте го овој текст. Добивањето на тежина...
4
Фото: Снежана Лупевска со синот
Новинарката Снежана Лупевска Созен во јули годинава се породи со своето прво дете. Со сопругот Ерџан го одбраа името Мик...
4
Ева Лонгориа ќе биде кума на Харпер Бекам
Ева Лонгориа откри дека е поканета да биде кума на неодоливата Харпер Бекам, ќерка на Викторија и Дејвид Бекам. “Очајнат...
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?