|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Екскурзија-колку е значајна за развојот на децата?

Редакција Рингераја, 30.1.2019
Сирото е она дете кое пораснало без да скине барем еден полски цвет, кое не играло слободно на зелената трева. Tоа нема никогаш да се развива и напредува со толкава свежина и осетливост како што е способна природата да влијае на човековата душа
Клучни зборови:

image
/11


Една од позначајните форми на воспитно-образовна дејност кои придонесуваат за остварување на воспитно образовните цели и задачи е екскурзијата. Природните услови даваат најдобри можности за разбирање и сфаќање на природните и општествените појави. Работата надвор од училиницата за учениците е интересна. Учениците се во непосреден контакт со предметите, појавите и состојбите во природата и општеството, па посебно мотивирани за работа во такви услови. Сето ова го овозможува екскурзијата. Поимот екскурзија (лат. excursio - истрчување) означува кратко или подолго патување со научна, културна, спортска или забавна цел со задача учениците од непосредната стварност да ги запознаат предметите и појавите кои ги проучуваат во училиштето. Екскурзијата најчесто се определува како „посебна организациона форма на воспитно-образовната дејност преку која се остварува директен контакт на учениците со објектите, појавите и процесите во нивната оригиналност и во нивната автентична средина“  или како ,,своевиден облик на настава која се реализира надвор од училишниот простор заради непосредно проучување на оние наставни содржини што не можат да се демонстрираат и успешно да се толкуват во училницата. Се одликува со мошне сложена организација" .

 

Во наставата по природа и општество, екскурзија се нарекува наставата надвор од училиштето, во училишниот двор, парк, шума, работилница, фабрика, установа, музеј, секаде онаму каде што учениците ги осознаваат наставните содржини од непосредната стварност. Во врска со ваквиот начин на поучување, педагозите, практичарите, методичарите и наставниците употребуваат најразлични називи. Некои го употребуваат називот метод на работа, други облик на работа, третти како настава надвор од училницата во која се употребуваат различни методи и облици на работа. Се употребуваат и термините: прошетка, излет, посета, пешачење, наставна екскурзија, теренска настава, настава надвор од училницата и сл. Меѓутоа сите се согласуваат дека целокупната настава која се одвива надвор од училницата можеме да ја наречеме вонучилничка без оглед на времето местото и траењето. Во таа смисла се разликуваат неколку термини:

 

Посета - се однесува на настава во непосредната околина на училиштето каде се обработува една наставна единица во траење од неколку минути, еден или два наставни часа. Техничката и методичката подготовка за посетата е слична на подготовката за настава во училница или во школската градина.

 

Излет - се нарекува полудневното излегување надвор од училишниот простор заради запознавање на содржината на една или повеќе наставни единици. Подготовката на излетите е технички и методички посложена од подготовката на посетите затоа што покрај мотивациската и сознајната страна содржи и рекреативен дел.

 

Школа во природа - се применува за учениците од едно одделение надвор од местото на живеење во траење од една до две недели. Екскурзијата има огромна важност зашто предметот на сознанието се наоѓа во својата природн околина, местото на производство. Екскурзијата како облик на наставна работа поседува повеќе квалитети како:

 

- придонесува за развој на учениковите организациони способности, самостојност, одговорност;

- придонесува за стекнување на квалитетни и трајни знаења;

- придонесува за социјализација на личноста. Видови насtавни екскурзии Се разликуваат повеќе видови на наставни екскурзии.

 

При нивната поделба се поаѓа од повеќе критериуми. Најчесто се делат според:

- местото на изведба - па се разликуваат екскурзии во : природа, парк, градина, селско стопанство, фабрика, институција, музеј, изложба;

- содржината: билошка, зоолошка, ботаничка, еколошка, географска, историска, мешовита и сл; ? траењето: едночасовна, двочасовна, полудневна, дневна, повеќедневна;

- методичката намена: воведна, истражувачка, илустративна, мешовита; ? логичкиот пат на сознанието: аналитичка, синтетичка, аналитичко-синтетичка, описна, развојна, компаративна;

- бројот на ученици: цело одделение, збир на ученици, пооделни ученици; Најчесто се изведуваат мешовити екскурзии на кои се стекнуваат нови знаења, се запознава новото градиво, а се донесува и материјал за проучување. Основно правило е при изведбата на екскурзијата, предметите, нивната суштина и појавите кои се набљудуваат да се доведат во врска со околината во која живеат. Со материјалите донесени од екскурзијата се пополнува училишната збирка од непосредната околина.

 

Предности и слабости на екскурзијата

 

Предности:

 

- поедини содржини се обработуваат во природни услови;

- наставата се поврзува со стварноста;

- се внесуваат промени во начинот на изведба на наставата;

- се развива интересот на учениците за проучување на живата природа;

- поволно влијае на развојот на самостојното набљудување и придонесува за активност на ученикот за проучување на непосредната околина;

- се интензивираат интелектуалните и емотивни доживувања на ученикот;

- наставниците имаат можност подобро да ги запознаат учениците;

- учениците го поврзуваат знаењето со природата и животот воопшто;

 

Слабости:

- често наставните екскурзии условуваат многу време, понекогаш и губење на време и го оневозможуват остварувањето на задачите на наставата и програмата воопшто;

- екскурзијата се оправдува само кога со помош на останатите извори не можат да се остварат планираните задачи; - не може да се изведува во секој период од денот или годината;

- големиот број ученици може да ја отежне работата на наставникот; - за екскурзијата наставниците трошат многу од нивното време;

- бара издвојување на повеќе финансиски средства. Сите истражувања покажуваат дека со правилно и внимателно подготвена, организирана и изведена екскурзија, со користење на непосредно стекнатото искуство надвор од училницата, учениците стекнуваат знаења со повисок квалитет и трајност. Оттаму и барањата за нивна сè почеста примена во сите наставни подрачја а посебно во наставата по природа и општество.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Боенка - Пепелашка
Обојте ја Пепелашка
4
Мравка и гулаб
Детско катче
3
Чичко чевлар
Чевли сме ние две, сегде сложно одиме...
3
Грб на Македонија
Национални обележја
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?