|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Ехинацеа - моќен антибиотик подарен од природата

www.doktori.mk, 24.4.2014
Ехинацеа е билка која нуди нова надеж на лицата кои имаат проблеми со чести инфекции, пад на имунитетот и имаат резистенција кон голем број антибиотици

image
/11


 

Луѓето кои се занимаваат со народна медицина, за ехинацеата имаат само убави зборови. Тие велат дека таа е моќна билка чие дејство не може да се спореди со ниедна друга билка. Таа е моќен природен антибиотик, чистач на лимфата и голем подржувач на имунитетот. Ехинацеата потекнува од Северна Америка и има многу типови од кои : Echinacea purpurea, Echinacea angustifolia и Echinacea pallida, покажале најдобро делување врз човековиот организам.

 

Ехинацеата содржи многу лековити компоненти кои кога би ги набројувале би направиле навистина голема листа. Многу од тие соединенија се ретки и ретко се наоѓаат во другите билки. Освен лековитите соединенија, ехинацеата е богата со многу етерични масла, кои козметичката и фармацевтската индустрија ги користи за изготвување на многу препарати кои се делотворни за човековата кожата и целиот организам. Научниците велат дека овие масла покажале одличен ефект и во борба против клетките на разни видови тумори. Оваа билка се користи од корен до цвет, од неа можат да се прават чаеви, тинктури, таблети и многу други лековити препарати, но научниците советуваат пред да се користи ехинацеата да се посоветувате со вашиот доктор или фармацевт бидејќи таа може да предизвика и несакани ефекти.

 

Колку ехинацеата е моќен антибиотик и антисептик покажува и фактот што нејзиното лековито дејство било познато уште на старите индијански племиња, кои од ова растение правеле екстракт кој го користеле против змиски каснувања или каснувања од други опасни и отровни животни. Главното дејство на ехинацеата е јакнење на имунитетот, и решавање на скоро сите типови на воспаленија, ехинацеата е без сомневање еден од најмоќните природни антисептици.

 

Ехинацеата е добра при чести инфекции на грло, афти, инфекции на препони, кожни реакции предизвикани од бактерии, при состојба на пад на имунитетот, грип и други слични состојби. Сепак мораме да нагласиме дека ехинацеата е лек кој не треба да се користи повеќе од неколку недели, таа е за краткотрајна и брза терапија, не за постојана употреба.


Кој НЕ смее да ја користи ехинацеата?

  • Луѓе заболени од автоимуни заболувања
  • Лупус
  • Ревматоиден артрит
  • СИДА
  • Мултипла склероза
  • Вродени колагенози
  • Деца помлади од двaнаесет години
  • Бремени жени
  • Доилки
  • Луѓе кои се на имуносупресивна терапија
  • Луѓе кои примаат бета блокатори
  • Луѓе кои земаат антидепресиви и сл.

 

Чај од ехинацеа

За да го подготвите чајот потребно е 30 до 50 грама исецкан корен од оваа билка. Потопете го исецканиот корен во еден литар топла вода и оставете да отстои десет минути. Пијте 3 до 5 мали шољи секој ден додека да се ослободите од заболувањето.

 

Важно!

  • Известете го лекарот дека планирате да започнете терапија со ехинацеа
  • Побарајте негово мислење во врска со интеракцијата на ехинацеата со лекарствата
  • Не употребувајте ехинацеа ако сте здрави и немате проблеми
  • Не ја прекинувајте терапијата дадена од лекар додека употребувате ехинцеа
  • Секогаш консултирајте се со вашиот фармацевт дали лекот кој ви го издава е еден од групата горе наброени и дали има интеракција со ехинацеата
  • Ехинацеата е растение кое има голема моќ врз имунитетот заетоа никако не го препорачувајте на луѓе со автоимуни заболувања

 

doktori.mk.logo

 

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Како навистина изгледа бебето по породување?
5 работи кои ќе ја изненадат секоја мама, од „чудните“ форми на главата до бојата на косата и кожата. Еве како навистина...
4
Има ли Вашето бебе теменица?
Теменица (себороичен дерматитис кај бебињата, познат под називот „crusta lutea“, млечна краста, pytiriasis capitis), пре...
3
Децата во зима да се бањаат еднаш на три д...
Децата не треба да се бањаат секој ден, посебно не во зима, доволно е еднаш на три дена. Потребно е секојдневно одржувањ...
3
Привикнување на нокшир за момчиња - 5 чекори
Времето брзо помина и вашето малечко веќе не е бебе. Дојде време кога размислувате дали да започнете да го привикнувате...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?