|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Емотивно писмо од бебето до мајката!

Marija Taraba, 14.6.2020
Ако сте пред породување или веќе имате бебе и се сомневате во способности за доење на вашите гради, прочитајте го ова прекрасно писмо кое го напиша мајката и советничка за доење, Марија Тараба. Еве што би ви рекло вашето бебе, да може да зборува
Клучни зборови:

image
/11


 

Драга мамичке,

Многу ти благодарам што ме доиш. Веројатно и сама знаеш колку твоето млеко е најдобро за мене. Уморна си и по малку лута, бидејќи грижењето за мене е доста тешко. Пред да се откажеш од  доење, ќе се обидам да ти го објаснам своето однесување. Можеби тогаш ќе се чувствуваш малку подобро.

Ако после породувањето ме одделиле од тебе, мене ми треба повеќе време да го вратам својот инстикт и да почнам правилно да цицам. Можеби изгубив во тежина додека бевме во болница. Знај мамичке, јас секогаш ќе ти кажам кога сум гладен, за да дојдам до твоето млеко. Дури и ако поминале само 5 минути од кога цицав последен пат. Можеби баба ќе ти каже: “Само што јадеше, сигурно не е гладен”, но мамичке, јас сум мал и не можам побрзо. Сега ми требаат 20 минути за да добијам само 5 мл. од твојот колострум, кој многу ми значи.

Не грижи се мамичке, се е во ред! Не постои место каде што би сакал повеќе да бидам, отколку во твојата прегратка, да го слушам твојот глас и да те мирисам, дури и ако не си се бањала откако сум роден. За мене си највкусното и најпрекрасно суштество. Не постојат многу начини на кои можам да ти кажам што сакам. Можам да плачам и можам да цицам. Не можам да гледам многу, но многу чувствувам. Чувствувам како ме ставаш на своите гради и тогаш сум најсреќен.

Можеби те збунува тоа што сакам да цицам по цел ден и цела ноќ. Но мамичке, јас не голтам цело време. Јас вежбам  за да станам посилен и истовремено ја подобрувам твојата “фабрика со млеко”, која за мене има вкус подобар од сладолед!

Ако ми понудиш шишенце, јас ќе испијам се, бидејќи поинаку не знам. Моето стомаче е мало и на твоите гради можам да легнам кога ќе посакам.

Мамичке, знам дека ми посакуваш се најдобро и дека понекогаш се грижиш дека немаш доволно млеко за мене. Можеби почнуваш да се сомневаш во своето тело. Но јас знам дека ти го можеш тоа. Дозволи ни да бидеме заедно по цел ден и цела ноќ. Јас ги сакам баба и дедо и тато и сите останати кои доаѓаат да ме видат, но најсреќен сум кога сум со тебе. Сакам да го слушам твоето срце додека спијам, толку си топла и мека и мирисаш најубаво на светот.

Местото меѓу твоите гради е место каде можам да ја спуштам својата глава и да го почувствувам допирот на твојата кожа.

Мамичке, знам дека имаше поинаков живот пред да се родам јас, одеше во ноќен клуб, кино, во ресторани и во посета на пријателите. Знам дека мислиш дека никогаш повеќе нема да можеш да го правиш тоа. Затоа сакам нешто да ти ветам. Не знам кога ќе се случи, но сигурно ќе дојде ден кога ќе ми требаш помалку. Моето цицање ќе биде поретко и ќе заспивам сам во креветчето. Ќе сакам да ме држи и некој друг освен ти. Ќе се научам да се заспивам сам и помалку да зависам од тебе.

Но денес мамичке ти ми требаш најмногу. Се надевам дека љубовта која ја чувствувам кон тебе, а ти се уште не можеш да ја почувствуваш, ќе биде доволна за да ги издржиш овие напорни денови.

 

Твоето бебе

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Најубави мисли за бебињата
Најубавите, некогаш кажани, мисли за бебињата. Ќе Ве разнежнат...
7
Најубави имиња за девојчиња по ваш избор
Ги повикавме мајките на Facebook да ни кажат кои им се омилени имиња за девојчиња. Еве го нивниот избор
6
10 вкусни овошни кашички за бебе
Направете сами сладок оброк за своето бебе! Домашните кашички се повкусни, поздрави, поевтини. Еве неколку предлози...
4
Календар на исхрана од 4-12 месеци
Воведувањето на цврста храна кај доенчињата може да биде забавно, весело и интересно, но е предмет на сомнежи и двоумење...
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?