|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Еј, мамичке! Сакам да ти кажам нешто

Редакција Рингераја, 4.2.2019
Гримасите кои бебињата ги прават со лицето не се само симпатични – тие се обидуваат да комуницираат на тој начин. Еве што ни говорат различните изрази на нивните лица...

image
/11


На секој родител му се случило ова: Бебето во Вашите раце плаче, а Вие посакувате точно да Ви каже што чувствува и што сака. Но што ако бебето се труди да Ви каже нешто,, а Вие едноставно не разбирате?

Во една нова книга се тврди дека секое бебе користи сигнали со кои комуницира. Таму јасно е опишано како треба да се толкува секој кикот, плач или израз на лицето. Психотерапевтот и експерт за толкување на јазикот на телото, Vivien Sabel тврди дека секој израз кој новороденчето го прави може да се протолкува, па родителите може да знаат дали е гладно, среќно, вознемирено, исплашено, сака да си игра или само му е потребно гушнување.

 

1

Ова бебе почнува да размислува за храна – неговиот јазик е надвор и во центарот на усните, што значи дека размислува дали да јаде или не.

 

2

Ова бебе е подготвено за хранење. Неговиот поглед е фиксиран на неговата мајка.

 

Сите симпатични форми кои бебето ги прави со устата и јазикот , очите усните и веѓите имаат свое значење. Тоа е нивниот начин да ни кажат што им е потребно.

Авторката на книгата Вивиен во текот на шесте години од своето истражување,, вклучувајќи ја и сопствената ќерка Blossom  по која е именувана и книгата, таа разви три принципи: набљудување на изразот на лицето на бебето, имитирање на неговиот израз на лицето (за да му кажете дека сте го разбрале) и одговарање на неговите барања.

Иако нејзините идеи можеби звучат малку чудно, можеби има нешто зад нив.

Многу експерти кои се занимаваат со развојните фази кај бебето велат дека бебињата почнуваат да комуницираат долго пред да го изговорат својот прв збор, што обично почнува од седум месеци.

Клер Болтон од National Literacy Trust, вели дека бебињата се подготвени да комуницираат со самото раѓање. Ќе Ве воодушеви колку брзо ќе почнат да ги комбинираат движењата, изразот на лицето и звуците за да се обидат да комуницираат.

Вивиен Сабел, авторката на книгата вели дека нејзините сопствени невербални комуникациски вештини биле развиен уште во раното детство. Нејзината мајка е родена глува, па дури и како дете Вивиен морала да ги чита суптилните варијации во нејзиниот говор на телото и изразот на лицето.

 

3

Млеко СЕГА! Устата му е отворена, неговите раце се блиску до усните, неговиот јазик е издаден, што значи дека бебето е навистина гладно.

 

4

Нишкање за заспивање – Бебето сака да спие, но потребно му е нишкање. Тоа можете да го видите од неговите стокмени усни и од тежината на неговите очни капаци.

 

Вивиен продолжува да раскажува дека можела само од нивото на сјај во очите на мајка си  од начинот на кој и биле усните поставени, или во која положба и биле рамената да каже дали таа е среќна тана, лута, гладна или возбудена. “Научив да го препознавам говоррот на нејзиното тело малку подалеку од она што би го научиле децата на родителите со оштетен слух, бидејќи многу време посветив на тоа.”

Иако секој може да ги прочита емоциите на туѓите лица, или јазикот на телото до различен степен – Вивиен вели дека не само што целосно морала да ги разбира овие знаци, туку и во целост морала да комуницира преку нив. “Преку браздата на нејзиното чело, малите форми на говор на нејзината уста се обидував да разберам што и треба.”

 

5

На штрек. Широкиот поглед во очите на бебето ни кажува дека тоа е изненадено. Мајката треба да го имитира овој израз за бебето да почувствува дека некој го чувствува истото.

 

6

Нова пелена! Во неговиот израз на лицето се гледа дека чувствува нелагодност.

 

Не Ви е потребна диплома за да ги прочитате овие знаци, само желба да научите да читате од изразот на лицето на бебето.

 

7

Задоволно. Овој израз на лицето, неговите очи  и меката позиција на неговите усни укажуваат дека бебето е задоволно.

 

8

Му се игра. Неговата свежа насмевка и сјајот во очите укажуваат дека е чисто, сито, целосно одморено и подготвено за забава со својата мајка.

 

Скептиците велат дека Вивиен наведува очигледни факти, кои мајките веќе знаат да ги читаат на лицата на своите деца. Но Вивиен инсистира на тоа дека многу мајки ќе имаат со своите  бебиња добра комуникација ако едноставно ги набљудуваат нивните лица и возвраќаат со истиот фацијален израз.

“Тоа е сосема анимален начин на комуникација ж ниту животните не можат да разговараат со своите бебиња во вербална смисла, но може да прочитаат од нивните лица што сакаат.”

Мајка сум и постојано сум анксиозна
Што ако детето ми падне, што ако се задави, што ако му го скршат срцето...?
16
Зошто бебињата плачат навечер?
Американските научници тврдат дека постои биолошка причина поради која децата плачат навечер, а не се гладни
14
4 глупави мисли кои ја мачат секоја мајка
Дали по вина на хормоните по раѓањето, или не, постои инвазија некои специфични мисли во умот на секој родител. Следниот...
12
Фото: Моето тело по породување
Јас сум мајка, преуморна, скршена, исцрпена. Имам нерамнини и лузни на стомакот. Мајка сум на два сина. Работам и во едн...
10


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:



Анкета

Ime
ema 3

Koe ime e poubavo?

Darijan (34%)

Teodor (39%)

Niedno od navedenite (27%)


Број на сите гласови: 188

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!