|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Еве што значи да си Ромка и да се породуваш

Редакција Рингераја, 27.6.2016
Дали шлаканиците се дозволен метод за пораѓање во државна болница? Дискриминацијата кон жените Ромки очигледно е сe уште пракса, велат од Иницијативата на жени од Шуто Оризари кои го пренесуваат сведоштвото на С.А.

image
/11


 

Ви го пренесуваме интегрално целото сведоштво:

„Се породив пред една недела. Веќе навлезена во 10 месец со поминат термин за породување, мојот матичен гинеколог со упат ме прати во Клиника за гинекологија и акушерство (ГАК), и ми спомна „царски рез“ како една од опциите за породување.

Веднаш се јавив во болница и бев примена на „патолошко“ одделение. По прегледот и направено ЦТГ, ноќта ја поминав мирно во болницата. Следното утро, докторот ми даде вагиналетка за да почне породувањето. Попладнето веќе ги добив првите послаби болки, но при прегледот докторите рекоа дека е сè уште рано за породување. Вечерта дојде друга докторка и само ù рече на сестрата: ,,Женава мора денес да се породи – ставете ù уште една вагиналетка“. Потоа, ми се обрати и ми рече ,,Бебето ти е свртено во хоризонтала, ќе треба да чекаме да се сврти надолу, ако не ќе те породиме со царски рез“. Дојде една сестра ми ја стави втората вагиналетка и ми даде некој документ да потпишам. Само да кажам дека јас не сум писмена, и во тој момент не видов што потпишувам. Никој не ми кажа за што е тој документ и што потпишувам. После неколку часа прокрварев и пак ме прегледаа и ми рекоа дека бебето е во добра положба и да се качам во родилна сала.

Иако дотогаш сè изгледаше како да е во ред, одеднаш добив силни и болки кои не можев да ги издржам. Болките беа многу големи и страшни, веќе во сала за пораѓање не можев да се воздржам од гласното офкање. Сестрите кои што беа на смена ми рекоа: ,,Ајде ти си петторотка не викај толку“. Јас им реков дека не можам да издржам од болки и го викнаа докторот. Докторот ме качи на бокс и ме прегледа. Јас упорно имав болки и врескав, а во тој момент и колената почнаа да ми се тресат. Слушнав кога докторот ù рече на сестрата: „Дајте и АМИЗОЛ инекција нека се смири малку“. Сестрата ме боцна со инекција и ми рече: „Ајде чим толку викаш, сега симни се сама од боксот и оди таму шетај!!“ Јас ја прашав: „Каква е оваа инекција?“ Таа ми одговори: „СПАЗМЕКС, ништо не е ќе те смири малку да не викаш толку“.

Одвај се симнав од боксот и кога станав видов многу крв.

По неколку часа со неподносливи болки повторно ме качија на бокс, дојде докторот и рече дека ќе се пораѓам сега и си замина. Останав со две сестри или незнам што беа?

Едната од нив ми рече: „Ајде ти си петторотка, ти можеш сама да се пораѓаш“. И си замина.

Втората сестра исто ме остави сама и ми рече „ајде пораѓај се, мене ми завршува смената, ќе те оставам. Ти си родила 4 деца, за ова не изводи толку, не викај!“ И си замина.

Откако си го испи кафето и цигарата првата сестра (ја гледав од карши од стаклото) дојде и ми рече: „Што се дереш ма толку, срам да ти е, како знаеш да направиш 5 деца, вие циганите за тоа ве бива! Вие циганите само сте учени да раѓате“. Дојде и втората сестра и породувањето почна, а јас веќе немав сила и најверојатно од инекцијата бев зашеметена. Тие двете сестри цело време ме навредуваа и ми забележуваа за моето викање и само во еден момент едната од нив ме удри со ШЛАКАНИЦА. „Зошто ме удираш?“ ù реков и ми возврати со уште една шлаканица втората сестра: ,,Затоа што се дереш како крава“.

Влезе во тој момент, најверојатно болничар, и силно ме притисна по стомакот и бебето излезе. Бебето во еден момент немаше малку воздух но потоа дојде една докторка и го однесе без да го видам. После неколку часа ме вратија во соба но цело време ме погледнуваа и коментираа за мене колку сум се дерела како тоа не треба да и се случува жена на која што ова и е 5то породување. Ги прашав сестрите како е бебето. Кратко ми одговорија: „Добро е има малку жолтица и на апарат е сега“. Во болница останав 5 дена и за тој период никого од моите роднини не дозволуваа да ги видам. Мислам дека уште не можам да се смирам од тоа што го доживеав, од шлаканиците и понижувањата, од нехуманиот однос на сестрите во ГАК. Се прашувам дали ова мене ми се случува за тоа дека според нив јас сум ,,циганка“, или така сите ги пораѓаат?

ЗАРЕМ ЦИГАНКИТЕ ТРЕБА СО ШЛАКАНИЦИ ДА СЕ ПОРАЃААТ??!!!!“, стои во сведоштвото кое го пренесоа Иницијатива на жени од Шуто Оризари.

 

 

Хормон на бременоста – hCG
Клетките на растечкиот ембрион започнуваат да лачат хормон наречен хуман хорионски гонадотропин или hCG, супстанција кој...
3
Фемибион I и II - здравје за идните мајки ...
Јас сум Femibion®, додаток со добро избрани хранливи материи развиен специјално за да ги задоволи променливите потреби н...
3
Училиштето за трудници и млади мајки
Мамо,тато спремни ли сте за мене? Вие очекувате бебе...
3
Движење на бебето во стомакот
За секоја идна мајка, првото движење на бебето во стомакот претставува најсреќен момент во животот, бидејќи тоа говори д...
3


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:



Анкета

bebus
nadezda

koe ime e poubavo

anabela (50%)

anamarija (50%)


Број на сите гласови: 121

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!