|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Епидурална анестезија – за и против

Редакција Рингераја, 21.11.2011
Епидуралната анестезија е метода за олеснување на болките при породување. Постапката се изведува на начин што во епидуралниот простор, меѓу 4 и 5 лумбален пршлен, со помош на игла се вбризгува анестетик во комбинација со лекови

/11


 

Епидуралната анестезија е метода за олеснување на болките при породување. Постапката се изведува на начин што во епидуралниот простор, меѓу 4 и 5 лумбален пршлен, со помош на игла се вбризгува анестетик во комбинација со лекови. Исто така, постапката може да се изведе со помош на тенок катетер, кој се поставува во епидуралниот простор, при што лекот се дава во неколку дози или континуирано.

Епидуралната анестезија може да се користи за ублажување на болките во првата и втората фаза на породувањето.

Анестезијата почнува да делува по 20 минути од вбризгувањето на лекот, а пациентката чувствува дека контракциите стануваат помалку болни и го губи чувството во долниот дел на телото. Може да почувствува дека нозете и стануваат топли и тешки. Лекот ги блокира корените на нервите и потполно ја блокира болката. Анестезијата престанува да делува по неколку часа.

Многу трудници размислуваат за овој начин на ублажување на болките при породување, но се двоумат заради различните последици за кои слушнале, или заради стравот од самата постапка. Заради тоа, накратко ќе направиме попис на за и против епидурална анестезија.

 

За:

  • Многу ефикасна против болки во тек на породување, царски рез и различни операции.
  • Ефикасна против болки при породување во кое се користи форцепс.
  • При породување со царски рез и овозможува на мајката да остане будна.
  • Ги олеснува долгите и тешки породувања.
  • Го намалува крвниот притисок, така што е ефикасна за пациентки кои имаат висок крвен притисок во бременоста.
  • Дава можност за потполно емоционално доживување на породувањето, бидејќи ја исклучува болката.
  • Се користи како метод на намалување на болките при породување веќе долга низа на години.
  • Се користи и за други хируршки интервенции и операции.

Против

  • Може да се појават благи до многу тешки главоболки.
  • Може да се појави неконтролирано тресење.
  • Може да дојде до зуење во ушите.
  • Често предизвикува драстичен пад на крвниот притисок.
  • Ја зголемува веројатноста од интервенција со вакуум и форцепс.
  • Ја зголемува веројатноста од царски рез.
  • Може да ги намали контракциите.
  • Може да ја зголеми должината на породувањето.
  • Понекогаш се потребни неколку обиди за катетерот на се намести на вистинското место.
  • Движењето на пациентката е крајно ограничено, бидејќи не може да стане од креветот.
  • Може да предизвика промени во отчукувањата на срцето на бебето.
  • Може да предизвика долгорочна болка во грбот.
  • Може да предизвика мачнина и повраќање.
  • Може да предизвика потешкотии во мокрењето.
  • Во многу ретки случаи, но кои не смеат да се занемарат, може да предизвика сериозни респираторни проблеми, епидурален апсцес или парализа. Вакви компликации се исклучително ретки, но познати се и такви случаи во медицината.

 


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Snow Queen: Мојата породилна приказна
Моментот кога јас се претворив во “ние”
4
Кога градитe престануваат да болат во брем...
За некои жени, болните гради се еден од првите знаци на бременост, дури и пред пропуштената менструација
4
Подобрување на интимноста за време на брем...
Бременоста е извонредно искуство кое носи безброј промени во телото и животот на жената. Како што се развива секоја неде...
3
Дали е опасен Парацетамолот за време на бр...
За време на бременоста повеќето лекови не се безбедни за земање. Дури и некои од најчесто користените лекови кои се изда...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?