|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Се хранат со Вашето време и енергија, Ве малтретираат и уморуваат. Постојат неколку форми на емоционални токсини за кои можете да научите како да ги препознаете и да знаете како ќе влијаат на Вашите емоции

image
/11


 

 

Клучот на успех е во контролирањето пред  да почнат да доминираат со Вашиот живот и Вашето его!

Сите ние сме патници на патот наречен живот. Додека сме на тој пат сретнуваме луѓе кои не доведуваат со емоционален раб. Таквите луѓе се со различен изглед и карактеристики, но најчесто ги нарекуваме емоционални вампири.

Нив не им растат рогчиња, не се претвораат во лилјаци и не пијат крв. Тие можат да ни бидат роднини, пријатели, сопружници, колеги, шефови. На сите нив една работа им е заедничка: се хранат со нашето време, енергија, а понекогаш и со нашите пари.

Интеракцијата  со таквите лица не остава во состојба на потполна енергетска и емоционална изнемоштеност, заедно со многубројните чувства кои можат да се појават по нивното “хранење”: замор, раздразливост, лутина, страв, чувство на пониска вредност, безнадежност, чувство дека сме фатени во стапица. По нивниот напад се чувствуваме дека сме го допреле дното на своето постоење.

Тие можат сериозно да влијаат на нашето емоционално и психичко здравје. Затоа е важно да се научите како да ги идентификувате и како да се справите со нив.

Таквите луѓе се многу често несигурни, дезориентирани, или лесно се навредуваат. Тие се хранат со нашата емоционална енергија бидејќи во својот живот немаат: љубов, внимание, поддршка и разбирање. Под нивната маска на самодоверба се наоѓаат личности со ниско мислење за себе, кои секогаш се сомневаат во себеси  и другите и фокусирани се исклучиво на себе. За да бидете сигурни од такви напади, морате да поставите граници до кои може да Ви се приближи таквата личност и колку ќе и дозволите да се храни со Вас.

 

Еве неколку типови на емоционални вампири кои најчесто ќе ги пронајдете во Вашата околина:

 

Нарцисоиден тип: На таквата личност потребни му се внимание и постојани пофалби, има чувство на исклучителна важност и потполно е фокусирана на себе. Таквата личност знае да биде многу шармантна, но во суштина воопшто  не е заинтересирана за чувстата и потребите на другите луѓе. Кога нарцисоидната личност ќе почне да чувствува дека позицијата му се дрма, или дека работите не му одат од рака, станува ладна и злобна.

Решение: Држете се на емоционална дистанца и не дозволувајте таквиот тип да Ве маѓепса. Немојте со таква личност  да делите ништо од својот приватен живот, бидејќи тие информации нарцисоидната личност порано или подоцна ќе ги употреби против Вас. Не си дозволувајте да станете зависни од мислењето или ставовите на ваквите личности!

Жртва:  Ваквиот тип на личност мисли дека целиот свет е против него и дека секогаш му е потребен некој да го спасува. “Жртвите секогаш сметаат  дека сите ги оспоруваат и дека сите се против нив. Во нивниот репертоар стојат различни стапици за неупатените, самосожалување и ретко се сметаат одговорни за своите дела. Таквата личност секогаш делува  во модусот “кутрата/кутриот јас”, а кога ќе му понудите решение тој ќе каже “Ама тоа не е...” Ваквите личности можат да бидат исклучително заморни со приказните за нивната мизерија и често ги преплавуваат слушателите со негативен набој и ги фрлаат во депресија.

Решение: Не изигрувајте психо-терапевти на овој вид на емоционални вампири. Ако го зголемувате нивното чувство на самосожалување нема да им помогнете ни нив ни себе. Ислушајте го на кратко нивното кукање и насочете го разговорот кон давање решение. Ако тоа не делува изгледајте незаинтересирано. Ако ниту тоа не делува, извинете се со причина и тргнете се од близина на таквата личност.

 

Контролор: Ваквите личности имаат мислење за се и нивниот збор мора да биде последен.  Контролорите сакаат да доминираат над се и сешто сметаат дека се попаметни и поискусни од другите. Обично имаат многу малку чувство што е добро а што лошо, многу ретко се забавни и спонтани.  Често ќе Ве навлечат да разговарате со нив со прашањето: “Што не е во ред?”. Пред да почнете со објаснување контролорот  ќе Ви каже како треба да се однесувате што треба да направите и што е најлошо, како треба да се чувствувате. На крај ќе останете во голема дилема потполно несигурни во самите себе.

Решение: Бидете конструктивни и со висока самодоверба и јасно изнесете ги стојалиштата за Вашите потреби и гледишта. Заблагодарете се на советите и нагласете дека веќе сте нашле решение. Бидете сигурни во себе и нека не Ве загрижува тоа што контролорот нема да се согласи со Вас туку ќе се обиде да Ви наметне свои ставови.

 

Критичар:  Ова е личност која многу лесно ќе пронајде маана во било што и било кој. Таквата личност е исклучително осудувачка, критична и омаловажувачка. Критичарот ги омаловажува луѓето околу себе за да го нахрани своето его. Со таква личност се чувствуваме потполно неадекватни бидејќи секогаш ни буди црв на сомнеж.

Решение: Морате да сфатите дека таквите личности укажуваат на туѓите, па макар и најмали грешки, за да ги прикријат своите сопствени маани и грешки. Не дозволувајте таква личнст да управува  со Вашиот живот и начин на размислување. Заблагодарете им се за она за кое мислите дека е точно или адекватно и јасно дадете им до знаење кога критиките не се во ред. Никако не се соочувајте со таква личност на ист начин, бидејќи со критикување на нивните особини ќе започнете спор од кој тешко дека ќе излезете емоционално и енергетски цели.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Знаци за паразитска инфекција кај децата
Типични паразити се: пантличара, глиста, нематоди и едноклеточни протозои. Симптомите варираат од еден до друг паразит, ...
6
Игри за поттик на интелегенцијата кај децата
Општо познато е дека периодот од раѓањето до седмата година е период на најинтензивен раст и развој на детето, како во ф...
4
Типови интелигенција кај децата
Еве како да се научите да ги препознаете типовите интелигенција кај децата, за да успеете да му помогнете на своето дете...
4
Наставата ќе започне со комбиниран модел
Владата нуди комбиниран модел за старт на учебната година и секаде кадешто се исполнети условите од протоколите коишто в...
4




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?