|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Eмотивно писмо на еден грижлив татко

Редакција Рингераја, 14.8.2013
Писмото на Јуре Карамарко коe ја крена цела Хрватска на нозе!

image
/21


 

 

Пред помалку од две години Јуре Карамарко упати апел до министерот за здравство Дарко Милиновиќ да испрати доктор во болницата Ребро, бидејќи никој не можел да донесе одлука за операција на неговиот син во неработен ден.

Неговиот син Ловро е роден во тешка здравствена состојба, со срцева мана која подоцна ја лечеле во Минхен. Две години подоцна борбата на таткото сеуште трае, а писмото  кое го објави на профилот а Фејсбук погоди многумина.

 

Го пренесуваме во целост:

Фајтеру мој, денес ти е именден! Тато денес повторно не е дома. Знаеш тато се разбуди многу рано, на нозе ќе биде вечер до 1 часот. Ти во тоа време ќе трчкаш околу куќата, ќе ги полниш пелените, ќе се капиш во базенчето, ќе ја бркаш мачката и ќе се прскаш со вода. Мама вели дека многу пати во текот на денот го споменуваш тато. Што можам фајтеру, именденот ќе помине без мене бидејќи морам 20 часа да бидам на нозе, оддалечен 27 километри од тебе. Работам по цел ден на 3 страни, срце татино, куна по куна некако ги затворам долговите, но фајтеру мој немам друг избор, колку и да е тешко и болно за тебе, за мене и за мама.

Знам фајтеру, тоа е само именден  и многумина не го слават, но јас го пропуштам, а за нас тоа требаше да биде голем ден, наш ден. Знам фајтеру...и првите чекори се први чекори и првиот збор е само прв збор и првиот пад на газе и првото мочкање на подот без пелени и какање во нокширче и првото лижење сладолед, првото фрлање на камчиња во морето и првото станување од кревет и доаѓање во дневната соба и уште многу нешта... Фајтеру мој пропуштивме многу заеднички моменти. ПРЕМНОГУ! За некои тоа се ситници, а нам требаше да ни бидат големи моменти.

Тоа не значи дека тато помалку те сака! Знаеш фајтеру мој, таа лузна на твоите гради, тоа твоето мало срце два пати го лечеа, добрите луѓе те оперираа. Тоа се оние чичковци во бели одела кои не ги сакаш. А кој ги сака? Фајтеру мој, малку тогаш не зафркаваа некои дрски доктори, па тато ја крена цела Хрватска на нозе. Веќе осмиот ден те оперираа во Минхен, а многу од твоите цимери денес не се со нас. Многу ангели и херои со кои ја делеше својата соба и операционите сали, отидоа на подобри места, горе во рајот. Знаеш фајтеру, тогаш тато со месеци беше буден, бдееше над тебе, рушеше бариери, му ја е** мајката на многумина, чукаше на многу врати и ги сруши сите бариери за тебе, за ти денес да бидеш жив и да го дочекаш овој именден.

Фајтеру мој, тато ослабе 24 килограми, потона како никој, бидејќи секоја батерија се празни, а таа на тато беше скоро готова. Фајтеру мој, тато денес повторно се бори, по скоро две години, физички на дно, психички празен и уште се бори, уште не дошла последната битка. Но сега се бори со времето, идејќи многу е кратко. Време во кое тато мора 20 часа дневно, без оглед на тоа што се отвораат рани на табаните, без оглед на главоболките, рацете кои се тресат и 63-те килограми во 27-та година, мора уште да крвари. Мора да крвари бидејќи треба да се вратат кредитите, да се затворат даночните обврски, мора да крвари за сите долгови кон добрите луѓе кои ни помагаа и за тој момент кога конечно тато ќе биде со тебе.

Да фајтеру мој, заедно со тебе, па иако ги пропуштивме многуте убави моменти кои требаше да бидат наши, барем да го дочекаме првото подавање на топката, првото самостојно пливање, првиот цртеж или првото самостојно возење на точак без помошни тркала. Првото твое одење со тато на кошарка, во зоолошка градина или на јавање. Во иднина не чекаат многу заеднички моменти, но дотогаш тато мора сам оваа битка да ја донесе до крај. Сам, без ничија помош и затоа оди толку бавно, затоа веќе долго време чекаш на тато, затоа наутро стануваш и ме испраќаш до врата велејќи “Тата немој папа”, а тато мора папа...

Да фајтеру мој, никој нема да дојде со вреќа пари и да рече , еве ви, решете се и бидете среќни. Не, нема. Како што пропуштам уште еден заеднички ден, пропуштив многу и ќе пропуштам уште доста, додека не затворам се што не спречува да бидеме заедно, да бидеме среќни и тато ти се колне дека ќе бидеме повторно заедно, 24 часа дневно, јас ти и мама.

Заслуживме фајтеру, држи се, морам назад на работа, немам сила но морам заради тебе, заради нас...

Твој татичко

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Вие го воспитувате добро, тоа се однесува ...
Вашето дете не сака да ги поздрави соседите во лифт, или ја фрла хартијата од чоколадо на под, а Вие го воспитувавте да...
4
Четири најздрави намирници за децата
Исхраната во детството има долгорочно влијание на развојот на интелигенцијата, некои намирници помагаат кај подобрување ...
4
Мамо, живеј ми уште долго, долго...
Мамо, живеј ми уште долго, долго. Јас не знам како е кога нема да го слушнам твојот глас, не знам како е без твојата куј...
4
Да летам, да полетам!
Да летам, да полетам. И таму, каде што беше невозможно, и таму, каде што беше непознато и таму, каде што беше неверојатн...
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?