|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

ецко: Мојата породилна приказна

Редакција Рингераја, 14.1.2013
Моментот кога јас се претворив во “ние”

image
/11


 

 

Моментот кој го очекувате цели девет месеци, а едвај чекате да помине. Моментот за кој живеете и мечтаете цел живот, а кога ќе дојде - умирате од страв. Единствениот момент во кој сите болки, солзи, стравови и трепети ви ја носат најголемата среќа во животот.

ВАШИОТ момент на породување!

 

Детали

Ник: ецко

Датум на породување: 07.09.2012година

Тип на породување: царски рез

Болница: Систина

 

 

Милион километри до моето јуначе ! ! !

Кој вели дека бројот 6 носи несрека? Сега ќе ви го докажам спротивното.

Нашата врска траеше шест години и потоа настапи брак. После шест години брак се роди моето јуначе! Така го нарекувам бидејќи уште во утробата ги насети тешкотиите на животот.
Се започна после 2-3 години брак кога сериозно сфативме дека имаме некој проблем и затоа не можеме да имаме деца. Требаше да се договориме што понатаму, дали ке одиме на прегледи и понатаму до крај во клиничкиот центар и јас ке ја напуштам работата, бидејќи работам таква работа која не трпи отсуствување, или ќе ја давам платата во една од приватните клиники. Започна нашата голгота, започнаа прегледи, боцкања испитувања на кои им немаше крај. И .......... резултатот секогаш ист, се е во ред нема никаков проблем тие зборови ги слушав две години се додека не решив да појдам кај др.Лазаревски. Но тешко се стигнува до него, чекав три месеци ред. Му ги приложив сите резултати и од мене и од сопругот меѓу кои имаше и две неуспешни инсеминации. Се зачуди како е се тоа правено без ХСГ снимање? Меѓу другото ми кажа дека имам хипопластична материца и во форма на буквата Т меѓутоа тоа не е проблем за забременување. Го извршив снимањето и после една недела требаше да одам на консултација за да се договориме што понатаму. Прв чекор требаше да биде операција на материцата за да се направи устие. Чекањето ми ги заврти мислите на друга страна, па не забележав дека месечниот циклус ми доцни. Сонував многу убав сон, кој ме дигна од кревет да пребројам кој датум сме  и дека веке три дена ми доцни. Тоа никогаш не се случило, имав редовен циклус на 28 дена  Ме обзеде чудно чувство, знаев дека нешто се случува. Не можев да дочекам да се раздени да купам тест за бременост на кој не можев да верувам дека ги видов двете цртички. Отидов во лабораторија да проверам преку крвна слика која е најверодостојна. Се уште не верував, почнав мојата радост да ја споделувам со сите па затоа решив и со Вас почитувани можеби ке помогне некому. Хипопластичноста на матката ја решаваме со хормони. Се појавија и три тумори кои во бременоста се хранат и растат многу брзо.Направивме серклаж за да го задржиме плодот бидејќи тие го истиснаа во грлото. Се ќе истрпи мамичка само да го гушнам тоа мало суштество. Бебушко растеше ли растеше и му дојде тесно па реши да не израдува порано. Се роди во 34 гестациска недела, за среќа се беше во ред па немаше потреба од инкубатор. Прегратки, бакнежи солзи ............. неизмерни не издржа храбрата мајка на тоа мало џуџенце. Се роди моето јуначе Андреј 2680гр. 49см во 13:45 на 07.09.2012. Бидејки беше многу мал, не знаеше да цица немаше инстикт воопшто не напредуваше, одеше надолу со тежината, но после два месеци се се среди. Сега е голем батко има 4месеци и 5дена достигна скоро 9кг. гуга се смее гласно и вика МОМ а јас се топам пред него.
  Нема ништо поубаво од тоа мило бело насмеано лиценце и гласче што се смее. Ова мало човече ме натера повторно да го сакам животот и секое утро да се будам со ново исчекување на неговата мила и топла насмевка. Сега целиот мој свет се врти околу него безусловно.
 Поздрав до сите идни мамички им држиме срека јас и моето јуначе да имаме уште многу другарчиња опсипани со љубов и нежност.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Што боли најмногу за време на бременоста?
Бременоста е период од животот на жената, во кој телото доживува најмногу болки
4
9 засрамувачки симптоми на бременоста
Еве неколку од нормалните симптоми на бременоста кои ги засрамуваат трудниците:
4
Топ 9 храни кои содржат фолна киселина за ...
Недостатокот на фолна киселина е еден од најчестите недостатоци на витамини.Фолатот (витамин Б9) е особено важен за врем...
3
Зошто магнезиумот е важен во бременоста?
Магнезиумот е минерал од витално значење во текот на нашите животи. Особено е важен за жените кои очекуваат бебе. Магнез...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?