|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Емоционални уцени на родителите

Редакција Рингераја, 4.11.2014
Драги посесивни родители, станете навистина драги и сфатете дека љубовта е слобода

image
/11


 

Родителите кои ги донесле на свет своите деца, не го направиле тоа како чин на себичност – да имаат некој кој ќе биде со нив, кој ќе ги занемари своите потреби и својот живот ќе го посвети на родителите. Родителите не ги раѓаат децата за себе, туку и за овој свет. Меѓутоа некои  родители, заради своите нерешени проблеми го забораваат тоа и не им дозволуваат на веќе израснатите деца да се осамостојат, а при тоа користат емоционални уцени.

 

Не треба да се ставаат сите јајца во еден кош

Родителите и нивните деца би требало до крајот на својот живот да имаат посебен однос, втемелен на доверба и љубов.

Тоа е однос кој ќе им овозможи и на едните и на другите да ги негуваат и другите односи и да не ги ставаат сите јајца во еден кош. Родителите се имаат еден со друг, роднините и пријателите. Со партнерот доаѓаат и неговите роднини па и тие стануваат наши. Ние имаме пријатели и се запознаваме со пријателите на нашиот партнер и создаваме нови, заеднички пријатели. Тука се и нашите деца кои ги сакаме, но не на тој начин за да ги врземе за себе и откако ќе пораснат и ќе бараат свои пријатели.

 

Одвојувањето почнува уште во градинка

Прво детето го носиме во своето тело, потоа го држиме во раце, па детето почнува да оди самостојно. Почнува да трча и тоа не само со нас туку и со други луѓе. Паметниот и нормален родител не ја кочи социјализацијата  на своето дете бидејќи знае дека детето ќе оди во градинка со други деца, во училиште, па и на разни натпревари, клубови и на факултет. Детето на почеток летува со родителите, а подоцна оди на излет со колегите од училиште. Децата растат и се дружат со врсници и тоа е она што секој родител мора не само да го поддржи туку и да го поттикне.

 

Недостатокот на партнерска љубов води во посесивност

Некои родители имаат потешкотии со себе или со партнерот. Им се чини дека немаат доволно љубов во партнерскиот однос, па се врзуваат за детето. Не само што се врзуваат туку и посесивно инсистираат детето да биде со нив. Го крадат времето на детето за дружење со пријателите и детето го прават осамено. Дали тие родители се прашуваат како нивното дете ќе се снајде во овој свет без пријатели, кога неговите родители веќе нема да бидат тука?  Понекогаш тоа е вистинска борба, детето сака надвор, а родителите со лутина или плач – емоционално го врзуваат за себе.

Драги посесивни родители кои не сте сфатиле дека тоа што му го давате на детето не е љубов, туку затвор. Драги посесивни родители станете навистина драги и нормални и сфатете дека љубовта е слобода. И бидете горди на своите деца, кои сакаат да бидат слободни. Само такви деца ќе ве сакаат и почитуваат и понатаму, а со вас ќе имаат и свои пријатели и своја љубов. Можеби ќе ви донесат и внуци еден убав ден, ако не бидат постојано до вас, да гледаат телевизија.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Јазикот зборува за здравјето
Дали имате навика додека ги миете забите во огледалото да го погледнете јазикот? Тоа е многу едноставен, но и корисен на...
6
На која возраст детето треба да ги именува...
Едно од најчестите прашања кои ги добивам од родителите е, кога е вистинското време за нивното дете да ги научи да ги ра...
4
16 работи кои не треба да ги кажуваме на д...
Некои од фразите - позитивни или повеќе негативни, кои ги користите во воспитувањето на своите деца, можат да имаат долг...
3
Кои родителски совети им штетат на децата?
Секогаш добро размислете што му велите на своите деца и не дозволувајте да правите компромиси со тоа. Држете се до висти...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?